ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 4-6
  • Зошто да штедиме наместо да трошиме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да штедиме наместо да трошиме?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Три древни мудри изреки
  • Како можеш да заштедиш
  • Како да излезеш од долгови
  • Оправдан долг
  • Како паметно да ги трошам парите?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Како да се контролирам кога трошам?
    Разбудете се! 2006
  • Мудро ракувај со парите
    Разбудете се! 2009
  • Како да водите сметка за парите
    Твоето семејство може да биде среќно
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 4-6

Зошто да штедиме наместо да трошиме?

„ДОСАДНО е да штедиш“, велат мнозина. „Многу поинтересно е да купуваш облека, електронски уреди и слично.“

Без разлика дали и тебе те погодил падот во светската економија или не, може да ти биде од корист ако разгледаш на кои начини можеш да штедиш и мудро да ги трошиш парите. Да ги видиме советите од еден сигурен извор што низ вековите им помогнале на милиони луѓе да излезат на крај со финансиските проблеми.

Три древни мудри изреки

Во една од своите споредби, Исус од Назарет изнел едно важно начело во врска со финансиите. Во споредбата, господарот му рекол на својот слуга: „Требаше да ги вложиш моите сребрени пари кај банкарите, и јас, по враќањето, ќе го добиев своето со камата“ (Матеј 25:27). Она што Исус го кажал тогаш е особено важно за нас денес. Да видиме зошто.

До скоро, во некои земји, за десет години можеше да се заработи камата поголема од првобитниот влог. Иако денес нема многу банки што нудат такви привлечни каматни стапки, а каматната добивка не е секогаш толку висока колку што очекуваат оние што вложуваат, мудро е да се има заштеда за непредвидени трошоци.

И Библијата го истакнува тоа: „Мудроста е заштита, а и парите се заштита“ (Проповедник 7:12). Но, парите не можат да те заштитат ако немаш ништо заштедено! „Секој од вас“, вели Библијата, „нека става настрана и нека собира колку што може“ (1. Коринќаните 16:2).

Како можеш да заштедиш

Прво, пред да купиш некој скап производ, размисли дали навистина ти е потребен.

Второ, ако ти треба некој производ, види дали можеш да го купиш на распродажба или да го најдеш на старо, но во добра состојба. На Еспен и Јана, родители што живеат во Норвешка, им требала количка за нивното синче, Даниел. Купиле на старо речиси нова, но за половина цена. „Кога повеќе нема да му треба на Даниел“, вели Еспен, „сигурен сум дека ќе можеме да ја продадеме за добра цена.“ Но, тој дава и едно предупредување: „Барањето ниски цени може да одземе многу време“.a

Трето, не избрзувај, отспиј, зашто, како што се вели, утрото е поумно од вечерта. Ако и после тоа сметаш дека нешто ти е неопходно, можеби е добро да провериш дали има нешто слично на попуст или во продавница со користена стока. Исто така, обично можеш да заштедиш пари ако не гледаш да купуваш само познати марки. Освен тоа, наместо за децата да купуваш облека по најнова мода, би можел да земеш облека од пријателите што имаат поголеми деца.

Слично на тоа, мајките со мали бебиња би можеле да користат платнени пелени што можат да се перат. Авторката Дениз Чемберс пишува: „За 2 години, за еднократни пелени ќе треба да одвоите околу 2.000 долари или повеќе. За истиот тој период, за платнени пелени... ќе дадете 300-500 долари“. Понатаму вели: „Денешните платнени пелени се многу полесни за користење, а се и поеколошки!“ (Budgeting—Personal Spending and Money Management a Key to Weathering the Storm).

Четврто, имај на ум дека обично е поевтино да ја купиш храната и да ја приготвиш дома отколку да јадеш во ресторан. Ако имаш деца на школска возраст, би можел да ги научиш да си носат сендвичи од дома наместо да им даваш пари за да купуваат храна. А наместо да купувате скапи пијалаци, пијте вода — тоа е многу поздраво, а и поевтино.

Не така одамна семејствата си имаа бавчи во кои одгледуваа овошје и зеленчук. Зошто не пробаш и ти да одгледуваш нешто? Мнозина, вклучувајќи ги и оние што живеат во стан или мала куќа, имаат дел што можат да го користат како бавча. Ќе се зачудиш колку многу храна може да добиеш од само малку почва!

Размисли и за ова: Ако мораш да имаш мобилен телефон, би можел ли да го користиш само во итни случаи и да користиш само припејд услуга? Или ако имаш машина за сушење алишта, би можел ли да ја користиш само за одредена облека? Би можел некои, а понекогаш и сите алишта да ги спростреш на жица. Исто така, би можел помалку да ги користиш клима уредот и греењето. Пред да ги вклучиш таквите уреди, прашај се: ‚Дали времето навистина е толку лошо?‘ Би можел да поразговараш и со други за да видиш како тие контролираат колку струја трошат.

Помага и да си отвориш штедна сметка. Во врска со тоа, Хилтон, волонтер од Јужноафриканската Република, вели: „Паметно е да не чуваш сѐ што имаш на едно место. Понекогаш банките и финансиските институции пропаѓаат. Сме го виделе тоа“. Затоа, мудро е да избереш банка во која твојот штеден влог е загарантиран од страна на владата во случај банката да пропадне.

Како да излезеш од долгови

Прво, труди се да плаќаш повеќе од минималната месечна сума на секоја кредитна картичка или на кој и да било друг долг.

Второ, гледај најнапред да го исплатиш долгот за кој плаќаш највисока камата.

Трето, научи да трошиш помалку. Ова е особено важно.

Дали некогаш си бил измамен од привлечните реклами? Дени, семеен човек од Шведска, признава дека бил. Имал добар бизнис, но морал да го продаде за да го исплати долгот на кредитната картичка. Си ја научил лекцијата и сега води сметка што прави со своите пари. Тој го дава следниов совет: „Чувај се од лакомост. Научи да си ги пружаш нозете колку што ти е чергата и биди задоволен со толку“.

Оправдан долг

Мал број луѓе се во можност да ја исплатат целата сума за куќа или стан. Затоа, мнозина земаат кредит од банка за да купат куќа. Месечната рата што ја отплаќаат на банката за тој заем може да се смета како да плаќаат кирија за куќата. Но, кога во дадениот рок ќе ја исплатат куќата, таа станува нивна сопственост!

Мнозина сметаат дека е од помош ако земат заем за да купат возило со мала потрошувачка. Ако го исплатат заемот колку што можат побрзо, автомобилот станува вреден посед, облик на заштедени пари.b Некои сметаат дека е подобро да купиш на старо автомобил што е во добра состојба и има поминато релативно мала километража. Други штедат пари со тоа што користат јавен превоз или возат велосипед.

Во секој случај, биди скромен и реалистичен во поглед на тоа што купуваш и добро размисли пред да донесеш некоја одлука. Претераното трошење може да прејде во зависност и да доведе до многу проблеми. Затоа, троши мудро и претпазливо и така ќе можеш да уживаш во трајна среќа.

Освен тоа, за да штедиш и да бидеш среќен, мора да знаеш како да управуваш со своите пари. Таа тема ќе ја разгледаме во следната статија.

[Фусноти]

a За да бидеш сигурен дека не купуваш украдени производи, најдобро е да земеш сметка со името и адресата на продавачот.

b Имај на ум дека, ако го изгубиш приходот и не си во состојба да ги отплаќаш ратите, може да ја изгубиш куќата или автомобилот и сите пари што си ги уплатил дотогаш.

[Слики на страница 5]

КАКО ДА ЗАШТЕДИШ

Купувај на распродажба

Купувај облека на старо или по фабрички цени

Научи ги децата сами да си подготвуваат оброци

[Слика на страница 6]

Намали ги трошоците за храна така што ќе си насадиш бавча. Заштеди и така што ќе ги сушиш алиштата надвор

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели