Младите прашуваат
Може ли проучувањето на Библијата да биде интересно?
Зошто воопшто да ја проучуваш Библијата? Помисли на следниве работи:
Библијата може да ти помогне да најдеш богатство. Овој бестселер може...
● да ти помогне да се подготвиш за најдобриот можен начин на живот
● да ти каже работи за иднината — и за минатото — што не би можел да ги најдеш на ниедно друго место
● да ти помогне да се запознаеш себеси и да станеш подобра личностa
ЗА ПРОУЧУВАЊЕ на Библијата треба да се вложи напор, но трудот се исплаќа! Сакаш да знаеш како некои млади го прават тоа? Исечи ја и превиткај ја следната страница. Така ќе добиеш практичен водич од четири страници кој ќе ти помогне да видиш како твоите врсници се снаоѓаат со пречките и што прават за проучувањето на Библијата да им биде интересно.
„Во Библијата може да се најде по нешто за секого. Таа е неисцрпен извор на теми за проучување!“ (Весна)b
Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.jw.org
[Фусноти]
a За да дознаеш повеќе за тоа како Библијата може да ти помогне во врска со овие работи, слободно обрати им се на Јеховините сведоци во твоето место или пиши на соодветната адреса на 5. страница од ова списание.
b Некои имиња во оваа статија се сменети.
[Рамка/слики на страници 19 и 20]
КАКО ДА ПРОУЧУВАШ
Проблем: НЕМАШ МОТИВАЦИЈА
„Понекогаш, ми се стемнува од самата помисла дека треба цел час да седам и да проучувам“ (Лидија).
Што ќе ти помогне: ПОТТИК
За да уживаш во проучувањето на Библијата, прво треба да се прашаш: ‚Како ќе ми користи тоа?‘ Дали би сакал да бидеш пријател со Бог? Подобро да ги разбереш светските настани? Да станеш подобра личност? Библијата може да ти помогне во тоа — и во многу други работи!
„Немој да гледаш на проучувањето како на работна обврска или како на училишна задача. Сметај го за можност да станеш поблизок со најдобриот Пријател што можеш да го имаш — Јехова Бог“ (Бојана).
„Кога проучуваш, ти всушност, поминуваш време насамо со Јехова Бог. Ако поминуваш време со некој само кога и твоите родители се тука, дали тоа лице е твој или нивни пријател? Ако одвоиш време да проучуваш сам, Јехова може да стане твој пријател“ (Билјана).
Запамти: „Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено. Сѐ што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме“ (2. Тимотеј 3:16, Радосна Вест). Библијата може да ти помогне и во овие работи.
„Се трудам да мислам на користа. Ако треба да поправам нешто кај себе, проучувањето ми помага да видам како да го постигнам тоа“ (Марко).
Размисли:
Што може тебе да ти биде поттик да ја проучуваш Библијата?
Проблем: ДОСАДНО ТИ Е
„Кога проучувам, по 10 минути веќе почнува да ме фаќа саклет, по 20 ми се прави нешто друго, а по 30 умирам од досада!“ (Ана).
Што ќе ти помогне: КРЕАТИВНОСТ
Употреби малку фантазија во врска со тоа што, како и каде ќе проучуваш.
„Кога сакаш да дознаеш нешто за некоја тема, истражувај. Така, на крајот ќе се чувствуваш исполнет, па дури и радосен“ (Ричард).
„Додека читаш за некој настан, внеси се во приказната. Замисли си дека си главниот лик или некој набљудувач. Пробај да си го оживееш настанот“ (Стивен).
„Направи си пријатна атмосфера. На пример, седни си во дворот со чаша лимонада. Јас лично сакам да грицкам нешто додека проучувам. А кој нејќе?“ (Александра).
Запамти: Дали нешто ќе ни биде досадно најчесто зависи од нас, од нашиот став. Па затоа, наместо да велиш „проучувањето е досадно“, кажи „мене ми е досадно“. Ти си одговорен како ќе гледаш на проучувањето. Така ќе имаш на ум дека тоа е во твои раце и дека на тебе останува да направиш нешто (Изреки 2:10, 11).
„Проучувањето не мора да биде досадно. Тоа зависи од тебе“ (Ванеса).
Размисли:
Како можеш ти да бидеш креативен кога проучуваш?
Проблем: НЕМАШ ВРЕМЕ
„Би сакала повеќе да ја проучувам Библијата. Но, поради многуте други обврски најголем проблем ми е да најдам време за да седнам и да проучувам!“ (Марија).
Што ќе ти помогне: ПРИОРИТЕТИ
Дел од созревањето е да научиш ‚да процениш што е најважно‘ (Филипјаните 1:10).
„Мајка ми ми помогна да сфатам дека никогаш нема да имам вишок време. Морам сама да си најдам време. Кога развив желба да проучувам, најдов и време за тоа“ (Наташа).
„Како што растев, увидов дека морам да имам одредено време за проучување. Сега си се држам за тоа време, и ништо друго не ме интересира“ (Јоланда).
„Ако проучувањето го ставиш пред разонодата, уште повеќе ќе уживаш во него — гарант! И плус ќе имаш мирна совест“ (Дијана).
Запамти: Ако немаш приоритети, нема веќе ти да бидеш господар на твоето време, туку тоа ќе ти биде господар тебе. Многу е подобро да преземеш иницијатива и да си најдеш време за проучување (Ефешаните 5:15, 16).
„Како средношколец, времето може лесно да ми летне на други работи. Затоа, најважно ми е свесно да одвојам време за да ја проучувам Библијата“ (Џордан).
Размисли:
Кога ти би можел да проучуваш?
[Рамка/слики на страница 19]
ПРЕДЛОЗИ
Закари — Немој да проучуваш нешто само затоа што твоите родители или некој друг проучува за тоа. Можеш да кажеш дека лично ја проучуваш Библијата кога проучуваш нешто што тебе те интересира.
Кејли — Почни со малку — макар и пет минути, ама проучувај секој ден. Потоа, постепено зголемувај на 10 минути, па на 15... Ќе видиш, така ќе почнеш да уживаш во проучувањето!
Даниела — Ситниците се многу важни. Имај си ги при рака омилената тетратка и моливи и пенкала или направи си во компјутерот папка ‚Лично проучување‘.
Џордан — Кога избирам тема што ми е интересна, можам да проучувам подолго. Исто така, ми треба мир. Не можам да проучувам ако има многу врева наоколу.
[Графикон на страница 18]
(Види во публикацијата)
Исечи
Превиткај