ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Ноември стр. 31
  • Како редовно да проучуваш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како редовно да проучуваш
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Сличен материјал
  • Може ли проучувањето на Библијата да биде интересно?
    Разбудете се! 2012
  • Семеен распоред за проучување со семејството
    Нашата служба за Царството 2005
  • Не дозволувај да те спречи тоа што си прилично зафатен
    Нашата служба за Царството 2012
  • Библиски курс за секого
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Ноември стр. 31
Една сестра користи лаптоп, Библија и тетратка во текот на личното проучување. Таа ја користи картата „Светските сили што се проречени во книгата на пророкот Даниел“ од брошурката „Да ја истражуваме Божјата Реч“.

Како редовно да проучуваш

ДАЛИ ти е тешко редовно да ја проучуваш Библијата и да уживаш во проучувањето? Веројатно понекогаш тоа е предизвик за секого од нас. Но, размисли за други работи што редовно ги правиме, како на пример капењето. За тоа е потребно време и труд, но колку освежено се чувствуваме потоа! И проучувањето на Библијата може да биде како освежувачко „капење во вода, во речта Божја“ (Еф. 5:26). Еве некои корисни предлози:

  • Направи си распоред. Проучувањето на Библијата е една од поважните работи кои не смееме да ги занемариме (Фил. 1:10). За да се држиш за распоредот што си го направил, зошто не го ставиш на некое видно место, како на пример на фрижидерот? Или би можел да си ставиш аларм на телефонот за да те потсети кога да проучуваш.

  • Одлучи што најдобро функционира за тебе. Дали можеш да задржиш концентрација подолг период или ти е полесно да проучуваш во текот на неколку пократки периоди? Ти најдобро знаеш што функционира за тебе. Затоа, направи си план за проучување имајќи го ова на ум. Ако немаш желба да проучуваш кога ќе дојде времето што си го одредил, зошто не пробаш да проучуваш само десет минути? Дури и ако проучуваш толку кратко, тоа може многу да ти користи. А штом еднаш ќе почнеш, тоа ќе ти даде мотивација да продолжиш (Фил. 2:13).

  • Однапред избери си теми. Ако чекаш да дојде времето за проучување за да избереш што ќе проучуваш, можеби нема најдобро да го користиш времето што го имаш (Еф. 5:16). Зошто не си направиш список со статии или теми кои би сакал да ги проучуваш? Кога и да ти се појави некое прашање, запиши си го. А на крајот од секое проучување, можеби ќе имаш и други идеи за проучување што би можел да ги додадеш во списокот.

  • Биди флексибилен. Кога го правиш својот распоред, остави простор за флексибилност, на пример во врска со времето и темите за проучување. Не е најважно кога, колку долго или што проучуваш — туку колку редовно проучуваш.

Навиката редовно да проучуваме многу ни користи. Така се зближуваме со Јехова, учиме да постапуваме мудро и се чувствуваме зајакнато (Ис. Нав. 1:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели