ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/12 стр. 24-25
  • Гихт — причини и ризик-фактори

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гихт — причини и ризик-фактори
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ризик-фактори што водат до повторни напади
  • Пет совети за намалување на ризикот од повторни напади
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
  • Да се разбере артритисот
    Разбудете се! 2002
  • Како може да се намали ризикот?
    Разбудете се! 1997
  • Артритис — осакатувачка болест
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 8/12 стр. 24-25

Гихт — причини и ризик-фактори

ГИХТОТ е една од најчестите форми на артритис и може да предизвика силни болки. Ова заболување е познато и како костобол. „Гихтот е нарушување на метаболизмот на мочната киселина“, вели книгата Артритис (Arthritis). „Точно се знае причината за ова заболување — присуство на кристали од мочна киселина во синовијалната течност во зглобовите... особено во палецот на ногата.“

Мочната киселина е отпадна материја која циркулира во крвта и е производ од разложувањето на супстанции познати како пурини. Кога ќе се насобере мочна киселина, обично поради нецелосно исфрлање преку урината, може да се формираат иглести кристали на зглобот при коренот на прстот од ногата, но може да бидат зафатени и други зглобови. Зглобот може да се воспали и да отече, да стане жежок и да предизвика страшни болки.a „Дури и нежен допир предизвикува неподнослива остра болка“, вели Алфред кој страда од гихт.

„Ако не се лекува, гихтичниот напад трае обично една седмица“, стои во еден билтен на организацијата Arthritis Australia. „До следниот напад може да поминат месеци, па дури и години. Ако не се преземе ништо, нападите може да зачестат, да станат поболни, а зглобовите да претрпат трајно оштетување. Понекогаш гихтот може да стане хроничен.“

Гихтот е едно од артритичните заболувања за кои постои најголем избор на терапии. Лекувањето обично се состои од нестероидни антивоспалителни лекови или, во случај на чести или многу силни напади, алопуринол, кој помага да не дојде до создавање на мочна киселина. Може ли да се спречат идни напади на гихт? Може, ако болниот е свесен за ризик-факторите.

Ризик-фактори што водат до повторни напади

Главни ризик-фактори се возраста, полот и генетиката. Според некои експерти, над 50 отсто од заболените имале некој во семејството со гихт. „И татко ми и дедо ми имаа гихт“, вели Алфред, цитиран претходно. Од гихт почесто страдаат мажите, особено оние меѓу 40 и 50 години. Всушност, кај мажите има три до четири пати повеќе шанси да добијат гихт отколку кај жените, кои ретко го добиваат пред менопаузата.

Дебелина и исхрана: Во Encyclopedia of Human Nutrition пишува: „Гихтичните напади може да се контролираат со посебен режим на исхрана, но сега се смета дека не е доволно само да се намали храната богата со пурини туку дека мора се земат предвид и нарушувањата на метаболизмот што најчесто се поврзуваат со гихтот: дебелина, резистенција на инсулин и дислипидемија“, односно покачени липиди, како што е холестеролот.

Сепак, некои експерти исто така препорачуваат да се намали и храната што содржи високо ниво на пурини, како што е квасецот, одредени риби и разни видови црвено месо.b

Пиење: Претераното пиење алкохол може да го спречи исфрлањето на мочната киселина, што ќе предизвика таа да се таложи во телото.

Здравствена состојба: Според клиниката „Мајо“ од САД, гихтот може да биде предизвикан од извесни болести, меѓу кои и „нерегулиран висок крвен притисок (хипертензија) и хронични болести како што се дијабетес, покачени маснотии и холестерол во крвта (хиперлипидемија) и стеснување на артериите (артериосклероза)“. Гихтот се поврзува и со „ненадејна или тешка болест или повреда и со неподвижност поради долго лежење“, како и со бубрежни заболувања. Најчесто страда палецот на ногата бидејќи во него има послаба циркулација и пониска температура — две состојби што можат да придонесат за таложење на мочна киселина.

Лекови: Меѓу производите што го зголемуваат ризикот од гихт се тиазидните диуретици (лекови кои поттикнуваат исфрлање на вода од телото и кои обично се користат при лекување висок крвен притисок), терапија со аспирин, лекови што им се даваат на пациенти со извршена трансплантација за да не дојде до отфрлање на органот и лекови што се даваат при хемотерапија.

Пет совети за намалување на ризикот од повторни напади

Бидејќи гихтичните напади се поврзуваат со начинот на живот, следниве предлози може да им помогнат на лицата со вакво нарушување да го намалат ризикот од повторни напади.c

1. Бидејќи гихтот е нарушување на метаболизмот, болниот треба да се труди да постигне нормална тежина така што ќе внесува помалку калории. Освен тоа, прекумерната тежина е дополнителен товар за зглобовите.

2. Треба да се избегнуваат брзи диети, кои можат привремено да го покачат нивото на мочна киселина во крвта.

3. Избегнувај да внесуваш преголеми количини на протеини од животинско потекло. Според некои, препорачаната дневна количина е 170 грама немасно месо, вклучувајќи живина и риба.

4. Пиј алкохол во умерени количини. Ако добиеш гихтичен напад, најдобро би било воопшто да не пиеш.

5. Пиј многу безалкохолни пијалаци. Тие помагаат да се разреди мочната киселина и да се исфрли од телото.d

Овие превентивни мерки нѐ потсетуваат на библискиот совет да бидеме ‚умерени во сѐ‘ и да не пиеме „многу вино“ (1. Тимотеј 3:2, 8, 11). Можеме да бидеме сигурни дека нашиот добар Творец знае што е најдобро за нас.

[Фусноти]

a Слични симптоми може да се јават и кога во зглобовите ќе се формираат кристали на калциум пирофосфат, особено во меката ’рскавица на краевите од коските. Меѓутоа, тоа е сосема друго заболување за кое може да биде потребно поинакво лекување.

b Според една статија во весникот Australian Doctor, јадењето печурки и зеленчук богати со пурини, како што се гравот, леќата, грашокот, спанаќот и карфиолот, „не е поврзано со сличен зголемен ризик од акутен гихт“.

c Оваа статија не е медицински водич. Секој заболен е добро да побара лекарска помош. Освен тоа, не треба да престане да ги зема препишаните лекарства или да прави големи промени во исхраната без претходна консултација со лекар.

d Овие информации се темелат на препораките од Фондацијата Мајо за медицинско образование и истражување.

[Графикон/слика на страница 24]

(Види во публикацијата)

Воспален зглоб

Синовијална мембрана

[Слика]

Наталожени кристали од мочна киселина

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели