ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/12 стр. 19-21
  • Кавказ — „планина од јазици“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кавказ — „планина од јазици“
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Неверојатна разноликост
  • Борба со поплавите на Кавказ
    Разбудете се! 2004
  • Луѓе од „народите на сите јазици“ ја слушаат добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Јазиците — мостови и ѕидови во комуникацијата
    Разбудете се! 2000
  • Стани повешт во службата — сведочи му на некој што зборува друг јазик
    Нашата служба за Царството 2015
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 12/12 стр. 19-21

Кавказ — „планина од јазици“

ЗАМИСЛИ СИ да се најдеш во претежно планинска област со големина на Шпанија. На твое изненадување, дознаваш дека тука живеат десетици различни народи, секој со свој јазик. На некои места, не можат да се разберат дури ни луѓе од две соседни села! Кавказ е токму такво место. Оваа разноликост на јазици сигурно им била чудна и на географите од средниот век. Еден од нив го нарекол овој регион „планина од јазици“.

Планинскиот масив Кавказ, кој се протега помеѓу Црното и Каспиското Море претставува крстосница меѓу континенти и цивилизации. Благодарение на својата местоположба, овој планински предел има долга историја и богата култура. Карактеристично за мештаните е тоа што имаат почит кон постарите, многу сакаат да танцуваат и многу се гостољубиви. Но, за многу странци, најинтересниот аспект на Кавказ е широкиот спектар на етнички групи и јазици — всушност, бројот на јазици е поголем отколку во која и да е друга област во Европа со истата големина.

Неверојатна разноликост

Во петтиот век пр.н.е., грчкиот историчар Херодот напишал: „На Кавказ живеат голем број различни народи“. Некаде на почетокот на првиот век од н.е., еден друг грчки историчар по име Страбон напишал дека во тој регион живеат 70 племиња. Секое племе си имало свој јазик и доаѓало да тргува во Диоскуријада, град кој се наоѓал на местото на денешниот современ град Сухуми, на Црното Море. Неколку децении подоцна, Плиниј Постариот, римски изучувач, напишал дека на Римјаните им требале 130 толкувачи за да тргуваат во Диоскуријада.

Кавказ сѐ уште е дом на над 50 етнички групи. Секоја од нив има свои обичаи и честопати своја карактеристична облека, уметност и архитектура. Во оваа област се зборуваат најмалку 37 локални јазици — некои ги зборуваат милиони луѓе, а други се зборуваат само во одредени села. Најголем број јазици се зборуваат во Република Дагестан (Русија), каде што живеат околу 30 етнички групи. До ден-денес, експертите не знаат како овие јазици се поврзани ниту како се развивале.

Би сакал ли да видиш како изгледаат јазиците што се зборуваат на Кавказ? На официјалната веб-страница на Јеховините сведоци, www.jw.org, се објавени информации на преку 400 јазици. Меѓу нив има и некои од јазиците што се зборуваат на Кавказ, прекрасен предел кој со право е наречен „планина од јазици“.

МОЗАИК ОД БУКВИ И ЗВУЦИ

Јазиците на Кавказ користат најразлични писма. И ерменскиот и грузискиот имаат посебна азбука. Други користат систем за пишување што се темели на кирилицата или изменета латиница.

Северозападните кавкаски јазици имаат најмногу согласки од сите други јазици во светот, но само неколку самогласки. Според една енциклопедија, овие јазици користат согласки „што се создаваат во речиси секој дел од устата и грлото“. За убик, кавкаски јазик кој изумрел во 1992 год., се вели дека имал најмалку 80 различни согласки и можеби само 2 самогласки.

Според преданијата, еден турски султан испратил на Кавказ еден учен човек да го научи јазикот убик. Кога се вратил, за да објасни зошто не можел да го научи, тој зел вреќичка со камчиња и ги истурил на мермерниот под пред султанот. „Слушнете ги овие звуци“, му рекол учениот човек. „За еден странец така звучи јазикот убик.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели