ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/13 стр. 16
  • Замаглениот вид на пајакот-скокач

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Замаглениот вид на пајакот-скокач
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Во пајажината има лист!
    Разбудете се! 2002
  • Лепилото на домашниот пајак
    Разбудете се! 2014
  • Содржина
    Разбудете се! 2013
  • Опасност! Јас сум отровен
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 3/13 стр. 16

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Замаглениот вид на пајакот-скокач

ПАЈАКОТ-СКОКАЧ има посебен визуелен систем што му овозможува да го пресмета точното растојание што треба да го прескокне. Како го прави тоа?

Размисли: За да го одреди растојанието од некој предмет, пајакот-скокач користи една уникатна карактеристика на своите две главни очи со повеќеслојна мрежница. Еден слој ја прима зелената светлина јасно, а друг замаглено. Колку позамаглена е сликата на вториот слој толку поблиску се наоѓа предметот до окото на пајакот. Овој едноставен детаљ му овозможува на пајакот точно да пресмета колкаво растојание треба да прескокне за да го фати пленот.

Истражувачите сакаат да ја копираат оваа техника на пајакот-скокач за да направат 3Д-камери, па дури и роботи што ќе можат да ја проценат оддалеченоста од предметите. Според веб-страницата ScienceNOW, видот на пајакот-скокач е „одличен пример за тоа како животинки од половина сантиметар со мозок помал од мозокот на мува може да обработат сложени визуелни сигнали и да реагираат соодветно“.

Што мислиш? Дали замаглениот вид на пајакот-скокач настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели