ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/13 стр. 12-13
  • Кир Велики

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кир Велики
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КАКО КИР ГО ОСВОИЛ ВАВИЛОН
  • НЕВЕРОЈАТНИ ПРОРОШТВА
  • ЧУДЕСНО ИЗБАВУВАЊЕ
  • ЗОШТО ОВА Е ВАЖНО ЗА НАС?
  • Божјиот народ го напушта Вавилон
    Мојата книга со библиски приказни
  • Книга во која можеш да имаш доверба — четврти дел
    Разбудете се! 2011
  • Јехова — „праведен Бог и Спасител“
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II
  • Зборовите на ѕидот
    Поуки од Библијата
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 5/13 стр. 12-13
[Слика на страница 12]

Гробницата на Кир

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Кир Велики

Ноќта помеѓу 5 и 6 октомври 539 год. пр.н.е., на градот Вавилон, престолнината на Вавилонското Царство, му се случило нешто навидум невозможно. Таа кобна ноќ, градот бил поразен од војската на Медијците и Персијците, предводена од персискиот цар Кир, познат и како Кир Велики. Тој имал генијална стратегија.

КАКО КИР ГО ОСВОИЛ ВАВИЛОН

„Кога Кир наумил да го освои, Вавилон веќе бил највеличествениот град на Блискиот Исток, а можеби и во целиот свет“, се вели во книгата Ancient World Leaders—Cyrus the Great. Низ Вавилон течела реката Еуфрат. Нејзините води ги полнеле рововите околу ѕидините на градот — двоен одбранбен систем поради кој градот се сметал за неосвоив.

Погоре од Вавилон, луѓето на Кир го свртеле текот на Еуфрат, поради што нивото на водата опаднало. Потоа војниците преминале преку плитката вода во рововите и стигнале до градските порти што биле оставени отворени. Тогаш го освоиле Вавилон без речиси никаков отпор. Според грчките историчари Херодот и Ксенофон, Вавилонците се чувствувале толку сигурни зад својот одбранбен систем што ноќта кога бил нападот мнозина се гоштевале, а еден од нив бил и царот! (Види ја рамката „Ракописот е на ѕидот“.) Освен тоа, со победата на Кир се исполниле и некои неверојатни библиски пророштва.

Во Библијата било проречено дека Кир ќе го освои Вавилон

НЕВЕРОЈАТНИ ПРОРОШТВА

Пророштвата на Исаија се особено значајни бидејќи биле запишани околу 200 години однапред — веројатно 150 години пред Кир да се роди! Еве некои детали:

  • Еден човек по име Кир ќе го освои Вавилон и ќе ги ослободи Евреите (Исаија 44:28; 45:1).

  • Реката Еуфрат ќе пресуши и ќе ѝ отвори пат на војската на Кир (Исаија 44:27).

  • Градските порти ќе бидат оставени отворени (Исаија 45:1).

  • Вавилонската војска ќе ‚престане да се бори‘ (Еремија 51:30; Исаија 13:1, 7).

ЧУДЕСНО ИЗБАВУВАЊЕ

Претходно, во 607 год. пр.н.е., вавилонската војска го опустошила Ерусалим и повеќето преживеани биле одведени во ропство. Колку долго требало Евреите да останат таму? Бог рекол: „Кога ќе навршат тие седумдесет години, ќе ги повикам на одговорност вавилонскиот цар и тој народ... [и] целата халдејска земја... ќе ја претворам во вечна пустош“ (Еремија 25:12).

Како што беше спомнато, Кир го освоил Вавилон во 539 год. пр.н.е. Кратко потоа, ги ослободил Евреите, кои почнале да пристигнуваат во својата земја во 537 год. пр.н.е. — точно 70 години откако биле одведени во ропство (Езра 1:1-4). А од Вавилон на крајот останала само „вечна пустош“, со што повторно била потврдена точноста на библиските пророштва.

ЗОШТО ОВА Е ВАЖНО ЗА НАС?

Размисли за ова: Во Библијата било проречено 1) дека Евреите ќе бидат 70 години во изгнанство, 2) дека Кир ќе го освои Вавилон, но и каква стратегија ќе користи и 3) дека на крајот, од Вавилон ќе остане само пустош. Човек не би можел да го знае сето ова однапред! Затоа, поразумно е да веруваме во следново: „Пророштво никогаш не било изречено по човечка волја, туку луѓето ги кажуваа зборовите што доаѓаа од Бог“ (2. Петрово 1:21). Очигледно, Библијата заслужува да ја испитаме подлабоко.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Се претпоставува дека Кир е роден околу 600 год. пр.н.е. Загинал во битка околу 530 год. пр.н.е.

  • Гробницата на Кир сѐ уште може да се види во Пасаргада, град во древна Персија основан од Кир, а сега археолошки локалитет во Иран.

  • [Слика на страница 12]

    Кировиот цилиндар

    Кировиот цилиндар, глинен документ долг 23 сантиметри, содржи записи за победата на Кир над Вавилон и за ослободувањето на заробениците, вклучувајќи ги и Евреите. Овој цилиндар е наречен „едно од најважните откритија во библиската археологија“.

  • За Персијците, Кир сѐ уште е многу почитувана личност.

„РАКОПИСОТ Е НА ЅИДОТ“

[Слика]

Ноќта кога Кир го извршил ненадејниот напад, вавилонскиот цар Валтазар бил на гозба заедно со „илјада свои веледостојници“, кога одеднаш се појавила рака. Пред нивни очи, по малтерисаниот ѕид на царската палата раката напишала „МЕНЕ, МЕНЕ, ТЕКЕЛ и ФАРСИН“a (Даниел 5:1, 5, 25).

Пророкот Даниел му објаснил на преплашениот Валтазар што значат тие зборови. Даниел му кажал на царот дека на неговото царство ќе му биде ‚ставен крај‘, дека тој е ‚измерен и најден премногу лесен‘, и дека Вавилон ‚им е предаден на Медијците и Персијците‘ (Даниел 5:26-28). Сѐ се исполнило до збор. Освен тоа, и ден-денес во некои јазици изреката „Ракописот е на ѕидот“ значи дека неизбежно ќе се случи катастрофа или некој лош настан.

a Овие изрази означуваат мерки за тежина на пари. Подетално објаснување можеш да најдеш во 7. поглавје од книгата Обрни внимание на Даниеловото пророштво!, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели