ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/13 стр. 16
  • Перките на грбавиот кит

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Перките на грбавиот кит
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Што учиме од природата?
    Разбудете се! 2006
  • Кој бил прв?
    Дали животот е Божје дело?
  • Огромните чудовишта од морските длабочини
    Разбудете се! 2009
  • Содржина
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 6/13 стр. 16
[Слика на страница 16]

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Перките на грбавиот кит

ЕДЕН возрасен грбав кит е поголем и потежок од автобус. Сепак, овој огромен цицач е неверојатно подвижен кога нурка и кога се врти. Зошто грбавиот кит е толку подвижен? Дел од неговата тајна се крие во грпките на неговите перки.

Размисли: Повеќето видови китови и други големи морски цицачи имаат перки со мазен преден раб. Меѓутоа, кај грбавиот кит перките се поинакви. На предниот раб на перките има големи грпки (наречени туберкули). Додека китот плива, водата глатко минува преку грпките и формира голем број витли. Грпките го насочуваат движењето на водата и создаваат турбуленција. Ефектот што грпките го имаат на водата ја зголемува силата на потисокот, овозможувајќи му на китот да ги намести перките под голем агол без да пропадне. Под таков агол, грпките го намалуваат и отпорот на водата — што е многу корисно за перките на грбавиот кит, кои се долги отприлика една третина од должината на неговото тело.

Научниците ги користат овие сознанија за да направат поефикасни бродски кормила, водни турбини, ветерници и хеликоптерски елиси.

Што мислиш? Дали перките на грбавиот кит настанале по пат на еволуција или се дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели