ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/13 стр. 3
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • САД
  • Кина
  • Грција
  • Индија
  • Италија
  • Светски проблем
    Разбудете се! 2002
  • Самоубиство — чума меѓу младите луѓе
    Разбудете се! 1999
  • Зошто луѓето се откажуваат од животот
    Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2013
g 8/13 стр. 3

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

САД

[Слика на страница 3]

Секој ден, над 20 поранешни припадници на Армијата на САД извршуваат самоубиство. Секој месец, околу 950 воени ветерани кои се корисници на бенефиции од Одделот за ветерани на САД се обидуваат да си го одземат животот.

Кина

„Скоро половина од жените под 30 години што одат да работат во друго место остануваат бремени иако не се во брак, што е драстичен пораст во бројот на немажени мајки [во Кина] во однос на претходната генерација“, известува весникот China Daily. Се вели дека Кинезите се „полиберални во однос на тоа... невенчаните двојки да живеат заедно“.

Грција

Во Грција маларијата повторно зема замав, иако во 1974 год. оваа болест беше речиси искоренета. Како главни виновници за ова се посочуваат економската криза и кратењето на буџетот за јавното здравство.

Индија

[Слика на страница 3]

Едно истражување покажа дека и покрај брзите општествени промени, 74 отсто од испитаниците попрво би избрале договорен брак отколку „брак од љубов“. Неверојатни 89 отсто повеќе сакаат да живеат со роднините, наместо само со брачниот другар и децата.

Италија

[Слика на страница 3]

„Католичката црква го губи својот сјај, како во побогатите европски земји, така и во Америка. Нашите традиции се застарени, нашите цркви се големи, а манастирите празни. Имаме сѐ повеќе администрација, нашите обреди и одежди се помпезни... Црквата е 200 години назад во времето.“ (Од интервјуто со католичкиот кардинал Карло Марија Мартини, објавено постхумно во весникот Corriere della Sera.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели