ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/13 стр. 12-13
  • Треба ли да веруваме во тројство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да веруваме во тројство?
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДАЛИ ИСУС Е БОГ?
  • ЗОШТО ОВА Е ВАЖНО?
  • 4. дел — Кога и како се развила науката за Тројство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Како се развила науката за Тројството?
    Дали треба да се верува во Тројство?
  • 1. дел — дали Исус и неговите ученици учеле за науката на Тројството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали е тоа јасна библиска наука?
    Дали треба да се верува во Тројство?
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 8/13 стр. 12-13
[Слика на страница 12]

Треба ли да веруваме во тројство?

Над две милијарди луѓе се изјаснуваат како христијани. Повеќето припаѓаат на цркви што поучуваат за тројство — учење според кое Таткото, Синот и светиот дух сочинуваат еден Бог. Како тројството станало официјално учење на христијанството? Што е уште поважно, дали ова учење е во склад со она што го вели Библијата?

ПИШУВАЊЕТО на Библијата било завршено во првиот век од н.е. Учењата кои придонеле за оформување на идејата за тројство ја добиле својата официјална верзија повеќе од два века подоцна — во 325 год. од н.е. на Вселенскиот собор во Никеја во Мала Азија, денешен Изник (Турција). Според New Catholic Encyclopedia, на Соборот во Никеја бил составен Симболот на верата во кој за првпат е дадена дефиницијата за учењата на црквата, вклучувајќи и дефиниција за Бог и Христос. Но, зошто се сметало дека има потреба да бидат дефинирани Бог и Христос со векови откако била напишана Библијата? Зарем Библијата не е доволно јасна кога станува збор за овие важни теми?

ДАЛИ ИСУС Е БОГ?

Кога Константин станал единствениот владетел на Римското Царство, оние што се изјаснувале како христијани биле со поделени мислења во однос на тоа која е врската меѓу Бог и Христос. Дали Исус е Бог? Или е создаден од Бог? За да се реши спорот, Константин ги повикал епископите во Никеја, но не затоа што сакал да се утврди вистината, туку затоа што не сакал да има верски поделби во неговото царство.

„Ние имаме само еден Бог Отец“ (1. Коринќаните 8:6, Превод на МПЦ).

Константин им рекол на епископите, кои можеби биле неколку стотини, да дојдат до едногласна одлука, но сето тоа било залудно. Потоа предложил соборот да ја усвои недоволно јасната идеја дека Исус е „единосуштен“ (омоусиос) со Таткото. Овој небиблиски, филозофски израз на грчки ја поставил основата за учењето за тројство подоцна застапено во црковните верувања. Кон крајот на четвртиот век, учењето за тројство веќе го добило обликот што во основа е ист и ден-денес, вклучувајќи го и таканаречениот трет дел од божеството, светиот дух.

ЗОШТО ОВА Е ВАЖНО?

Исус рекол дека „вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото... со вистина“ (Јован 4:23). Таа вистина е запишана во Библијата (Јован 17:17). Дали Библијата учи дека Таткото, Синот и светиот дух се три личности што сочинуваат еден Бог?

Како прво, во Библијата никаде го нема зборот „тројство“. Како второ, Исус никогаш не тврдел дека е еднаков со Бог. Напротив, Исус му служел на Бог (Лука 22:41-44). Трет доказ е односот меѓу Исус и неговите следбеници. Дури и откако бил воскреснат како духовно суштество, Исус ги нарекол своите следбеници „моите браќа“ (Матеј 28:10). Дали тие биле браќа на Семоќниот Бог? Се разбира дека не! Но, поради својата вера во Христос — Божјиот првороден Син — и тие станале синови на неговиот Татко (Галатите 3:26). Да споредиме и некои други стихови со следнава изјава од Симболот на верата составен на Вселенскиот собор во Никеја.

Што вели никејскиот Симбол на верата:

„Веруваме... во еден Господ Исус Христос... кој е единосуштен на Таткото, Светлина од Светлината, вистински Бог од вистинскиот Бог.“

Што вели Библијата:

  • „Мојот Отец е поголем од мене [Исус]“ (Јован 14:28).a

  • „[Јас, Исус] се враќам при Својот Отец и вашиот Отец, при Својот Бог и при вашиот Бог“ (Јован 20:17).

  • „Ние имаме само еден Бог Отец“ (1. Коринќаните 8:6).

  • „Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос“ (1. Петрово 1:3).

  • „Ова го вели Амин [Исус]... Почетокот на Божјото создание“ (Откровение 3:14).b

a Нагласено од нас. Стиховите во овој дел се цитирани од Преводот на МПЦ.

b Во книгата Што навистина учи Библијата? се наоѓаат и овие две поглавја: „Која е вистината за Бог?“ и „Кој е Исус Христос?“ Оваа книга наменета за проучување на Библијата можеш да ја добиеш од Јеховините сведоци или да ја читаш онлајн на www.jw.org/mk.

НЕКОИ ФАКТИ:

  • „Никејскиот Симбол на верата всушност не е производ на Првиот Вселенски собор во Никеја (325)... туку на Вториот Вселенски собор во Константинопол (381)“, пишува во речникот The New Westminster Dictionary of Church History.

  • „На Соборот во Никеја во 325 год. бил поставен темелот на учењето [подоцна наречено тројство] според кое Синот е ‚единосуштен... со Таткото‘“ (Encyclopædia Britannica).

[Слика на страница 13]

На првиот Собор во Никеја (уметнички приказ) бил поставен темелот за учењето за тројство

„Во христијанската Библија, вклучувајќи го и Новиот завет, нема ниту една изјава поврзана со тројството ниту, пак, некакви теории во врска со троедно божество“ (Encyclopædia Britannica).

„Учењето за тројство... не датира од времето на првите христијани, а за првпат јасно е наведено дури кон крајот на вториот век“ (Library of Early Christianity — Gods and the One God).

„За да го објасни верувањето во тројство, [Католичката] црква морала да смисли сопствена терминологија со помош на извесни поими што влечат корен од филозофијата“ (Катехизмот на Католичката црква).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели