ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/13 стр. 3
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Арктик
  • Свет
  • Британија
  • Демократска Република Конго
  • Австралија
  • Коралниот гребен на Белизе — светско наследство
    Разбудете се! 2007
  • Со брод преку врвот на светот
    Разбудете се! 2010
Разбудете се! 2013
g 9/13 стр. 3

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Арктик

[Слика на страница 3]

„Волуменот на мразот во лето е само една четвртина од она што беше пред 30 години“, вели Питер Вадамс, професор по океанска физика на Универзитетот во Кембриџ (Британија). Во 2012 год., околу 50 бродови поминаа по Северниот морски пат, кој стана прооден како резултат на глобалното затоплување.

Свет

Установено е дека мајчиното млеко што се лачи во деновите по породувањето содржи над 700 видови бактерии, што ги надмина очекувањата на експертите. Сѐ уште се вршат истражувања за да се утврди кои се позитивните ефекти на овие бактерии врз дигестивниот и имунолошкиот систем на новороденчето.

Британија

[Слика на страница 3]

Едно истражување спроведено во Британија во кое се користеле симулатори за возење покажало дека возачите кои имале настинка реагирале побавно од возачите што биле под дејство на алкохол.

Демократска Република Конго

[Слика на страница 3]

Секоја година, во Африка се случува „невиден“ масакр — десетици илјади слонови се убиени поради илегалната трговија со слонова коска. Во една прилика, неколку слонови беа застрелани во главата, најверојатно од хеликоптер.

Австралија

[Слика на страница 3]

Во последните 27 години, Големиот корален гребен изгуби половина од живите корали. Најголемата вина научниците ја наоѓаат во тропските циклони, наездата од морски ѕвезди [Acanthaster planci] и избелувањето на коралите како последица од зголемената температура на океанот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели