ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/13 стр. 3
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Италија
  • Ерменија
  • Јапонија
  • Кина
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
  • Како да се справиш со проблемите во сообраќајот
    Разбудете се! 2007
  • Што треба да знам за социјалните мрежи? — дел 1
    Разбудете се! 2011
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 10/13 стр. 3

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Италија

[Слика на страница 3]

Во 2011 год., во Италија, продажбата на велосипеди ја надмина продажбата на автомобили. Како можни причини за ова се наведуваат економската криза, цената на горивото и трошоците за одржување на автомобил. Од друга страна, велосипедот е лесен и практичен и релативно евтин за одржување.

Ерменија

[Слика на страница 3]

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда според која ерменската влада ги прекршила правата на 17 млади лица, сите Јеховини сведоци, кои беа притворени откако одбиле да вршат цивилна служба под надлежност на воените власти. Од владата е побарано да им исплати отштета и да ги покрие судските трошоци.

Јапонија

[Слика на страница 3]

Од децата што биле жртви на кривични дела во кои социјалните мрежи одиграле клучна улога, 63 отсто не добиле никакво предупредување од своите родители во врска со можните опасности на социјалните мрежи. Од 599-те случаи, 74 отсто од извршителите на кривичното дело признале дека ги користеле овие мрежи со цел да имаат секс со малолетници.

Кина

[Слика на страница 3]

За да се намали сообраќајниот метеж, во поголемите градови е ограничен бројот на нови возила што може да се регистрираат. На пример, во Пекинг тој број е 240.000 нови возила годишно. Во август 2012 год., околу 1.050.000 луѓе поднеле молба за регистрација, но одобрение добиле само 19.926, што значи дека молбата му била одобрена на секој 53-ти подносител.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели