ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/14 стр. 12-13
  • Константин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Константин
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЦРКВИТЕ — ОЗАКОНЕТИ ЗА ЛИЧНИ ЦЕЛИ
  • КАКВО ХРИСТИЈАНСТВО НАСТАНАЛО?
  • Константин Велики — поборник на христијанството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Како христијанството станало дел од овој свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Отпадништво — патот до Бог е препречен
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Како се развила науката за Тројството?
    Дали треба да се верува во Тројство?
Разбудете се! 2014
g 2/14 стр. 12-13
Бронзена статуа на Константин

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Константин

Константин бил првиот римски император кој се изјаснил како христијанин. Со тоа извршил силно влијание врз светската историја. Тој ја прифатил оваа религија, која претходно наидувала на жестоко противење, и така создал поволни услови за настанувањето на христијанскиот свет. На тој начин, таканареченото христијанство станало „најсилниот општествен и политички елемент“ кој извршил влијание врз историјата (The Encyclopædia Britannica).

ЗОШТО вреди да дознаеш нешто повеќе за овој римски император? Ако те интересира христијанството, би требало да знаеш дека политичките и религиозните манипулации на Константин извршиле влијание — и сѐ уште влијаат — врз верувањата и обичаите на многу цркви. Да видиме како.

ЦРКВИТЕ — ОЗАКОНЕТИ ЗА ЛИЧНИ ЦЕЛИ

Во 313 год. од н.е., Константин владеел со Западното Римско Царство, а Лициниј и Максиминус владееле со Источното Римско Царство. Константин и Лициниј им дале верска слобода на сите луѓе, вклучувајќи ги и христијаните. Константин го штител христијанството затоа што сметал дека со помош на религијата ќе го обедини своето царство.a

Меѓутоа, Константин бил крајно изненаден кога сфатил дека меѓу христијанските цркви има поделби. Бидејќи му одело во прилог меѓу нив да владее слога, тој се обидел да воспостави, а потоа и да наметне едно „исправно“ учење. За да ја стекнат неговата наклоност, бискупите морале да прават отстапки во поглед на верата. Оние што постапувале така биле ослободени од данок и добиле огромна заштита од царот. Историчарот Чарлс Фриман рекол: „На оние што понудиле ‚исправна‘ верзија на христијанското учење им бил отворен патот не само до небото туку и до големо богатство на Земјата“. На тој начин свештениците станале моќни елементи во световните кругови. „Црквата добила заштитник, но добила и господар“, вели историчарот Арнолд Џонс.

„Црквата добила заштитник, но добила и господар“ (Арнолд Џонс, историчар)

КАКВО ХРИСТИЈАНСТВО НАСТАНАЛО?

Како резултат на сојузот меѓу Константин и бискупите, настанала една религија со учења што биле делумно христијански, а делумно пагански. Ништо друго не можело ни да се очекува бидејќи целта на овој император не била да се најде вистинската религија, туку истовремено да постојат повеќе религии. На крајот на краиштата, тој бил владетел на една паганска империја. За да ги задоволи и христијаните и паганите, тој решил да биде „двосмислен во своите постапки и во своето владеење“, напишал еден историчар.

Иако изјавувал дека се залага за христијанството, Константин седел на две столици бидејќи воопшто немал расчистено со паганството. На пример, се занимавал со астрологија и гатање — окултни практики што се осудени во Библијата (5. Мојсеева 18:10-12). На триумфалната порта на Константин што се наоѓа во Рим, тој е прикажан како им принесува жртви на пагански божества. Продолжил да го почитува богот на сонцето со тоа што исковал монети со ликот на ова божество и го ширел неговиот култ. А кон крајот на својот живот дозволил во едно гратче во Умбрија (Италија) да се изгради храм во кој ќе служат свештеници. Храмот бил посветен на Константин и на неговото семејство.

Константин се крстил како „христијанин“ дури неколку дена пред својата смрт, во 337 год. од н.е. Многу изучувачи сметаат дека не се крстил порано затоа што сакал да ја задржи политичката поддршка и од христијанските и од паганските кругови во неговото царство. Се разбира, поради неговиот начин на живот и поради тоа што се крстил толку доцна, се доведува во прашање искреноста на неговата вера во Христос. Сепак, едно е сигурно — црквата што ја озаконил Константин станала моќен политички и религиозен елемент, кој му свртел грб на Христос и ги подал рацете кон светот. Меѓутоа, во врска со своите следбеници, Исус рекол: „Не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:14). Од таа црква — која станала световна — произлегле безброј христијански религии.

Што значи сето тоа за нас? Тоа значи дека не треба слепо да ги прифатиме учењата на некоја црква, туку треба да ги преиспитаме во светло на Библијата (1. Јованово 4:1).

a Се водат големи дебати околу тоа дали Константин бил искрен во своите христијански убедувања. Таквите сомневања се должат и на тоа што „толерирал пагански култови, дури и при крајот на своето владеење“, како што стои во едно дело.

НЕКОИ ФАКТИ:

  • Константин станал император на Западното Римско Царство во 306 год. од н.е. и бил единствениот император што владеел и со Источното и со Западното Римско Царство, од 324 до 337 год. од н.е.

  • Константин тврдел дека на сон или во видение му било гарантирано дека Богот на христијаните ќе му помага во битките.

  • Припишувајќи му заслуга на Бог за една своја воена победа, Константин „веднаш наредил“ да се постави копје во облик на крст во раката на неговата статуа која се наоѓала „на најпосетуваното место во Рим“ (Пол Керестеш, историчар).

  • Константин ја носел паганската титула понтифекс максимус, што значи главен свештеник, и се сметал за господар на сите религии во неговото царство.

Триумфалната порта на Константин

Триумфалната порта на Константин изградена во чест на една негова победа

  • „Еден добар император — особено ако е добар христијанин — кога-тогаш ќе се најде во ситуација да избере дали ќе ја изгуби Божјата наклоност или ќе ја изгуби власта. Бидејќи само што дошол на власт, Константин сигурно немал намера да се откаже ниту од својата власт ниту од гревовите што морал да ги прави за да ја задржи“ (Ричард Рубинштајн, професор од областа на меѓучовечките односи и конфликтите).

  • „Нема сомнение дека Константин бил христијанин барем на крајот од својот живот, под услов да не судиме за тоа според квалитетот на неговото христијанство“ (Пол Керестеш, професор по класични науки и историја).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели