ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/14 стр. 10-11
  • „Погледнете ги птиците небесни“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Погледнете ги птиците небесни“
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Птиците во библиски времиња
  • Кога птиците ќе удрат во стакло
    Разбудете се! 2009
  • Продирање во мистериите на селидбата
    Разбудете се! 1996
  • Што учиме од небесните птици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Радоста од набљудувањето на птиците
    Разбудете се! 2001
Разбудете се! 2014
g 8/14 стр. 10-11
Птица

„Погледнете ги птиците небесни“

ПТИЦИТЕ се вообичаена глетка во секој дел од светот и воопшто не е тешко да ги набљудуваш. Освен тоа, интересно е да ги набљудуваш! Ги има во најразлична форма и боја, ни пеат најразлични песни, а нивните лудории нѐ развеселуваат.

Маскиран ткајач

Маскиран ткајач

За да ги набљудуваш птиците не треба да одиш далеку. Понекогаш е доволно да седнеш во дворот и ќе видиш како некој кос копа со клунчето барајќи црвчиња, како некое муварче лови инсекти, како некој гулаб шармира гулабица, како некоја ластовичка неуморно го гради своето гнездо или како некое трнарче ги храни своите пиленца.

Сива бисерка

Сива бисерка

Некои птици, како што се орлите, соколите и јастребите, просто нѐ пленат додека го сечат небото со својот лет. Други нѐ развеселуваат: врапчињата додека се кошкаат за трошка храна, гулабот додека надмено ги дуе градите за да ја импресионира гулабицата или група розови или сиви какадуа додека висат наопаку на некоја жица кога ќе изгубат рамнотежа. А некои глетки ни го одземаат здивот, на пример, преселбата на јата штркови, жерави или гуски. Но, ваквите глетки не се ништо ново — тие птици веќе илјадници години ги одушевуваат луѓето со својата способност да прелетаат огромни далечини со беспрекорна прецизност. Всушност, и самиот Творец рекол: „Дури и штркот на небото го знае своето време, грлицата, пиштарката и дроздот се држат за времето кога треба да се вратат“ (Еремија 8:7).

Птиците во библиски времиња

Птиците многу често се спомнуваат во Библијата, обично за да се даде некоја корисна поука. На пример, во врска со нојот и неговата неверојатна брзина, Бог му рекол на Јов: „Кога ќе замавне високо со крилјата, му се смее на коњот и на неговиот јавач“a (Јов 39:13, 18). Бог уште го прашал Јов: „Зар поради твојата мудрост се вивнува соколот во височина... Зар на твоја наредба се крева орелот нагоре?“ (Јов 39:26, 27). Која е поуката? Птиците ги изведуваат своите маневри без никаква помош од наша страна. Нивните вештини се доказ за мудроста на Бог.

Цар Соломон пишувал за „гласот на грлицата“ која ја најавува пролетта (Песна над песните 2:12). Пишувајќи за својата голема желба да служи во Божјиот храм, псалмистот ја спомнал ластовицата. Со доза завист, тој рекол: „И птицата си наоѓа дом и ластовичката гнездо каде што ги лежи своите пилиња близу до твојот величествен жртвеник, Јехова над војските“ (Псалм 84:1-3).

„Вашиот небесен Татко ги храни. Зарем вие не вредите повеќе од нив?“ (Матеј 6:26)

Некои од најубавите зборови во врска со птиците ги кажал Исус Христос. Размисли за она што е запишано во Матеј 6:26: „Погледнете ги птиците небесни, бидејќи тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбари собираат, а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зарем вие не вредите повеќе од нив?“ Овие убави зборови ги уверуваат следбениците на Исус дека тие се скапоцени за Бог и дека никогаш не треба да бидат премногу загрижени за она што им е неопходно за живот (Матеј 6:31-33).

Денес, многу луѓе уживаат да ги набљудуваат птиците. Тоа е сосема разбирливо затоа што тие нѐ одушевуваат со своите лудории, својата убавина, своето кокетирање и својот пој. Но, ако внимателно ги набљудуваме, можеме многу да научиме од нив. Зарем не би било убаво да одвоиме време внимателно ,да ги погледнеме птиците небесни‘?

a Нојот е најголемата птица денес. Исто така, тој е најбрзиот тркач меѓу птиците и на кратки растојанија може да достигне брзина од околу 70 километри на час.

Би сакал ли птиците да ти бидат гости во дворот?

Голем дамчест клукајдрвец

Голем дамчест клукајдрвец

На птиците им се потребни следниве работи:

  • Засолниште: Дрвјата и грмушките се одлични места каде што птиците можат безбедно да се одморат и да си ги исчистат пердувите.

  • Храна: Дрвјата и грмушките, особено автохтоните видови, се извор на храна. И хранилките привлекуваат птици.

  • Вода: Птиците редовно пијат вода, а многу од нив сакаат и да се капат.

  • Места за гнезда: Дрвјата, грмушките и соодветните куќички за птици ги привлекуваат шумските видови.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели