ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g18 Бр. 1 стр. 4-5
  • Исправен став кон парите и дарежливост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исправен став кон парите и дарежливост
  • Разбудете се! 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • РАБОТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА СРЕЌА
  • Може ли богатството да те направи среќен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Како треба да гледаме на парите?
    Разбудете се! 2007
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Разбудете се! 2018
g18 Бр. 1 стр. 4-5
Еден човек игра фудбал со својот син

ПАТОТ ДО СРЕЌАТА

Исправен став кон парите и дарежливост

МНОГУ ЛУЃЕ ГИ МЕРАТ УСПЕХОТ И СРЕЌАТА ПО ПАРИТЕ И ИМОТОТ. Од таа причина, милиони луѓе работат од утро до мрак за да заработат што повеќе пари. Но, дали парите и материјалните работи носат трајна среќа? Што покажува искуството?

Според едно списание, ако основните потреби ни се веќе задоволени, тоа што ќе имаме повеќе пари нема да нѐ направи посреќни (Journal of Happiness Studies). Проблемот не е во самите пари. Всушност, „желбата за [пари] води до тоа да бидеш несреќен“, пишува во едно друго списание (Monitor on Psychology). Тие зборови се во склад со еден совет кој бил запишан во Библијата пред речиси 2.000 години: „Љубовта кон парите е корен на секакви зла и, поради неа, некои... си нанесоа многу маки“ (1. Тимотеј 6:9, 10). Кои се некои од тие маки?

ГРИЖИ И НЕСОНИЦА БИДЕЈЌИ ТРЕБА ДА ГО ЗАШТИТИШ БОГАТСТВОТО. „Сладок му е сонот на оној што служи, па јадел тој малку или многу, а богатството на богатиот не му дава да спие“ (Проповедник 5:12).

РАЗОЧАРУВАЊЕ БИДЕЈЌИ НА КРАЈ СЕПАК НЕ СИ СРЕЌЕН. Тоа делумно се јавува затоа што желбата за пари не може да се задоволи. „Кој го љуби среброто, никогаш не му е доста сребро, и кој го сака богатството, никогаш не му е доста добивка“ (Проповедник 5:10). Освен тоа, поради таквата желба, човек може да запостави некои важни работи кои носат среќа, на пример семејството, пријателите или духовните работи.

ФРУСТРАЦИИ КОГА ПАРИТЕ И ИНВЕСТИЦИИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ ВРЕДНОСТ ИЛИ ЌЕ ПРОПАДНАТ. „Не труди се да стекнеш богатство... Зарем ќе ги насочиш очите кон богатството, иако исчезнува за миг? Зашто, тоа си прави крилја како на орел и летнува кон небото“ (Изреки 23:4, 5).

РАБОТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА СРЕЌА

ИСПРАВЕН СТАВ КОН ПАРИТЕ. „Ништо не сме донеле на светов, па не можеме ништо ни да однесеме од него. Значи, ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:7, 8). Оние што се задоволни со она што го имаат не се склони да се жалат и да мрморат и не им завидуваат на другите. А бидејќи не посакуваат повеќе отколку што можат да си дозволат, се поштедуваат од непотребни грижи и стрес.

ДАРЕЖЛИВОСТ. „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Дарежливите луѓе се среќни бидејќи наоѓаат задоволство во тоа да ги прават другите среќни, дури и ако сѐ што можат е да одвојат само малку од своето време и сили за нив. За возврат честопати добиваат многу — љубов, почит и искрени пријатели кои исто така се дарежливи. Ова се нешта што не можат да се купат со пари (Лука 6:38).

ЛУЃЕТО ПРЕД МАТЕРИЈАЛНИТЕ РАБОТИ. „Подобро е јадење од зеленчук таму каде што има љубов отколку згоен јунец таму каде што има омраза“ (Изреки 15:17). Што учиме од ова? Да ги сакаш другите и да бидеш во добри односи со нив е многу повредно од материјалните работи. А како што ќе видиме понатаму, љубовта е неопходна за да бидеме среќни.

Сабина од Јужна Америка сфатила колку вредат библиските начела. Бидејќи сопругот ја напуштил, морала сама да се грижи за себе и за своите две ќерки. Работела на две места и секој ден станувала во четири часот наутро. Едвај врзувала крај со крај. И покрај сите обврски, Сабина одлучила да ја проучува Библијата. Кој бил резултатот?

Во финансиски поглед не се променило речиси ништо. Но, се променил нејзиниот став кон животот! На пример, почнала да чувствува среќа бидејќи обрнала внимание на своите духовни потреби (Матеј 5:3). Освен тоа, меѓу соверниците нашла вистински пријатели. А ја почувствувала и радоста од давањето бидејќи почнала да го споделува со другите она што го учела за Бог.

Во Библијата пишува: „Мудроста ја оправдуваат нејзините дела“ (Матеј 11:19). Значи, дали нешто е мудро или не, се гледа по резултатите. А резултатите покажуваат дека, кога некој е дарежлив, задоволен со она што го има и луѓето му се поважни од материјалните работи, тој е среќен.

ГЛАВНИ МИСЛИ

Љубовта кон парите е корен на секакви зла и, поради неа, некои си нанесоа многу маки (1. Тимотеј 6:10)

Љубовта кон парите може да води до...

  • грижи и несоница

  • разочарување

  • фрустрации

Среќни се оние што...

  • се задоволни со она што го имаат

  • се дарежливи

  • ги ставаат луѓето пред материјалните работи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели