ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/5 стр. 4-6
  • Може ли богатството да те направи среќен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Може ли богатството да те направи среќен?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Љубовта кон парите не води кон среќа
  • Да бидеме задоволни со она што го имаме
  • Клучот на среќата
  • Исправен став кон парите и дарежливост
    Разбудете се! 2018
  • Како треба да гледаме на парите?
    Разбудете се! 2007
  • Цар со богатство и со мудрост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Вистинска благосостојба во Божјиот нов свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/5 стр. 4-6

Може ли богатството да те направи среќен?

Цар Соломон ја знаел вредноста на парите. Тој напишал: „Гоштевања се приредуваат заради наслада и виното го весели животот; а сѐ прави среброто“ (Проповедник 10:19). Ручањето со пријателите може да биде многу пријатно, но за да набавиш леб или вино, ти требаат пари. Бидејќи парите се средството со кое се набавуваат материјалните работи, тие ‚прават сѐ‘.

ИАКО Соломон бил баснословно богат, тој знаел дека богатството има свои ограничувања. Сфатил дека материјалистичкиот начин на живот не ја отклучува вратата кон среќата. Тој напишал: „Кој го љуби среброто, со сребро нема да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има корист од тоа“ (Проповедник 5:9).

Претпостави си едно имашливо лице кое стекнува сѐ поголемо богатство. Соломон вели: „Кога добрите работи стануваат многу, сигурно стануваат многу и оние кои ги јадат“ (Проповедник 5:11, NW). Како што се зголемуваат „добрите работи“, односно поседи на некое лице, потребни се повеќе луѓе за да се грижат за нив. Мајстори за поправките, домари, слуги, луѓе за обезбедување и други — сите тие мораат да бидат платени за нивните услуги. Тоа, пак, од своја страна бара уште повеќе пари.

Таква една ситуација има директно влијание врз среќата на лицето. Грчкиот историчар Ксенофон, кој живеел во четвртиот век пр. н. е., ги запишал коментарите на еден сиромав човек кој станал богат:

„Па, дали ти всушност претпоставуваше . . . дека колку повеќе поседувам толку посреќно ќе живеам? Не си свесен“, продолжил тој, „дека тоа не ми дава ниту една трошка поголемо задоволство во јадењето, во пиењето и во спиењето сега отколку кога бев сиромав. Единствена моја добивка од поседувањето толку многу е тоа што сум принуден да се грижам за повеќемина, да делам повеќе на другите и да си имам проблеми — да се грижам за повеќемина за разлика од порано. За сега, многу домашни зависат од мене за храна, за пиење и за облека, додека на некои им требаат лекари; некој, пак, доаѓа кај мене со некоја приказна за тоа како овците биле нападнати од волци, или како волот умрел паѓајќи во амбис, или да ми кажат дека меѓу стоката избила некоја болест. И така, ми се чини . . . како да имам повеќе неволја сега кога поседувам повеќе, отколку што имав кога поседував малку“.

Друга причина зошто луѓето се стремат кон повеќе богатство е тоа што тие се залажани од она што Исус Христос го нарекол „измамничката моќ на богатството“ (Матеј 13:22, NW). Измамени се бидејќи во тоа богатство, кое толку горливо го бараат, никогаш не го наоѓаат задоволството или среќата што очекувале да ја најдат. Резонираат дека она што не успева да го стори ограниченото богатство, поголемото богатство ќе успее. Затоа, постои константно тежнеење кон сѐ повеќе.

Љубовта кон парите не води кон среќа

Грижата за своите поседи може да го спречи богатиот човек да ужива мирен ноќен одмор. Соломон пишува: „Сладок е сонот на оној што служи, без разлика јадел тој малку или многу; но изобилството што му припаѓа на богатиот, не му дава да спие“ (Проповедник 5:12, NW).

Кога загриженоста за можната загуба на богатството е доведена до немај-каде, тоа со себе повлекува повеќе отколку само недостиг на сон. Опишувајќи го скржавецот, Соломон пишува: „А тој во текот на целиот живот јадел во темно, и многу се грижел [со многу вознемиреност, NW], ожалостувал и јадосувал“ (Проповедник 5:16). Наместо да најде среќа во своето богатство, тој јаде ‚со вознемиреност‘, како нерадо да ги дава дури и парите кои мора да ги потроши за храна. Едно такво нездраво ментално гледиште може да придонесе за слабо здравје. Од своја страна, пак, слабото здравје придодава кон тегобната загриженост на скржавецот, бидејќи тоа го спречува да трупа уште поголемо богатство.

Можеби ова те потсетува на она што го напишал апостол Павле: „А оние, што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во примки и во многу неразумни и штетни желби, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел. Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на кое што некои . . . си навлекоа [се испроболе со, NW] многу маки“ (1. Тимотеј 6:9, 10). Тежнеејќи по пари, луѓето мамат, лажат, крадат, се проституираат, па дури и извршуваат убиство. Резултатот од тоа е лице испрободено со емоционални, физички и духовни болки поради обидот да го зграпчи и да го задржи богатството. Зарем ова ти звучи како пат кон среќата? Тешко!

Да бидеме задоволни со она што го имаме

Соломон имал да каже уште повеќе во врска со урамнотеженото гледиште за богатството. Тој напишал: „Како што излегол гол од мајчината утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе. Еве уште што најдов за добро и пријатно: да јаде и да пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои се труди под сонцето преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел“ (Проповедник 5:14, 17).

Овие зборови покажуваат дека среќата не лежи во стремењето да се натрупа богатство за време кое можеби никогаш и нема да дојде за нас. Далеку подобро е да се биде задоволен и да се ужива во резултатите од нашата напорна работа. Апостол Павле изразил слична мисла во своето инспирирано писмо до Тимотеј, велејќи: „Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме. Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:7, 8; спореди Лука 12:16—21).

Клучот на среќата

Соломон поседувал изобилство и богатство и божествена мудрост. Но, среќата тој ја поврзал со мудроста, а не со парите. Тој рекол: „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; таа е поскапа и од скапоцени камења; ни едно зло не може да ѝ се спротивстави; таа им е добро позната на сите, што се приближуваат кон неа, ништо, па и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа. Во десницата нејзина е долгоденствието, а во левицата ѝ е — богатството и честа; од устата ѝ излегува правда; закон и милост носи на јазикот свој; патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се — спокојни. Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои ја запазуваат“ (Изреки 3:13—18).

Зошто мудроста е посупериорна од материјалните поседи? Соломон напишал: „Мудроста служи како заштита, исто како што и парите служат како заштита, но предноста на спознанието е во тоа што мудроста ги чува во живот оние што ја поседуваат“ (Проповедник 7:12, NW). Иако парите обезбедуваат извесна мерка заштита, овозможувајќи му на сопственикот да го купи она што му е потребно, мудроста може да го сочува лицето од преземање ризици кои можат да го загрозат неговиот живот. Вистинската мудрост може не само да го спаси лицето од предвремена смрт туку, бидејќи се темели на исправен страв од Бог, таа ќе води и до стекнување вечен живот.

Зошто божествената мудрост води до среќа? Бидејќи правата среќа може да дојде само од Јехова Бог. Искуството докажува дека вистинска среќа може да се стекне само преку послушност кон Највишиот. Долготрајната среќа зависи од признатата положба кај Бог (Матеј 5:3—10). Применувајќи го она што го учиме од проучувањето на Библијата, ќе ја негуваме „мудроста, што иде одозгора“ (Јаков 3:17). Таа ќе ни даде среќа која богатството не може да ја даде никогаш.

[Слики на страници 4 и 5]

Цар Соломон знаел што го прави човекот среќен. А ти?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели