ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/5 стр. 3
  • Цар со богатство и со мудрост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Цар со богатство и со мудрост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сличен материјал
  • Може ли богатството да те направи среќен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Дали богатството на цар Соломон е преувеличено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Соломон — добар пример или предупредување за нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Мудриот цар Соломон
    Библијата — која е нејзината порака?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/5 стр. 3

Цар со богатство и со мудрост

Дали мислиш дека богатството би те направило среќен? Доколку некој ти даде една огромна сума пари, зарем не би бил задоволен? Веројатно би бил. Најверојатно би можел да размислуваш како да ја потрошиш.

МОРА да се признае, има да се купат изобилство работи за да го направиш животот поудобен и порадосен. Парите можат да служат и „како заштита“ од неочекувани проблеми, како што се болест или невработеност (Проповедник 7:12, NW).

Но, каков е односот меѓу парите и среќата? Дали мислиш, како многумина, дека среќата е нуспроизвод на богатството? Можеби е тешко да се најдат одговорите на овие прашања бидејќи парите лесно можат да се измерат, односно избројат, додека среќата не може. Не можеш среќата да ја ставиш на вага и да ја измериш.

Потоа, исто така, некои богати луѓе изгледаат среќни, додека други се јадни. Истото е случај и со оние кои се сиромашни. Сепак, повеќето луѓе — па дури и оние кои веќе се имашливи — веруваат дека повеќе пари ќе им донесат поголема среќа.

Еден човек кој пишувал во врска со тие работи, бил цар Соломон од древниот Израел. Тој бил еден од најбогатите луѓе кои некогаш живееле. Опис за неговото огромно богатство можеш да прочиташ во 10. поглавје од библиската книга Трета Царства. На пример, забележи дека стих 14 наведува: „Златото, што му доаѓаше на Соломона секоја година, тежеше шестотини шеесет и шест таланти“. Таа бројка е еднаква на 25 тони злато. Денес, тоа злато би вредело над 200.000.000 американски долари!

Сепак, Соломон не бил само богат; тој бил благословен од Бог со мудрост. Библијата раскажува: „Цар Соломон ги надминуваше сите земни цареви по богатството и мудроста. И сите земни цареви сакаа да го видат Соломона, за да ја послушаат мудроста негова, која Бог ја беше ставил во срцето негово“ (3. Царства 10:23, 24). И ние можеме да извлечеме корист од Соломоновата мудрост, бидејќи неговите списи сочинуваат дел од библискиот запис. Да видиме што имал тој да каже во врска со односот меѓу богатството и среќата.

[Извор на слика на страница 3]

Умножено од Die Heilige Schrift - Übersetzt von Dr. Joseph Franz von Allioli. Druck und Verlag von Eduard Hallberger, Штутгарт

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели