ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g18 Бр. 3 стр. 6-13
  • Како да ја поднесеш тагата — што можеш да направиш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ја поднесеш тагата — што можеш да направиш
  • Разбудете се! 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. ПРИФАТИ ЈА ПОДДРШКАТА ОД СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ
  • 2. ВНИМАВАЈ НА ИСХРАНАТА И РЕДОВНО ВЕЖБАЈ
  • 3. СПИЈ ДОВОЛНО
  • 4. БИДИ ПРИСПОСОБЛИВ
  • 5. ЧУВАЈ СЕ ОД ШТЕТНИ НАВИКИ
  • 6. ОДВОЈ СИ ВРЕМЕ ЗА ДРУГИ АКТИВНОСТИ
  • 7. ВОСПОСТАВИ РУТИНА
  • 8. НЕ НОСИ ВАЖНИ ОДЛУКИ ВО СКОРО ВРЕМЕ
  • 9. ПРИСЕТУВАЈ СЕ НА МОМЕНТИТЕ СО ТВОЈОТ БЛИЗОК
  • 10. ИЗЛЕЗИ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО
  • 11. ПОМАГАЈ ИМ НА ДРУГИТЕ
  • 12. ПРЕИСПИТАЈ ГИ СВОИТЕ ЦЕЛИ
  • Како да живеам со својата тага?
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • Во ова списание: Помош за ужалените
    Разбудете се! 2018
  • Помош за оние што тагуваат
    Разбудете се! 2011
  • Што да очекуваш
    Разбудете се! 2018
Повеќе
Разбудете се! 2018
g18 Бр. 3 стр. 6-13
Луѓе летаат змеј покрај море и се сликаат

ПОМОШ ЗА УЖАЛЕНИТЕ

Како да ја поднесеш тагата — што можеш да направиш

Ако бараш совети за тоа како полесно да ја поднесеш тагата, веројатно ќе наидеш на безброј идеи. Некои се корисни, а некои не толку. Можеби тоа е затоа што, како што спомнавме претходно, секој човек тагува на различен начин. Нешто што му помага на еден, не значи дека ќе му помогне и на друг.

Сепак, постојат некои практични совети кои им помогнале на многумина. Тие честопати се спомнувани од стручњаците за ментално здравје. Мудрите начела кои стојат зад овие совети никогаш не застаруваат. Тие потекнуваат од една древна книга, Библијата.

1. ПРИФАТИ ЈА ПОДДРШКАТА ОД СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ

  • Луѓе летаат змеј покрај море и се сликаат

    Некои стручњаци сметаат дека ова е најважната работа која може да ти помогне да ја пребродиш загубата. Но, понекогаш, можеби ќе сакаш да бидеш сам. Можеби оние што сакаат да ти помогнат дури ќе ти одат на нерви. Ова е сосем нормално.

  • Немој да мислиш дека секогаш мора да бидеш со луѓе. Од друга страна, немој целосно да се повлечеш од другите. Можеби во иднина ќе ти треба нивната помош. На љубезен начин кажи им што ти е потребно во моментот, а што не.

  • Биди урамнотежен и, според твоите потреби, одреди колку време е добро да поминуваш со други луѓе, а колку сам.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Подобро им е на двајца отколку на еден... Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го подигне другарот свој“ (Проповедник 4:9, 10).

2. ВНИМАВАЈ НА ИСХРАНАТА И РЕДОВНО ВЕЖБАЈ

  • Разновидната исхрана ќе ти помогне да се справиш со стресот кој го предизвикува загубата. Труди се да јадеш различни видови овошје, зеленчук и немасни протеини.

  • Пиј многу вода и други здрави напитоци.

  • Ако ти е намален апетитот, јади помали оброци, но почесто. Би можел да го прашаш својот лекар дали да земеш некои додатоци во исхраната.a

  • Брзото одење и други физички вежби можат да ти помогнат да се чувствуваш подобро. Некои гледаат на вежбањето како на прилика во која можат да размислуваат за загубата и за промената во животот. А на други, пак, вежбањето им помага да ги оттргнат мислите од смртта на својот близок.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Никој не го мрази сопственото тело, туку го храни и се грижи за него“ (Ефешаните 5:29, Радосна вест).

3. СПИЈ ДОВОЛНО

  • Кревет

    Сонот е важен за секого, но особено е важен за оние на кои им починал некој затоа што поради тагата можат да чувствуваат многу поголем умор.

  • Внимавај колкава количина на кофеин и алкохол внесуваш бидејќи тие можат да влијаат врз сонот.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Подобар е еден грст одмор отколку два грста труд и трчање по ветар“ (Проповедник 4:6).

4. БИДИ ПРИСПОСОБЛИВ

  • Една ужалена жена ѝ кажува на една пријателка како се чувствува

    Имај на ум дека секој тагува на различен начин. Ти треба да видиш кој начин е најдобар за тебе.

  • Многумина сфатиле дека им помага тоа што ќе ја споделат тагата со некого, а други не сакаат да ја изразат својата тага. Експертите имаат различни мислења за тоа дали изразувањето на чувствата е неопходно за полесно да се поднесе тагата. Доколку чувствуваш потреба да зборуваш со некого, но се колебаш, можеби ќе ти биде полесно ако почнеш малку по малку да ги споделуваш своите чувства со некој близок пријател.

  • Некои луѓе сфатиле дека плачењето им помага да се справат со тагата, а се чини дека други добро се справуваат иако не плачат многу.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Секој ја знае својата неволја и својата болка“ (2. Летописи 6:29).

5. ЧУВАЈ СЕ ОД ШТЕТНИ НАВИКИ

  • Еден човек пие алкохол

    Некои што изгубиле близок се обидуваат да си ја олеснат емоционалната болка преку злоупотреба на алкохол, дрога или лекови. Со ваквиот „излез“ само си наштетуваат себеси. Можеби моментално се чувствуваат подобро, но долгорочните последици ќе бидат катастрофални. Труди се да се справиш со болката на некои побезопасни начини.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Да се исчистиме од секоја валканост“ (2. Коринќаните 7:1).

6. ОДВОЈ СИ ВРЕМЕ ЗА ДРУГИ АКТИВНОСТИ

  • Многумина увиделе дека им користи тоа што наместо цело време да тагуваат (да ги доживуваат чувствата и да се справуваат со нив) ќе си одредат повремени паузи (активности кои привремено ќе им ги оттргнат мислите од болката и тагата).

  • На пример, можеш да се трудиш да склопиш нови пријателства или да ги зајакнеш старите, да стекнеш нови вештини или да се рекреираш.

  • Како што минува времето, ќе забележиш промена. Можеби ќе видиш дека сѐ помалку време и сѐ поретко чувствуваш силна тага. Тоа е природен дел од процесот на закрепнување.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Сѐ си има свое време... време за плачење и време за смеење; време за тагување и време за танцување“ (Проповедник 3:1, 4).

7. ВОСПОСТАВИ РУТИНА

  • Една жена го запишува својот распоред во календар

    Труди се колку што е можно поскоро да воспоставиш една нормална рутина.

  • Ако имаш утврден распоред за работа, за спиење и за други активности, веројатно ќе почувствуваш дека полека работите си доаѓаат на свое место.

  • Тоа што ќе бидеш зафатен со позитивни активности ќе ти помогне да ги ублажиш тагата и болката.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Добро користете го времето што го имате“ (Ефешаните 5:16, фуснота).

8. НЕ НОСИ ВАЖНИ ОДЛУКИ ВО СКОРО ВРЕМЕ

  • Многумина кои донеле важни одлуки кратко време откако нивниот близок починал подоцна се покајале.

  • Ако е можно, дозволи да помине еден разумен временски период пред да се преселиш, да ја смениш работата или пред да одлучиш што ќе правиш со личните работи на твојот близок.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Плановите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист, а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија“ (Изреки 21:5, фуснота).

9. ПРИСЕТУВАЈ СЕ НА МОМЕНТИТЕ СО ТВОЈОТ БЛИЗОК

  • Еден човек им покажува на пријателите фотографии од својата почината жена

    Многумина од оние кои изгубиле некој близок увиделе дека е корисно да прават работи кои им помагаат да ги зачуваат спомените.

  • Тоа што ќе собираш слики или предмети, или ќе си напишеш споменар со настани и моменти кои не сакаш да ги заборавиш може да ти помогне да се чувствуваш подобро.

  • Чувај ги работите кои ти навраќаат убави спомени и подоцна, кога ќе се чувствуваш спремен, разгледувај ги.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Сети се на старите денови“ (5. Мојсеева 32:7, Превод на МПЦ).

10. ИЗЛЕЗИ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО

  • Можеби е добро да отидеш на одмор.

  • Ако не можеш да одиш на подолг одмор, би можел барем ден или два да правиш нешто интересно, на пример, да отидеш на планинарење, да посетиш некој музеј или да отидеш на излет.

  • Тоа што дури и за кратко ќе излезеш од секојдневието може да ти помогне полесно да ја поднесеш тагата.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Дојдете со мене на едно осамено место и одморете се малку“ (Марко 6:31).

11. ПОМАГАЈ ИМ НА ДРУГИТЕ

  • Една помлада жена ѝ помага на една постара жена околу пазарувањето

    Имај на ум дека тоа што ќе одвоиш време за другите, ќе ти помогне да се чувствуваш подобро.

  • На почетокот би можел да им помагаш на оние кои исто така се погодени од загубата на твојот близок, како што се пријателите и роднините на кои им е потребен некој со кој ќе ја споделат својата тага.

  • Ако им помагаш на другите и ги тешиш, може повторно да почувствуваш радост и да добиеш мотивација да продолжиш понатаму.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).

12. ПРЕИСПИТАЈ ГИ СВОИТЕ ЦЕЛИ

  • Загубата може да ти помогне да сфатиш што е навистина важно.

  • Искористи го овој период за да размислиш на што го трошиш животот.

  • Доколку е потребно, направи промена во твоите цели.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Подобро е да одиш во куќа каде што плачат отколку во куќа каде што се гоштаваат, бидејќи таков му е крајот на секој човек. Кој е жив, нека го земе тоа присрце“ (Проповедник 7:2).

КАКО ДА ЈА ПОДНЕСЕШ ТАГАТА | ПРЕДЛОЗИ

  • 1. ПРИФАТИ ЈА ПОДДРШКАТА ОД СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ

    Биди урамнотежен и, според твоите потреби, одреди колку време е добро да поминуваш со други луѓе, а колку сам.

  • 2. ВНИМАВАЈ НА ИСХРАНАТА И РЕДОВНО ВЕЖБАЈ

    Храни се здраво, пиј многу вода и вежбај умерено.

  • 3. СПИЈ ДОВОЛНО

    Не заборавај дека сонот е многу важен за да можеш да се справиш со тагата која те исцрпува.

  • 4. БИДИ ПРИСПОСОБЛИВ

    Имај на ум дека секој тагува на различен начин. Ти треба да видиш кој начин е најдобар за тебе.

  • 5. ЧУВАЈ СЕ ОД ШТЕТНИ НАВИКИ

    Немој да бараш „излез“ во алкохолот или дрогата — така уште повеќе ќе си наштетиш.

  • 6. ОДВОЈ СИ ВРЕМЕ ЗА ДРУГИ АКТИВНОСТИ

    Наместо цело време да тагуваш, одвој си време за дружење и рекреација.

  • 7. ВОСПОСТАВИ РУТИНА

    Ако имаш добар и исполнет распоред, веројатно ќе почувствуваш дека работите полека си доаѓаат на свое место.

  • 8. НЕ НОСИ ВАЖНИ ОДЛУКИ ВО СКОРО ВРЕМЕ

    Ако е можно, почекај да помине една година или повеќе пред да донесеш важни одлуки за кои подоцна би можел да се каеш.

  • 9. ПРИСЕТУВАЈ СЕ НА МОМЕНТИТЕ СО ТВОЈОТ БЛИЗОК

    Собирај си слики и предмети или, пак, напиши си споменар за да ги зачуваш спомените за твојот близок кој починал.

  • 10. ИЗЛЕЗИ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО

    Одвој си време за да излезеш од секојдневието — ако не можеш за подолго, барем за ден или пола ден.

  • 11. ПОМАГАЈ ИМ НА ДРУГИТЕ

    За да добиеш мотивација да продолжиш понатаму, помагај им на другите, вклучувајќи ги и оние кои исто така се погодени од загубата на твојот близок.

  • 12. ПРЕИСПИТАЈ ГИ СВОИТЕ ЦЕЛИ

    Искористи го овој период за да размислиш што е навистина важно и, доколку е потребно, направи промена во твоите цели.

Точно е дека не постои нешто што може целосно да ја избрише болката што ја чувствуваш. Сепак, многумина на кои им починал некој близок, можат од искуство да потврдат дека некои практични работи, како што се советите спомнати во оваа статија, им помогнале да најдат утеха. Се разбира, постојат и многу други работи кои можат да ти помогнат полесно да ја поднесеш тагата. Но, доколку примениш некои од овие совети, може да почувствуваш големо олеснување.

a Разбудете се! не се залага за одреден вид здравствена грижа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели