Вовед
Секој човек во текот на животот се соочува со некаква трагедија — можеби болест, несреќен случај, природна катастрофа или насилство.
Луѓето сакаат да знаат зошто страдаат.
Некои луѓе страдањето го припишуваат на судбина и сметаат дека немаме скоро никаква контрола врз она што ни се случува.
Други веруваат во карма. Тие велат дека страдаме затоа што порано во животот, или во некој претходен живот, сме направиле нешто лошо.
Кога ќе се случи трагедија, луѓето имаат повеќе прашања отколку одговори.