ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 3 стр. 12-13
  • Покажувај љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажувај љубов
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Коренот на проблемот
  • Библиско начело
  • Што можеш да направиш
  • Тие ги надминале предрасудите
    Разбудете се! 2020
  • Предрасуди — дали ги носиш во себе?
    Разбудете се! 2020
  • Се борев против неправдите
    Библијата менува животи
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 3 стр. 12-13
Една Индијка ѝ го носи по скали ќесето со намирници на една постара белка.

Покажувај љубов

Коренот на проблемот

Предрасудите не се искоренуваат преку ноќ. Исто како што треба време за да се победи еден вирус, така треба време и за да се победат предрасудите. Што ќе ти помогне да ги искорениш предрасудите што ги имаш?

Библиско начело

Слики: 1. Еден Азиец му ја придржува вратата на еден црнец кој носи шолји со кафе. 2. Црнецот им носи кафе на колегите, меѓу кои е и Индијката од претходната слика.

„Облечете се во љубов, зашто таа совршено ве поврзува“ (КОЛОШАНИТЕ 3:14).

Што учиме од ова? Кога им правиме добро на другите, тоа нѐ зближува со нив. Колку повеќе ги сакаме толку помалку предрасуди имаме. И колку поголема е нашата љубов толку помалку место за омраза ќе има во нашето срце.

Што можеш да направиш

Слики: 1. Една постара белка на која една Индијка ѝ го носи по скали ќесето со намирници. 2. Постарата белка му носи колачиња на својот сосед, Азиецот од претходната слика.

Размисли на кои конкретни начини можеш да покажеш дека ги сакаш луѓето што припаѓаат на некоја група за која можеби имаш негативно мислење. И тоа не мора да биде нешто големо. Би можел да пробаш со следниве предлози:

Со секој мал чин на љубов, една по една ги искоренуваш предрасудите од своето срце

  • Покажувај убави манири кон луѓето од таа група така што ќе ја придржиш вратата за некого од нив или ќе му го отстапиш местото во јавен превоз.

  • Пробај да започнеш разговор со нив дури и ако не го зборуваат течно твојот јазик.

  • Биди стрплив кога прават нешто што ти е малку чудно.

  • Покажи сочувство кога ти кажуваат за некои свои проблеми.

Реален пример: Назаре (Гвинеја Бисао)

„Порано имав предрасуди кон мигрантите. Сите зборуваа дека тие мамат само за да добијат социјална помош и дека често го прекршуваат законот. Затоа ми беше тешко да ги прифатам. Но, на тоа не гледав како на предрасуди бидејќи повеќето луѓе имаа такво гледиште за мигрантите.

Меѓутоа, со текот на времето сфатив дека мојот негативен став кон мигрантите е сепак предрасуда. Практичните совети од Библијата ми помогнаа да бидам пољубезна со нив. Сега повеќе не ги избегнувам. Напротив, ги поздравувам и разговарам со нив. Се трудам да ги запознаам како личности. Сега имам многу подобро мислење за нив и пријатно ми е во нивно друштво.“

„Се борев против неправдите“

Рафика Морис.

Рафика се придружила на една револуционерна група која се борела против расните неправди. Но, кога присуствувала на еден конгрес на Јеховините сведоци, конечно го нашла единството што цел живот го барала.

Гледај го видеоклипот Рафика Морис: Се борев против неправдите. Овој видеоклип можеш да го најдеш на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели