ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g23 Бр. 1 стр. 6-8
  • Океаните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Океаните
  • Разбудете се! 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каква опасност им се заканува на океаните
  • Планета која е создадена за да опстане
  • Што се прави за да се реши проблемот
  • Причини за оптимизам — што вели Библијата
  • „Богатството на морето“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Содржина
    Разбудете се! 2023
  • Зошто морето е солено?
    Разбудете се! 2006
  • Жива планета
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2023
g23 Бр. 1 стр. 6-8
Еден нуркач кој плива во еден океан е опкружен со разнобојни риби, корали и морски растенија.

Georgette Douwma/​Stone via Getty Images

ИМА ЛИ СПАС ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА?

ОКЕАНИТЕ

ОКЕАНИТЕ се извор не само на голем дел од храната што ја јадеме туку и на многу состојки што се користат за да се прават лекови. Океаните произведуваат повеќе од половина од кислородот во светот и ги апсорбираат емисиите на јаглерод диоксид кои се резултат на човечка активност. Освен тоа, океаните ја регулираат климата.

Каква опасност им се заканува на океаните

Климатските промени влијаат штетно врз коралните гребени, врз школките и раковите, како и врз останатиот подводен свет. Научниците предупредуваат дека речиси сите гребени — кои поддржуваат најмалку четвртина од сиот познат жив свет во морињата — би можеле да изумрат во следните 30 години.

Експертите проценуваат дека до 90 отсто од морските птици можеби изеле некаква пластика, и се смета дека поради пластиката која се наоѓа во океаните секоја година угинуваат милиони морски животни.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во 2022 год. изјавил: „Океаните ги земаме здраво за готово, и во моментов се соочуваме со она што јас би го нарекол ’ургентна состојба на океаните‘“.

Планета која е создадена за да опстане

Океаните и живиот свет во нив се создадени самите да се прочистуваат и да се одржуваат во добра состојба под услов луѓето да не ги загадуваат во голема мера. Една книга објаснува дека, кога еден дел од морето не е изложен на индустриско загадување, „процесите преку кои океаните самите се обновуваат се одвиваат непречено“ (Regeneration: Ending the Climate Crisis in One Generation). Да разгледаме неколку примери:

  • Ситни организми наречени фитопланктони консумираат и складираат јаглерод диоксид — гас кој се смета дека е главен причинител на глобалното затоплување. Само фитопланктоните складираат речиси иста количина јаглерод диоксид колку што складираат сите дрвја, тревите и другите копнени растенија на Земјата заедно.

  • Микробите се хранат со остатоците од мртвите риби, кои во спротивно би ги загадиле океаните. Потоа, микробите стануваат храна за други морски суштества. Според интернет-страницата за океаните од Смитсоновиот институт, оваа заедничка соработка „придонесува океаните да бидат чисти“.

  • Многу океански суштества преку својот дигестивен систем ја претвораат киселата вода во океаните — која им штети на коралите, школките и раковите, како и на други суштества — во поздрава алкална вода.

    ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

    Морската трева и здравјето на океаните

    Напречен пресек на море прикажува бранови кои се приближуваат до плажата. Се гледаат морското дно, морска трева и морски суштества. Како што брановите се приближуваат до брегот, морската трева ги намалува големината и брзината на брановите и го задржува седиментот. Риби и други морски суштества наоѓаат храна во тревата. Водата која стигнува до брегот е чиста, и брановите се помали.

    Морските треви го заробуваат и го задржуваат подводниот седимент, со што придонесуваат за зацврстување на песокливото дно. Тие ги штитат коралите од болести, па дури и го заштитуваат брегот со тоа што ја намалуваат разорната моќ на брановите и ја ограничуваат ерозијата.

Што се прави за да се реши проблемот

Слики: 1. Еден човек вади намирници од една торба за повеќекратна употреба во својата кујна. 2. Една жена полни шише за повеќекратна употреба со вода од кујнската чешма.

Со тоа што користиме торби и шишиња за вода за повеќекратна употреба, придонесуваме да се намали пластичниот отпад во океаните

Отпадот кој никогаш нема да влезе во океаните никогаш нема да мора да биде отстранет. Затоа експертите ги поттикнуваат луѓето да користат торби, прибор и садови кои се за повеќекратна употреба, а не пластични кои се користат само еднаш, а потоа се фрлаат во ѓубре.

Но, ова не е доволно. Неодамна, една организација за заштита на животната средина за една година собрала околу 8.300 тони отпад исфрлен од океаните на брегот на 112 земји. Сепак, тоа е само илјадити дел од ѓубрето кое што секоја година влегува во океаните.

Списанието Нешнл Џиографик известило дека „закиселувањето [на океаните] е дојдено до точка од која веројатно нема враќање“. Морските суштества се „во борба со глобалната економија, чиј темел се евтините фосилни горива. Ова воопшто не е фер борба“.

Причини за оптимизам — што вели Библијата

„Полна е земјата со твоите творби. А во ова море, толку големо и широко, се движат животни без број, суштества мали и големи“ (Псалм 104:24, 25).

Нашиот Творец ги создал океаните и нивната способност самите да се прочистуваат. Размисли: Ако тој знае толку многу за морињата и за сиот жив свет во нив, зарем не е логично да заклучиме дека може и да ја поправи штетата која им се нанесува на океаните? Види ја статијата „Бог ветува дека нашата планета ќе опстане“, која се наоѓа на страница 15.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Белогрлест делфин плива во океан.

Blue Planet Archive/​Doug Perrine

Научниците откриле од едно морско суштество како да ги чистат труповите на големите бродови од морски организми без да користат отровни хемикалии. Прочитај ја статијата „Чудесната кожа на белогрлестиот делфин“ на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели