ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 59
  • Зошто Давид мора да бега

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Давид мора да бега
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Давид и Саул
    Поуки од Библијата
  • Давид станува цар
    Мојата книга со библиски приказни
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Послушноста е подобра од жртвите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 59

Приказна 59

Зошто Давид мора да бега

ОТКАКО Давид го убил Голијат, израелскиот заповедник Авенир го довел кај Саул. Саул бил многу задоволен со Давид. Тој го поставил за заповедник на својата војска и го зел да живее во царскиот дом.

Подоцна, кога војската се враќала по победата над Филистејците, жените пееле: ‚Саул уби илјади, но Давид десетици илјади‘. Саул станал љубоморен бидејќи на Давид му укажале поголема чест отколку нему. Но, Сауловиот син Јонатан не бил љубоморен. Тој многу го сакал Давид, а и Давид го сакал Јонатан. Затоа обајцата си ветиле еден на друг дека засекогаш ќе бидат пријатели.

Давид многу добро свирел на харфа, а на Саул многу му се допаѓала неговата музика. Но еден ден, Саул од љубомора направил нешто страшно. Додека Давид свирел на харфа, Саул го зел копјето и го фрлил, велејќи си: ‚Ќе го приковам Давид за ѕидот!‘ Но, Давид отскокнал настрана, и копјето го промашило. Подоцна Саул повторно го промашил Давид со своето копје. Така Давид знаел дека мора да биде многу внимателен.

Се сеќаваш ли на ветувањето што го дал Саул? Тој рекол дека ќе му ја даде својата ќерка за жена на оној што ќе го убие Голијат. Саул на крајот му рекол на Давид дека ќе му ја даде својата ќерка Михала, но прво мора да убие 100 Филистејци, кои им биле непријатели. Замисли! Саул, всушност, се надевал дека Филистејците ќе го убијат Давид. Но тие не го убиле, па затоа Саул му ја дал на Давид својата ќерка за жена.

Еден ден, Саул им кажал на Јонатан и на сите свои слуги дека сака да го убие Давид. Но Јонатан му рекол на татко си: ‚Не прави му ништо лошо на Давид. Тој никогаш не ти погрешил. Напротив, сѐ што направи беше од голема помош за тебе. Го ризикуваше својот живот кога го уби Голијат, а тебе ти беше мило кога го виде тоа‘.

Саул го послушал својот син и ветил дека нема да му направи ништо лошо на Давид. Тогаш го довеле назад, и Давид повторно му служел на Саул во неговиот дом исто како порано. Но, еден ден, додека Давид свирел, Саул повторно го гаѓал со копје. Давид отскокнал настрана, и копјето удрило во ѕидот. Ова било третпат! Давид сега знаел дека мора да бега!

Таа ноќ Давид си отишол дома. Но, Саул испратил неколку луѓе за да го убијат. Михала знаела што планирал татко ѝ, па затоа му рекла на својот маж: ‚Ако не побегнеш ноќеска, утре ќе бидеш мртов‘. Таа ноќ Михала му помогнала на Давид да избега низ прозорец. Околу седум години Давид морал да се крие од едно место во друго за Саул да не го најде.

1. Самоилова 17:55-58; 18:1-30; 19:1-18.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели