ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/8 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Давид и Саул
    Поуки од Библијата
  • Зошто Давид мора да бега
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Послушноста е подобра од жртвите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Давид станува цар
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/8 стр. 31

Прашања од читателите

Зошто цар Саул го прашал Давид: „Чиј син си ти, младичу?“ откако Давид го убил Голијат, кога пред тоа самиот Саул испратил гласници да го повикаат Давид за да стапи во негова служба? (1. Самоилова 16:22; 17:58).

Наједноставниот одговор би бил дека Саул заборавил кој е Давид бидејќи нивниот прв разговор бил краток. Но, тоа не е многу веројатно, бидејќи извештајот од 1. Самоилова 16:18-23 покажува дека цар Саул лично испратил гласници да го доведат Давид во дворецот, а подоцна го засакал и го поставил за свој штитоносец. Тоа значи дека мора добро да се знаел со Давид.

Некои изучувачи на Библијата сметаат дека стиховите од 1. Самоилова 17:12-31 и 17:55 — 18:5 се подоцна додадени, бидејќи ги нема во некои примероци од грчката Септуагинта, која е превод на Хебрејските списи завршен во 2 век пр.н.е. Но, не е мудро да се извлече таков заклучок само врз основа на тие примероци од Септуагинта-та, затоа што тие стихови се појавуваат во други меродавни манускрипти на Хебрејските списи.a

Саул му го поставил прашањето прво на Авенир, а потоа и на самиот Давид. Тоа покажува дека со прашањето сакал да дознае нешто друго, а не само името на татко му на Давид. Кога Давид го победил Голијат, Саул го видел во сосема поинакво светло — како млад човек со голема вера и храброст — па затоа сакал да знае каков е тој човек што воспитал таков син. Можеби Саул имал намера да го земе во својата војска Давидовиот татко, Јесеј, или некој друг од неговото семејство, ако и тој бил исто толку храбар јунак како Давид.

Иако во 1. Самоилова 17:58 стои дека Давид само кратко одговорил: „Јас сум син на твојот слуга Јесеј од Витлеем“, следните зборови укажуваат на многу подолг разговор. Во врска со тоа, изучувачите К. Ф. Кајл и Ф. Делич рекле: „Од изразот ‚кога Давид го заврши разговорот со Саул‘, што се наоѓа во [1. Самоилова 18:1], многу јасно се гледа дека Саул продолжил да го распрашува [Давид] за семејството, бидејќи самите зборови укажуваат на подолг разговор“.

Од ова можеме да заклучиме дека со прашањето: „Чиј син си ти, младичу?“, Саул сакал да дознае во какви услови пораснал Давид, а не само како се вика татко му.

[Фуснота]

a Во врска со веродостојноста на пасусите што се испуштени во Септуагинта-та, види во енциклопедијата Увид во Светото писмо (Insight on the Scriptures), том 2, страница 855, издадена од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 31]

Зошто Саул го прашал Давид чиј син е?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели