ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 61
  • Давид станува цар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Давид станува цар
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Давид и Саул
    Поуки од Библијата
  • Зошто Давид мора да бега
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Научи ме да ја вршам твојата волја“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 61

Приказна 61

Давид станува цар

САУЛ повторно се обидел да го фати Давид. Тој зел 3.000 од своите најдобри војници и тргнал да го бара. Кога дознал за тоа, Давид испратил извидувачи да дознаат каде ќе логоруваат таа ноќ Саул и неговите луѓе. Тогаш прашал двајца свои луѓе: ‚Кој од вас ќе дојде со мене во логорот на Саул?‘

‚Јас ќе дојдам‘, одговорил Ависај. Ависај бил син на Давидовата сестра Серуја. Додека Саул и неговите луѓе спиеле, Давид и Ависај тивко се вовлекле во логорот. Тие му ги зеле на Саул копјето и неговиот сад за вода, кои му стоеле до главата. Никој ниту ги видел ниту ги чул затоа што сите длабоко спиеле.

Види ги Давид и Ависај на сликата. Тие веќе заминале и отишле на безбедно место на врвот од ридот. Давид му викнал на заповедникот на израелската војска: ‚Авенир, зошто не го чуваше својот господар, царот? Види! Каде му се копјето и садот за вода?‘

Саул се разбудил. Тој го препознал гласот на Давид и прашал: ‚Дали си тоа ти, Давиде?‘ Можеш ли да ги видиш Саул и Авенир на долната слика?

‚Да, господару мој, царе‘, му одговорил Давид на Саул, а потоа го прашал: ‚Зошто се обидуваш да ме фатиш? Што лошо сум ти направил? Еве го твоето копје, о цару. Нека дојде еден од твоите луѓе и нека го земе‘.

‚Јас погрешив‘, признал Саул. ‚Јас постапив неразумно.‘ Тогаш Давид си отишол по својот пат, а Саул се вратил дома. Но Давид си рекол себеси: ‚Еден ден Саул ќе ме убие. Треба да избегам во земјата на Филистејците‘. И токму тоа го направил. Давид успеал да ги измами Филистејците и да ги натера да веруваат дека тој е на нивна страна.

По некое време, Филистејците излегле да се борат против Израел. Во битката биле убиени Саул и Јонатан. Ова многу го растажило Давид, па затоа тој напишал една убава песна во која пеел: ‚Жалам за тебе, брате Јонатане. Колку многу ми беше мил!‘

Потоа Давид се вратил во Израел, во градот Хеврон. Таму се водела војна меѓу оние што за цар го избрале Сауловиот син Исвостеј и тие што сакале Давид да биде цар. Но, на крајот победиле луѓето на Давид. Давид имал 30 години кога станал цар. Седум и пол години владеел во Хеврон. Некои од синовите што му се родиле таму се викале Амнон, Авесалом и Адонија.

Дошло време кога Давид и неговите луѓе тргнале да го освојат убавиот град Ерусалим. Јоав, другиот син на Давидовата сестра Серуја, го презел водството во битката. Затоа Давид го наградил Јоав, поставувајќи го за заповедник на својата војска. Тогаш Давид почнал да владее во градот Ерусалим.

1. Самоилова 26:1-25; 27:1-7; 31:1-6; 2. Самоилова 1:26; 3:1-21; 5:1-10; 1. Летописи 11:1-9.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели