ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 69
  • Едно девојче му помага на еден моќен човек

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Едно девојче му помага на еден моќен човек
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Таа сакала да помогне
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Силниот воин и израелското девојче
    Поуки од Библијата
  • Отпрвин бил тврдоглав, но на крајот послушал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Лакомоста го уништила Гиезиј
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 69

Приказна 69

Едно девојче му помага на еден моќен човек

ЗНАЕШ ЛИ што зборува ова девојче? Тоа ѝ кажува на жената за Јеховиниот пророк Елисеј и за прекрасните работи што Јехова му помага да ги направи. Таа не знае за Јехова бидејќи не е Израелка. Да видиме зошто девојчето е во домот на таа жена.

Жената е Сиријка. Нејзин маж е Нааман, заповедник на сириската војска. Сиријците го заробиле ова девојче од Израел и ѝ го донеле на жената на Нааман за да ѝ биде слугинка.

Нааман имал лоша болест наречена лепра. Од оваа болест на болниот може да му отпаѓа месото. Затоа, еве што ѝ рекло девојчето на жената на Нааман: ‚Би сакала мојот господар да може да појде кај Јеховиниот пророк во Израел. Тој ќе го излечи од лепрата‘. Подоцна, ова му го пренеле на мажот на жената.

Нааман многу сакал да се излечи, па затоа решил да оди во Израел. Кога стигнал таму, отишол во домот на Елисеј. Елисеј му рекол на својот слуга да излезе и да му каже на Нааман да оди и седумпати да се искапе во реката Јордан. Ова многу го налутило Нааман, па рекол: ‚Реките што ги имаме во нашата земја се подобри од сите реки во Израел!‘ Откако го кажал тоа, Нааман си заминал.

Но, еден од неговите слуги му рекол: ‚Господару, да ти речеше Елисеј да направиш нешто тешко, ќе го направеше. А сега, зошто едноставно не се искапиш, како што рече тој?‘ Нааман го послушал својот слуга, па отишол и седумпати се искапил во реката Јордан. Кога го направил тоа, телото му станало цврсто и здраво!

Нааман бил многу среќен. Тој се вратил кај Елисеј и му рекол: ‚Сега сигурно знам дека Богот во Израел е единствениот вистински Бог на целата Земја. Затоа, те молам, земи го овој дар од мене‘. Но, Елисеј му одговорил: ‚Не, нема да го земам‘. Елисеј знаел дека би било погрешно да го земе дарот бидејќи Јехова бил тој што го излечил Нааман. Но, Гиезиј, слугата на Елисеј, сакал да го добие дарот.

Затоа, еве што направил Гиезиј. Откако Нааман заминал, Гиезиј потрчал за да го стигне. ‚Елисеј ме испрати да ти кажам дека би сакал дел од твојот дар за пријателите кои штотуку дојдоа на посета‘, рекол тој. Тоа, се разбира, било лага. Но, Нааман не знаел дека било лага, па затоа му дал на Гиезиј дел од работите.

Кога Гиезиј се вратил дома, Елисеј знаел што направил. Јехова му кажал. Затоа рекол: ‚Поради тоа што ја направи оваа лоша работа, лепрата на Нааман ќе ја добиеш ти‘. Токму тоа се случило, и тоа веднаш!

Што можеме да научиме од сето ова? Прво, дека треба да бидеме како девојчето и да зборуваме за Јехова. Така можеме да им помогнеме на многу луѓе. Второ, не треба да бидеме горди како што бил Нааман на почетокот, туку треба да ги слушаме Божјите слуги. И трето, не треба да лажеме како Гиезиј. Зарем не учиме многу работи од читањето на Библијата?

2. Царевите 5:1-27.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели