ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 51 стр. 124-стр. 125 пас. 2
  • Силниот воин и израелското девојче

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Силниот воин и израелското девојче
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Таа сакала да помогне
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Отпрвин бил тврдоглав, но на крајот послушал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Едно девојче му помага на еден моќен човек
    Мојата книга со библиски приказни
  • Едно мало девојче кое зборувало со смелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 51 стр. 124-стр. 125 пас. 2
Нааман оди кај Елисеј за да оздрави

ПОГЛАВЈЕ 51

Силниот воин и израелското девојче

Во земјата Сирија живеело едно израелско девојче кое било далеку од своето семејство. Тоа било заробено од сириската војска, и станало слугинка на жената на еден воен заповедник кој се викал Нааман. Таму луѓето им служеле на лажни богови, но ова девојче верувало во Јехова.

Нааман имал многу тешка болест на кожата, и постојано имал болки. Девојчето многу сакало да му помогне. Тоа ѝ рекло на жената на Нааман: „Знам кој може да го излекува твојот маж. Во Израел живее еден пророк на Јехова кој се вика Елисеј. Тој може да му помогне“.

Жената на Нааман му кажала на својот маж што рекло девојчето. Бидејќи бил спремен да направи сѐ за да оздрави, Нааман отишол кај Елисеј во неговата куќа во Израел. Тој мислел дека Елисеј ќе го пречека како важна личност. Но, пророкот воопшто не ни излегол, туку го пратил својот слуга да му пренесе на Нааман: „Оди и измиј се седум пати во реката Јордан. Тогаш ќе оздравиш“.

Нааман многу се разочарал. Тој рекол: „Мислев дека пророкот ќе го повикува името на својот Бог и ќе ме излекува со чудо. А тој ми вели да влезам во таа израелска река. Ако е за тоа, ние во Сирија имаме многу подобри реки. Што, зарем не може да се искапам во некоја од нив?“ Нааман налутено си заминал од куќата на Елисеј.

Нааман се капе во реката Јордан и оздравува

Слугите на Нааман му помогнале подобро да размисли. Тие му рекле: „Нели беше спремен да направиш сѐ што треба за да оздравиш? Тоа што ти го рече овој пророк не е нешто тешко. Зошто не го направиш?“ Нааман ги послушал. Отишол кај реката Јордан и се нурнал во водата седум пати. По седмиот пат, Нааман излегол од водата потполно здрав. Тој бил многу среќен, и се вратил кај Елисеј за да му се заблагодари. Нааман му рекол: „Сега знам дека Јехова е вистинскиот Бог“. Што мислиш, како се чувствувало израелското девојче кога Нааман се вратил дома здрав?

„Од устата на малите деца и на доенчињата си прибави фалба“ (Матеј 21:16)

Прашања: Дали на израелското девојче му било лесно да ѝ каже на жената на Нааман за пророкот на Јехова? Што мислиш, што му помогнало на девојчето да биде толку храбро?

2. Царевите 5:1-19; Лука 4:27

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели