ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/6 стр. 24-25
  • Таа сакала да помогне

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Таа сакала да помогне
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Силниот воин и израелското девојче
    Поуки од Библијата
  • Отпрвин бил тврдоглав, но на крајот послушал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Едно девојче му помага на еден моќен човек
    Мојата книга со библиски приказни
  • Едно мало девојче кое зборувало со смелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/6 стр. 24-25

Поучете ги своите деца

Таа сакала да помогне

ДАЛИ познаваш некого што е многу болен? — Би сакал ли да му помогнеш? — Што ако е од некоја друга земја или има друга религија? Дали и тогаш ќе сакаш да му помогнеш? — Едно девојче што живеело во Израел пред речиси 3.000 години сакало да му помогне на еден човек. Да видиме што се случило.

Во тоа време, честопати имало борби меѓу Израел, каде што живеело девојчето, и соседната земја Сирија (1. Царевите 22:1). Еден ден Сиријците го нападнале Израел и ја заробиле оваа мала Израелка. Ја одвеле во Сирија, каде што ѝ станала слугинка на жената на Нааман, заповедникот на сириската војска. Тој имал една лоша болест наречена лепра. На оној што е болен од оваа болест му отпаѓа месото од телото.

Малата слугинка ѝ кажала на жената на Нааман како би можел да се излекува нејзиниот маж. Таа рекла: ‚Да беше Нааман во Самарија, Јеховиниот пророк Елисеј ќе го излекуваше од лепрата‘. Девојчето зборувало за Елисеј толку уверливо што Нааман поверувал дека тој пророк ќе може да го излекува. Затоа, со дозвола од Вен-Адад, царот на Сирија, Нааман и неколку негови слуги тргнале на долг пат од околу 150 километри за да го најдат Елисеј.

Најнапред отишле кај Јорам, царот на Израел. Му го покажале писмото во кое Вен-Адад барал да му се помогне на Нааман. Но, Јорам немал вера во Јехова ниту во пророкот Елисеј. Си помислил дека Вен-Адад сака да започне караница со него. Кога Елисеј го чул тоа, му рекол на цар Јорам: „Нека дојде кај мене“. Елисеј сакал да покаже дека Бог има моќ да го излекува Нааман од тешката болест (2. Царевите 5:1-8).

Кога Нааман пристигнал во домот на Елисеј со своите коњи и бојни коли, Елисеј испратил гласник да му каже: ‚Искапи се седумпати во Јордан и ќе оздравиш‘. Нааман се разлутил. Тој очекувал Елисеј да дојде до него и да поминува со раката над заболеното место за да го излечи од лепрата. Наместо тоа, го видел само овој гласник! Затоа Нааман се налутил и си тргнал дома (2. Царевите 5:9-12).

Што ќе направеше ти да беше еден од слугите на Нааман? — Тие му рекле: ‚Да побараше од тебе Елисеј нешто тешко, зар немаше да го направиш? Па зошто не ја направиш оваа едноставна работа — само да се искапиш и ќе оздравиш?‘ Нааман ги послушал. Слегол и се нурнал во Јордан седум пати, и неговото тело станало како телото на мало дете.

Нааман се вратил кај Елисеј и рекол: „Еве, сега знам дека нема Бог никаде на земјата, освен во Израел“. Му ветил дека никогаш повторно „нема повеќе да им принесува жртви паленици ни други жртви на други богови, освен на Јехова“ (2. Царевите 5:13-17).

Би сакал ли да му помогнеш некому да го запознае Јехова и да дознае што сѐ може да направи тој, како што направило тоа мало девојче? — Кога Исус бил на Земјата, еден човек болен од лепра верувал во него и рекол: ‚Ако навистина сакаш да ми помогнеш, можеш‘. Знаеш ли што одговорил Исус? — „Сакам“. Потоа Исус го излекувал, исто како што Јехова го излекувал Нааман (Матеј 8:2, 3).

Знаеш ли дека Јехова ќе создаде еден нов свет во кој сите луѓе ќе бидат здрави и ќе живеат вечно? — (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4). Тогаш, сигурно ќе сакаш да им ги кажуваш и на другите овие убави работи!

Прашања:

○ Како една мала Израелка му помогнала на Нааман, иако неговите војници ја заробиле?

○ Зошто Нааман во почетокот не сакал да го послуша Елисеј, но што го натерало да се премисли?

○ Што мора многу да сакаш да правиш за да бидеш како тоа девојче?

○ Што сакал да прави Исус, и зошто ќе биде многу убаво да се живее во Божјиот нов свет?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели