ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 3 стр. 20-28
  • Држи се цврсто за Божјата Реч

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Држи се цврсто за Божјата Реч
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што ќе им помогне на другите да ја ценат?
  • Нашето лично читање на Библијата
  • Цврсто држи се за Божјата реч
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Уживај во Божјата реч
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 3 стр. 20-28

Глава 3

Држи се цврсто за Божјата Реч

1. а) Како древните Израелци ја искусиле вистинитоста на Божјата Реч? б) Зошто тоа е од интерес за нас?

„ДОБРО знаете со сето ваше срце и со сета ваша душа дека ниту еден единствен збор од сите добри зборови кои ви ги говореше Јехова, вашиот Бог, не изостана. Сите тие ви се обистинија.“ На тој факт Исус Навин ги потсетил постарите мажи од Израел откако се населиле во Ветената земја. Но во годините кои следеле тие не ја земале доследно при срце Божјата Реч и не ја применувале. Каков бил резултатот? Библијата јасно покажува дека токму како што Јеховините ветувања за благослов се покажале достојни за доверба, така тој го извршува и она што го рекол за последиците од непослушноста (Ис. Нав. 23:14-16, NW). Овој извештај, исто како и целата останата Библија, е зачуван за наша поука — за да „имаме надеж“ и за да не би направиле нешто со што би ја изгубиле таа надеж (Рим. 15:4).

2. а) Во која смисла Библијата е ‚вдахновена од Бог‘? б) Каква одговорност имаме кога го знаеме тоа?

2 Иако биле употребени околу 40 човечки „секретари“ за да ја напишат Библијата, нејзиниот Автор е самиот Јехова. Дали тоа значи дека тој активно управувал со пишувањето на сѐ што е во неа? Да. Како што апостолот Павле точно рекол: „Целото Писмо е од Бога вдахновено“. Бидејќи сме уверени во ова, ние ги поттикнуваме сите луѓе да ѝ обрнат внимание и да живеат според неа, токму како што и ние настојуваме да чиниме (2. Тим. 3:16; 1. Сол. 2:13).

Што ќе им помогне на другите да ја ценат?

3. Кој е најдобриот начин да им се помогне на многумина кои не се уверени дека Библијата е Божја Реч?

3 Секако, многумина со кои разговараме не го делат нашето уверување дека Библијата е навистина Божја Реч. Како можеме да им помогнеме? Честопати, најдобриот начин е да ја отвориме Библијата и да им покажеме што таа содржи. „Словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици . . . и ги проценува мислите и намерите на срцето“ (Евр. 4:12). „Словото Божјо“ е негова реч на ветување, забележана во Библијата. Тоа не е мртва историја, туку жива и незапирливо оди кон своето исполнување. Истовремено, таа ги открива вистинските мотиви на срцето на лицата кои доаѓаат во допир со неа и покажува дали одговараат на нејзините услови. Нејзиното влијание е далеку посилно отколку било што кое ние лично би можеле да го кажеме.

4. Кои едноставни објаснувања на библиските вистини го промениле ставот на некои лица спрема Библијата? Зошто?

4 За многу луѓе било пресвртница само тоа што го виделе Божјето име во Библијата. Други одлучиле да ја проучуваат Библијата кога им било покажано што таа вели за целта на животот, зошто Бог допушта зло, за значењето на настаните во светот или за реалната надеж во врска со Божјето Царство. Во земјите каде што на луѓето често влијаат злите духови преку религиозните обичаи, Библијата побудува интерес затоа што ги објаснува причините за таквите појави и покажува како може да се најде олеснување. Зошто овие мисли толку влијаат на нив? Затоа што Библијата е единствениот извор на веродостојни информации за овие животоважни прашања (Пс. 119:130, NW).

5. Кога некој вели дека не верува во Библијата, која може да биде причината? Како можеме да му помогнеме?

5 Меѓутоа, што ако некој директно ни каже дека не верува во Библијата? Треба ли да се заврши разговорот? Не, ако е спремен со него разумно да се разговара. Ние мораме да чувствуваме одговорност да зборуваме отворено и со увереност во корист на Божјата Реч. Можеби дотичниот ја смета Библијата за книга на христијанството. Можеби забележал лицемерство и вмешаност во политиката, како и неговото постојано просење пари, кое допринело негативно да реагира на Библијата. Прашај го дали е тоа така? Неговиот интерес можеби ќе се зголеми кога ќе дознае дека Библијата го осудува световниот начин на постапување на христијанството, кога ќе ја запознае разликата помеѓу таканареченото и вистинското христијанство. (Спореди Матеј 15:7-9; Јак. 4:4; Мих. 3:11, 12.)

6. а) Што тебе лично те уверило дека Библијата е Божја Реч? б) Кој друг начин на размислување може да се примени за да им помогнеме на луѓето да го ценат тоа дека Библијата е навистина од Бог?

6 За други може да биде од помош отворениот разговор за доказите дека Библијата е инспирирана. Што е за тебе јасен доказ дека Библијата потекнува од Бог? Дали она што самата Библија го вели за своето потекло? (2. Тим. 3:16, 17; Отк. 1:1). Или фактот дека Библијата содржи бројни пророштва кои откриваат детаљно спознание за иднината, пророштва кои поради тоа мора да потекнуваат од натчовечки извор? (2. Петр. 1:20, 21; Иса. 42:9). Дали тоа е можеби библискиот внатрешен склад, иако ја пишувале многу мажи низ период од 1.610 години? Или е тоа нејзината научна точност, за разлика од другите списи од тие времиња? Можеби искреноста на нејзините писатели? Или околноста што останала зачувана и покрај злобните напори да се уништи? Сеедно што влијаело на тебе, истото тоа можеш да го употребиш за да им помогнеш на другите луѓе.

Нашето лично читање на Библијата

7, 8. а) Што треба ние лично да правиме со Библијата? б) Што е потребно покрај личното читање на Библијата, и како тоа произлегува од Библијата? в) Како ти лично си стекнал разбирање на Јеховините намери?

7 Освен што им помагаме на другите да веруваат во Библијата, потребно е и самите редовно да ја читаме. Го правиш ли тоа? Од сите книги кои некогаш биле печатени таа е најважната. Секако, тоа не значи дека ако ја читаме неа не треба да читаме ништо друго. Библијата предупредува да не се изолираме себеси, мислејќи дека можеме сѐ да разбереме сами ако независно истражуваме. Потребно е лично проучување и редовно присуство на состаноците ако сакаме да бидеме урамнотежени христијани (Изреки 18:1, NW; Евр. 10:24, 25).

8 За наша корист Библијата известува за еден етиопски службеник; ангелот го упатил христијанскиот евангелизатор Филип кај него додека службеникот читал од пророштвото на Исаија. Филип го прашал човекот: „Го разбираш ли тоа, што го читаш?“ Етиопјанинот понизно одговорил: „Како ќе можам да разберам, ако некој не ме упати?“ Тој го замолил Филип да му го објасни пасусот од Писмото. А Филип не бил независен читач на Библијата кој тука го изразувал сопственото мислење за Писмата. Не; записите покажуваат дека тој одржувал близок контакт со апостолите во собранието во Ерусалим и дека бил член на Јеховината видлива организација. Затоа можел да му помогне на Етиопјанинот да извлече корист од поуките коишто Јехова ги направил достапни преку таа организација (Дела 6:5, 6; 8:5, 14, 15, 26-35). Слично е и денес; кој од нас стекнал јасно и исправно разбирање на Јеховините намери сам од себе? Напротив, ни била потребна, а и понатаму ни е потребна помошта која Јехова љубезно ни ја пружа преку својата видлива организација.

9. Какви програми на читање на Библијата можат да бидат од корист за сите нас?

9 За да ни помогне да ја користиме и да ја разбереме Библијата, Јеховината организација нѐ снабдува со извонреден библиски материјал во Стражарска кула и сродните публикации. Освен тоа, во собранијата на Јеховините сведоци во Теократската школа на проповедање постои редовен распоред за читање на Библијата. Покрај тоа некои Јеховини сведоци ја читаат Библијата и по свој сопствен план на читање. Може да се добие извлече голема корист од времето што се поминува во истражување на Светото Писмо (Пс. 1:1-3; 19:7, 8, NW). Дали ти лично си ја прочитал целата Библија? Ако не, направи посебни напори да го сториш тоа. Дури и ако не разбираш во потполност сѐ, сеопфатниот преглед што ќе го стекнеш на тој начин ќе ти биде од голема корист. Ако читаш само четири до пет страници на ден, за една година ќе ја прочиташ целата Библија.

10. а) Кога ја читаш Библијата? б) Зошто е важна редовноста?

10 Кога можеш лично да си одредиш време за читање на Библијата? Ако си во можност да одвоиш барем 10 или 15 минути на ден, колку корисно би било тоа! Ако не, барем планирај редовно време за тоа секоја седмица, и потоа држи се за тој план. Читањето на Библијата треба да биде доживотна навика, како што е јадењето. Како што знаеш, ако некој има лоши навики за јадење, неговото здравје ќе страда. Така е и со нашата духовност. Нашиот живот зависи од тоа дали редовно го храниме со „секоја изјава која излегува од Јеховината уста“ (Мат. 4:4, NW).

11. Што треба да биде наша цел при читањето на Библијата?

11 Што треба да ни биде цел кога ја читаме Библијата? Би било грешка ако нашата цел би била само да прочитаме одреден број страници или дури само да добиеме вечен живот. За да имаме трајна корист, мораме да имаме повисоки мотиви — љубов кон Бог, желба да го запознаеме подобро, да ја разбереме неговата волја и да го обожаваме на прифатлив начин (Јован 5:39-42, NW). Нашиот став треба да биде како оној на библискиот пишувач кој рекол: „Покажи ми ги, Господи [Јехова, NW], патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои“ (Пс. 24:4).

12. а) Зошто е неопходно да се стекне „точно спознание“, и какви напори може да бидат потребни кога читаш со цел да го стекнеш? б) Како што е покажано на 27. стр., од кои гледни точки можеме корисно да го анализираме она што го читаме во Библијата? в) Илустрирај ги овие пет точки, една по една, одговарајќи на прашањата поставени на крајот од овој пасус. Користи ја Библијата.

12 Додека ја добиваме оваа поука, треба да имаме желба да стекнеме „точно спознание“. Како инаку би можеле соодветно да ја применуваме Божјата Реч во нашите животи или исправно да им ја објаснуваме на другите? (Кол. 3:10, NW; 2. Тим. 2:15, ДК). Стекнувањето на точно спознание бара да читаме внимателно, и ако наидеме на некое тешко разбирливо место, можеби ќе треба да го прочитаме повеќе пати за да ја сфатиме смислата. Исто така ќе извлечеме корист ако одвоиме време да размислуваме за материјалот, и при тоа да размислуваме за тоа од различни гледни точки. На 27. страница од оваа книга се истакнати пет вредни пристапи во врска со тоа. Многу делови од Библијата можат корисно да се анализираат ако се уважи едно или повеќе од тие гледишта. Тоа ќе го утврдиш и самиот додека одговараш на прашањата на следните страници.

1) Честопати делот од Библијата што го читаш покажува каква личност е Јехова.

Кога длабоко размислуваме со ценење за она што Библијата ни го кажува за Јеховините дела на создавање, како тоа влијае на нашиот став спрема него? (Пс. 139:13, 14, ДК; од Јов поглавја 38-42 (NW) посебно забележи ги 38:1, 2 и 40:2, 8, а потоа 42:1-6.)

Ако го земеме во обѕир она што го рекол Исус во Јован 14:9, 10 (NW), што можеме да заклучиме за Јехова од настаните како што е овој забележан во Лука 5:12, 13?

2) Размисли како некој извештај придонесува за развивање на некоја библиска тема, како што е посветување на Јеховиното име преку Царството под Исус Христос, ветеното Семе.

Во каква врска со оваа тема стојат неволјите што го погодиле Египет? (Види 2. Мојсеева 5:2; 9:16; 12:12.)

Како е поврзан со тоа извештајот за Моавката Рут кој ги трогнува нашите срца? (Рут 4:13-17; Мат. 1:1, 5)

Како е поврзана со тоа објавата што ѝ ја посредувал Габриел на Марија во врска со претстојното раѓање на Исус? (Лука 1:26-33)

Зошто е значајно помазувањето на Исусовите ученици со свет дух на Пентакост? (Дела 2:1-4; 1. Петр. 2:4, 5, 9; 2. Петр. 1:10, 11)

3) Поврзаноста е одлучувачка за значењето на одредени стихови.

До кого се упатени изјавите од Римјаните 5:1 и 8:16? (Види Римјаните 1:7).

Дали контекстот укажува дека 1. Коринтјаните 2:9 (NW) се однесува на животот на Земјата во Божјето ново уредување? Како што е покажано во стиховите 6-8, чии очи и уши не ги разбирале работите за кои пишувал Павле?

4) Прашај се како можеш лично да го примениш она што го читаш.

Дали извештајот за тоа како Каин го убил Авел е само од историско значење или можеме и ние да извлечеме поука од тоа? (1. Мој. 4:3-12; 1. Јов. 3:10-15; Евр. 11:4)

Што лично учиме кога читаме (од 2. до 5. Мојсеева) за она што го доживеале Израелците во пустината? (1. Кор. 10:6-11, NW)

Дали советот за однесувањето напишан до помазаните христијани може да се примени на лица кои имаат надеж за вечен живот на Земјата? (Спореди 4. Мојсеева 15:16; Јован 10:16.)

Дури и ако уживаме добар глас во христијанското собрание, дали е потребно да размислуваме за можностите како можеме уште попотполно да го применуваме библискиот совет кој веќе ни е познат? (2. Кор. 13:5; 1. Сол. 4:1, NW)

5) Размислувај за тоа како можеш да го искористиш она што го читаш за да им помогнеш на другите.

На кого би можеле да му помогнеме со извештајот за воскресението на Јаировата ќерка? (Лука 8:41, 42, 49-56)

13. Какви резултати можеме да очекуваме ако имаме постојана програма на читање на Библијата и ако ја проучуваме поврзани со Јеховината организација?

13 Ако така постапуваме читањето на Библијата станува вистинска награда! Биди сигурен, читањето на Библијата е предизвик — проект на кој можеме корисно да работиме цел живот. А додека го правиме тоа ќе стануваме духовно појаки. Тоа ќе не привлече поблиску до нашиот доброљубив Татко, Јехова, и до нашите христијански браќа. Тоа ќе ни помогне да внимаваме на советот да „се држиме цврсто за речта на животот“ (Фил. 2:16, NW).

За повторување

● За која цел Библијата била напишана и зачувана до денешен ден?

● Како можеме да им помогнеме на другите да ја ценат?

● Зошто е корисно редовното читање на Библијата? Од кои пет гледни точки можеме корисно да го анализираме она што го читаме?

[Рамка/слика на страница 27]

Кога ја читаш Библијата размислувај за следното:

што ни кажува секој прочитан дел за Јехова како личност

како е тоа поврзано со главната тема на Библијата?

што ни открива поврзаноста за значењето

како треба прочитаното да влијае на твојот живот

како можеш тоа да го употребиш за да им помогнеш на другите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели