ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wt погл. 3 стр. 23-31
  • Цврсто држи се за Божјата реч

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Цврсто држи се за Божјата реч
  • Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Помогни им на другите да ја ценат
  • Нашето читање на Библијата
  • Нашата цел
  • Држи се цврсто за Божјата Реч
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Библијата — книга која треба да се чита
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Обожавај го единствениот вистински Бог
wt погл. 3 стр. 23-31

Поглавје три

Цврсто држи се за Божјата реч

1. а) Како ја искусил древниот Израел вистинитоста на Божјата реч? б) Зошто е тоа од интерес за нас?

„ВИЕ познавте со сето свое срце и со сета своја душа, дека не беше напразен ниеден збор од сите добри зборови, што ги говореше за вас Господ, вашиот Бог: сѐ се изврши на вас“ (Исус Навин 23:14—16, ПСП). Ова им го рекол Исус Навин на постарите израелски мажи откако се населиле во Ветената земја. Да, Јеховините ветувања се покажале веродостојни. Тој запис — и сета останата Библија — бил сочуван за нас „за да имаме надеж“ (Римјаните 15:4).

2. а) Во која смисла Библијата е ‚инспирирана од Бог‘? б) Поради тоа што знаеме дека Библијата е божествено инспирирана, каква одговорност имаме?

2 Иако биле користени околу 40 човечки писатели за да се напише Библијата, самиот Јехова е нејзин Автор. Дали ова значи дека тој активно управувал со сѐ што било пишувано во неа? Да. Тоа го сторил со посредство на својот моќен свет дух, својата активна сила. Апостол Павле веродостојно рекол: „Целото Писмо е инспирирано од Бог . . . за Божјиот човек да биде потполно способен, целосно опремен за секое добро дело“. Насекаде, луѓето што се уверени во тоа ѝ обрнуваат внимание на Библијата и своите животи ги градат околу она што го содржи таа (2. Тимотеј 3:16, 17; 1. Солуњаните 2:13).

Помогни им на другите да ја ценат

3. Кој е најдобриот начин да им помогнеме на мнозина кои не се уверени дека Библијата е реч Божја?

3 Мнозина од оние со кои зборуваме, не го делат нашето уверување дека Библијата е реч Божја. Како можеме да им помогнеме? Честопати, најдобриот начин е да ја отвориме Библијата и да им покажеме што содржи таа. „Речта Божја е жива и врши силно влијание и е поостра од кој и да било меч со две сечила . . . и може да ги распознае мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12). „Речта Божја“ не е мртва историја — таа е жива! Библиските ветувања незапирливо се движат кон исполнување. Влијанието на библиската порака врз вистинската мотивација на срцето на едно лице е посилно од што и да е друго кое ние лично би можеле да го кажеме.

4. Кои објаснувања на библиските вистини го промениле ставот на некои луѓе спрема Библијата, и зошто?

4 Кога го виделе Божјето име таму, мнозина биле наведени да ѕирнат подлабоко во Библијата. Други одлучиле да ја проучуваат Библијата кога им било покажано што вели таа за смислата на животот, зошто Бог го допушта злото, значењето на тековните настани или, пак, за надежта за вечен живот на рајска Земја. Во земјите каде што религиозните практики ги изложиле луѓето на вознемирување од зли духови, интерес подбудило библиското објаснување на причината за ова и како да се постигне олеснување. Зошто овие работи ги импресионираат искрените луѓе? Затоа што Библијата е единствениот извор на доверливи информации за сите вакви животоважни работи (Псалм 119:130).

5. а) Кога луѓето ќе речат дека не веруваат во Библијата, кои би можеле да бидат причините? б) Како би можеле да им помогнеме на таквите луѓе?

5 Меѓутоа, што ако луѓето ни речат дека не веруваат во Библијата? Дали тоа треба да му стави крај на разговорот? Не, ако се спремни да резонираат. Можеби ја сметаат Библијата за книга на христијанскиот свет. Досието на лицемерие и вмешаност во политика од страна на христијанскиот свет, како и неговото постојано упорно измолување пари, можеби се причина за нивната негативна реакција на Библијата. Зошто да не прашаш дали е тоа така? Кога ќе дознаат дека Библијата ги осудува световните патишта на христијанскиот свет и кога ќе ги видат разликите помеѓу христијанскиот свет и вистинското христијанство, можеби тоа ќе го подбуди нивниот интерес (Михеј 3:11, 12; Матеј 15:7—9; Јаков 4:4).

6. а) Што те уверува тебе лично дека Библијата е Божја реч? б) Кои други правци на резонирање можат да се користат за да им се помогне на луѓето да сфатат дека Библијата е навистина од Бог?

6 За други би можела да биде корисна отворена дискусија за доказите дека Библијата е инспирирана од Бог. Што ти покажува јасно тебе дека Библијата е од Јехова Бог? Дали она што самата Библија го вели во врска со своето потекло? Или, пак, фактот што содржи бројни пророштва кои одразуваат детално спознание за иднината, пророштва што мора да дошле од натчовечки извор? (2. Петрово 1:20, 21). Можеби тоа што Библијата поседува прекрасен внатрешен склад, иако била пишувана од 40 мажи низ период од околу 1.600 години? Или нејзината научна точност за разлика од другите списи од тие времиња? Или, пак, искреноста на нејзините писатели? Или тоа што била сочувана и покрај злобните напори да ја уништат? Што и да те импресионирало тебе лично, може да се искористи за да им помогне на другите луѓе.a

Нашето читање на Библијата

7, 8. а) Што треба да правиме со Библијата? б) Што ни е потребно освен личното читање на Библијата? в) На кој начин ти лично си стекнал разбирање за Јеховините намери?

7 Освен што им помагаме на другите да веруваат во Библијата, и самите треба да одвојуваме време да ја читаме редовно. Дали го правиш тоа? Од сите книги што некогаш биле произведени, оваа е најважната. Секако, ова не значи дека ако самите ја читаме, не ни треба ништо друго. Писмото предупредува да не се изолираме. Не треба да мислиме дека можеме да дознаеме сѐ со независно истражување. Потребни се и лична студија и редовно присуство на состаноците на Божјиот народ ако сакаме да бидеме урамнотежени христијани (Пословици 18:1; Евреите 10:24, 25).

8 Во врска со ова, Библијата зборува за еден етиопски службеник кој читал од пророштвото на Исаија. Еден ангел го упатил христијанскиот евангелизатор Филип да го праша човекот: „Го разбираш ли всушност тоа што го читаш?“ Понизно, Етиопјанинот одговорил: „Навистина, како би можел ако некој не ме упати?“ Тој го замолил Филип да му го објасни пасусот од Писмото. Па, Филип не бил само независен читател на Библијата кој изнел свое сфаќање за Писмото. Тој одржувал близок контакт со Божјата видлива организација. Затоа можел да му помогне на Етиопјанинот да извлече корист од поуката што Јехова ја ставал на располагање преку таа организација (Дела 6:5, 6; 8:5, 26—35). На сличен начин и денес, никој не доаѓа сам од себе до исправно разбирање на Јеховините намери. Сите нам ни е потребна помошта што Јехова со љубов ја дава преку својата видлива организација.

9. Која програма за читање на Библијата може да ни користи сите нам?

9 За да ни помогне да ја разбереме Библијата, Јеховината организација обезбедува извонреден библиски материјал во различни публикации. Освен тоа, во врска со Теократската школа за служба, што се одржува во сите собранија на Јеховини сведоци ширум светот, изложен ни е редовен распоред за читање на Библијата. Личното истражување на Светото писмо може да ни донесе голема корист (Псалм 1:1—3; 19:7, 8). Вложи посебен напор да ја читаш Библијата редовно. Иако не разбираш сѐ во потполност, твоето стекнување општ преглед на Писмото ќе биде од огромна вредност. На пример, ако читаш само четири или пет страници на ден, можеш да ја завршиш Библијата за околу една година.

10. а) Кога ти ја читаш Библијата? б) Кој друг треба да биде вклучен кога се чита Библијата, и зошто е важна редовноста?

10 Кога можеш лично да ја читаш Библијата? Ако за тоа си одвојуваш само 10—15 минути на ден, ќе извлечеш голема корист. Ако не, барем планирај редовни термини секоја седмица, а потоа држи се за тој распоред. Ако си во брак, ти и твојот брачен другар можете да уживате така што гласно ќе си ја читате Библијата еден на друг. Ако имате деца доволно возрасни за да читаат, тие можат по ред да читаат гласно. Читањето на Библијата треба да биде доживотна навика, како јадењето. Како што знаеш, ако навиките за јадење на едно лице се лоши, неговото здравје ќе страда. Така и нашиот духовен живот, а со тоа и нашиот вечен живот, зависи од тоа дали редовно се храниме со „секоја изјава што излегува од Јеховината уста“ (Матеј 4:4).

Нашата цел

11. Што треба да биде наша цел кога ја читаме Библијата?

11 Што треба да ни биде цел кога ја читаме Библијата? Наша цел не треба да биде само да прочитаме извесен број страници. Нашиот мотив треба да биде подобро да го запознаеме Бог за да може да се зголеми нашата љубов кон него и да го обожаваме на прифатлив начин (Јован 5:39—42). Нашиот став треба да биде како оној на библискиот писател кој рекол: „Покажи ми ги, Господи, Твоите патишта, научи ме на Твоите патеки“ (Псалм 25:4).

12. а) Зошто е неопходно да се стекне „точно спознание“, и каков напор при читањето можеби ќе биде потребен за да се стекне тоа спознание? б) Со помош на кои четири гледни точки би можеле корисно да го анализираме она што го читаме од Библијата? (Види ја рамката на 30. страница.) в) Илустрирај ги овие точки така што ќе одговориш на прашањата дадени во овој пасус. Провери ги стиховите што се наведени а не се цитирани.

12 Додека добиваме поуки од Јехова, треба да имаме желба да стекнеме „точно спознание“. Без него, како би можеле исправно да ја примениме Божјата реч во својот живот или, пак, точно да им ја објасниме на другите? (Колошаните 3:10; 2. Тимотеј 2:15). Стекнувањето точно спознание бара да читаме внимателно и, ако некој дел е длабок, можеби треба да го прочитаме повеќе од еднаш за да ја сфатиме смислата. Исто така, ќе извлечеме корист и ако одвоиме време да медитираме за материјалот, размислувајќи за него од различни гледни точки. На 30. страница се истакнати четири корисни правци на размислување кои можеме да ги земеме предвид кога истражуваме. Многу делови од Писмото можат корисно да се анализираат ако се применат една или повеќе од овие гледни точки. Додека одговараш на прашањата на следните страници, ќе видиш на кој начин тоа е така.

1) Честопати, делот од Писмото што го читаш може да ти каже нешто за тоа каква личност е Јехова. На пример, во Псалм 139:13, 14 учиме за Божјата голема грижа за нероденото: „[Ти] ме истка во мајчиното крило. Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни“. Колку само се чудесни Јеховините дела на создавањето! Начинот на кој луѓето се создадени сведочи за неговата огромна љубов кон нас.

Со оглед на она што е речено во Јован 14:9, 10, кога читаме како Исус постапувал со другите, всушност гледаме како би постапил самиот Јехова. Имајќи го тоа на ум, што можеме да заклучиме за Јехова од настаните запишани во Лука 5:12, 13 и во Лука 7:11—15?

2) Разгледај како извештајот придонесува за темата на Библијата: оправдувањето на Јеховината сувереност и посветувањето на неговото име преку Царството под Исус Христос, ветеното Семе.

Како Езекиел и Даниел ја нагласиле темата на Библијата? (Езекиел 38:21—23; Даниел 2:44; 4:17; 7:9—14).

На кој начин Библијата јасно го идентификува Исус како ветеното Семе? (Галатите 3:16).

Како Откровение ја опишува големата кулминација на темата за Царството? (Откровение 11:15; 12:7—10; 17:16—18; 19:11—16; 20:1—3; 21:1—5).

3) Запрашај се како можеш лично да го примениш она што го читаш. На пример, од Излез па до Второзаконие читаме за неморалот и бунтовноста на Израел. Учиме дека тие ставови и постапки донеле лоши последици. Затоа, треба да бидеме поттикнати да му угодиме на Јехова така што нема да го имитираме лошиот пример на Израел. „Овие работи им се случуваа ним како примери, и напишани се како предупредување за нас на кои дојдоа краевите на системите на работи“ (1. Коринќаните 10:11).

Каква лекција содржи за нас извештајот за убиството на Авел од страна на Каин? (Битие 4:3—12; Евреите 11:4; 1. Јованово 3:10—15; 4:20, 21).

Дали библискиот совет за христијаните кои имаат небесна надеж важи и за оние што имаат надеж за вечен живот на Земјата? (Броеви 15:16; Јован 10:16).

Иако сме на добар глас во христијанското собрание, зошто треба да размислуваме како да ги примениме во попотполна мера библиските совети што веќе ги знаеме? (2. Коринќаните 13:5; 1. Солуњаните 4:1).

4) Размисли за тоа како би можел да го употребиш она што го читаш за да им помогнеш на другите. Сите луѓе се загрижени за здравствените проблеми, па би можеле со нив да прочитаме што сторил Исус за да илустрираме што ќе стори во многу поголем обем во моќта на Царството: „Му пријдоа големи мноштва, доведувајќи со себе куци, сакати, слепи, неми и многу други . . . а тој ги излекува“ (Матеј 15:30).

На кого би можело да му се помогне со извештајот за воскресението на Јаировата ќерка? (Лука 8:41, 42, 49—56)

13. Какви резултати можеме да очекуваме од една континуирана програма за читање на Библијата и проучување со Јеховината организација?

13 Колку само читањето на Библијата станува наградувачко кога ќе размислиме за четирите точки наведени погоре! Биди сигурен, читањето на Библијата е предизвик! Но, тоа може да ни користи доживотно, зашто додека го читаме Писмото, ќе стануваме појаки во духовен поглед. Редовното читање на Библијата ќе нѐ зближи со нашиот Татко полн со љубов, Јехова, и со нашите христијански браќа. Тоа ќе ни помогне да го слушаме советот ‚цврсто да се држиме за речта на животот‘ (Филипјаните 2:16).

[Фуснота]

a За дискусија околу тоа зошто Библијата заслужува да се разгледа, види ја брошурата Книга за сите луѓе, издадена од Јеховините сведоци.

Дискусија за повторување

• Зошто била напишана и сочувана Библијата сѐ до нашево време?

• Како можеме да им помогнеме на другите да ја ценат Библијата?

• Зошто е корисно редовно лично да се чита Библијата? Со помош на кои четири гледни точки би можеле корисно да го анализираме она што го читаме?

[Рамка/слика на страница 30]

КОГА ЧИТАШ НЕКОЈ ДЕЛ ОД БИБЛИЈАТА, РАЗМИСЛИ:

Што ти кажува за Јехова како личност

Како е поврзано со сеопштата тема на Библијата

Како треба да влијае врз твојот живот

Како можеш да го употребиш за да им помогнеш на другите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели