Песна 59
Да ги цениме Божјите потсетувања
1. Оние потсетници што држат,
од срце Бог го бараат.
Среќни се и Божја волја вршат,
закони не оставаат.
Налог Божји почитуваат,
Тој е љубов — објавуваат.
Закон Божји сите тие љубат
зашто на него чекаат.
2. Прекрасна љубезноста е Божја,
небото го надвишува!
Сите Божји одлуки нѐ штитат
и кога зли нѐ клеветат.
Тие Божји пат што сакаат,
мир и благослов ќе примаат.
Ко плен голем кога ќе се најде,
Божјата реч нѐ радува.
3. Нека дојдат молбите пред Бога,
Речта да ја разбереме.
Молбите нам нека ни ги чуе
за милост и спасение.
На Бог верни да останеме,
послушност да покажуваме.
Богот наш е лојален и моќен,
сила ни дава секој ден.