Прогонувани заради праведноста
Можеби сте слушнале од пријателите или роднините дека Јеховините сведоци имаат неприлики со законот, дека од некои влади се забранети или дека на некој друг начин се лоши луѓе. Зошто се зборува толку лошо за нив?
Причината за тоа не е таа што Јеховините сведоци не го почитуваат законот, туку затоа што одат по Исусовите стапки. Исус им рекол на своите ученици дека луѓето ќе ги клеветат, ќе ги прогонуваат и дека ќе зборуваат лажни лоши работи за нив. Тоа е затоа што Божјиот главен противник, Сатана, е бог на овој свет и тој сака да ги одврати луѓето од служењето на Бог (Матеј 5:10-12; 10:16-22, 34-39; 24:9, 10; Јован 15:17 до 16:3; 2. Тимотеј 3:12; 1. Петрово 5:8; Откровение 12:17).
Кога апостолите биле уапсени и одведени пред суд, тоа не било поради тоа што биле криминалци, насилници или бунтовници. Биле доведени пред суд затоа што ја проповедале добрата вест. Кога апостол Павле го предал својот случај на виш суд, тоа било за да го одбрани и законски го утврди правото на христијаните да ја проповедаат добрата вест (Дела на апостолите 4:8-20; 5:28-32; Филипјаните 1:7).
Денес Јеховините сведоци се христијани кои го почитуваат законот, ги плаќаат даноците и им искажуваат чест на оние кои се на власт. Тие му го даваат на царот царевото, а на Бог Божјето. Ако дојде до конфликт со некоја власт, тоа е затоа што дотичната власт не ја признава нивната проповедничка активност или поради нивниот неутрален став во судирите на народите. Но, во таквите прилики Јеховините сведоци мораат да го заземат истиот став како и апостолите, кои рекле: ”Повеќе мораме да го слушаме Бог, владетелот, отколку луѓето“ (Дела на апостолите 5:29, NW; Марко 12:17; Јован 18:36; Тит 3:1, 2).
Јеховините сведоци не бараат прогонство и сигурно повеќе би сакале да водат мирен и тивок живот. Меѓутоа, ако поради своето следење на Божјиот закон и примерот на Исус Христос се прогонувани, тогаш се среќни што можат да го поднесат тоа (Матеј 5:10-12; Дела на апостолите 5:40, 41; 1. Коринтјаните 4:12; 1. Тимотеј 2:2; 1. Петрово 3:14, 15; 4:12-16).
● Зошто Јеховините слуги се клеветени и прогонувани?
● Зошто Јеховините сведоци понекогаш доаѓаат во конфликт со властите, како христијанските апостоли?
● Како Јеховините сведоци гледаат на прогонството?
[Слики на страница 29]
Исус сосила бил доведен пред Пилат, а апостол Павле бил затворен поради проповедање на Божјето Царство