ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 12
  • Исусовото крштавање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исусовото крштавање
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Крштавањето на Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Јован го крштава Исус
    Мојата книга со библиски приказни
  • Значењето на твоето крштавање
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Значењето на твоето крштение
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 12

Поглавје 12

Исусовото крштавање

ОКОЛУ шест месеци откако Јован почнал да проповеда, кај него на Јордан доаѓа Исус, кој сега има 30 години. Зошто дошол? Дали само во пријателска посета? Дали Исус само сака да знае како напредува делото на Јован? Не, Исус бара од Јован да го крсти.

Но, Јован веднаш приговара: „Јас треба да бидам крстен од тебе, а ти ли доаѓаш кај мене?“ Јован знае дека неговиот братучед Исус е посебен Божји Син. Самиот Јован потскокнал од радост во утробата на својата мајка кога ги посетила Марија, која во тоа време била бремена со Исус! Јован сигурно подоцна дознал за ова од својата мајка Елисавета. Исто така, таа му раскажувала како Исусовото раѓање било најавено од ангел и како ноќта кога Исус се родил, ангелите им се појавиле на овчарите.

Според тоа, Исус не е непознат за Јован. Исто така, Јован знае дека крштавањето што тој го извршува не е за Исус. Тоа е наменето за оние кои се каат за своите гревови, а Исус е без грев. Сепак, и покрај приговорот на Јован, Исус настојува: „Остави сега, зашто на тој начин ни е погодно да извршиме сѐ што е праведно“.

Зошто е исправно Исус да се крсти? Затоа што Исусовото крштавање не е симбол на покајување за гревовите, туку е симбол на претставување пред неговиот Татко за да ја врши неговата волја. Исус дотогаш бил дрводелец, но сега е време да започне со службата за која Јехова Бог го испратил на Земјата. Мислиш ли дека Јован очекува да се случи нешто необично кога ќе го крсти Исус?

Јован за тоа подоцна известува: „Оној кој ме испрати да крштавам во вода, ми рече: ‚На кого ќе видиш дека слегува духот и останува на него, тој е кој крштава во свет дух‘“. Значи, Јован очекува Божјиот дух да дојде на некого кого тој ќе го крсти. Можеби затоа и не е толку изненаден кога, додека Исус излегува од водата, Јован гледа како ‚Божјиот дух како гулаб доаѓа на него‘.

При Исусовото крштавање се случува и нешто повеќе. За него ‚се отвораат небесата‘. Што значи тоа? Очигледно дека, додека тој се крштава, му се враќа сеќавањето на неговиот претчовечки живот на небото. Според тоа, Исус сега потполно се сеќава на својот живот како духовен син на Јехова Бог, вклучувајќи го сето она што му го кажувал Бог за време на неговото претчовечко постоење на небото.

Освен тоа, при неговото крштавање еден глас објавува од небото: „Ова е мојот Син, љубениот, кого го одобрив“. Чиј глас е тоа? Исусовиот глас? Секако не! Тоа е Божјиот глас. Јасно, Исус е Божји Син а не самиот Бог, како што тврдат некои луѓе.

Меѓутоа, Исус е човечки Божји Син, како што бил и првиот човек Адам. Ученикот Лука, откако го опишал Исусовото крштавање, пишува: „Самиот Исус, кога почна со своето дело, имаше околу триесет години и беше, како што се сметаше, син на Јосиф, син на Или . . . син на Давид . . . син на Авраам . . . син на Ное . . . син на Адам, син на Бог“.

Како што Адам бил човечки „син на Бог“, така е и Исус. Исус е најголемиот човек кој некогаш живеел, и ова ни станува јасно додека го испитуваме неговиот живот. Меѓутоа, Исус при крштавањето стапува во нов однос со Бог, станувајќи и Божји духовен Син. Бог, всушност, сега го повикува назад на небото упатувајќи го по пат кој ќе води до тоа да го положи засекогаш својот човечки живот како жртва во корист на осуденото човештво. Матеј 3:13—17; Лука 3:21—38; 1:34—36, 44; 2:10—14; Јован 1:32—34; Евреите 10:5—9.

▪ Зошто Исус не е непознат за Јован?

▪ Зошто Исус се крштава иако не извршил никаков грев?

▪ Со оглед на тоа што Јован го знае за Исус, зошто можеби тој не е изненаден кога Божјиот дух слегува на Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели