ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 129
  • Натамошни појавувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Натамошни појавувања
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исусовите натамошни јавувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Воскреснатиот Исус им се појавил на многумина
    Исус — патот, вистината и животот
  • Во една заклучена соба
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус е жив!
    Библијата — која е нејзината порака?
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 129

Поглавје 129

Натамошни појавувања

УЧЕНИЦИТЕ сѐ уште се потиштени. Тие не го сфаќаат значењето на празниот гроб ниту, пак, веруваат во извештаите на жените. Така, во недела подоцна, Клеопа и еден друг ученик го напуштаат Ерусалим и тргнуваат за Емаус, оддалечен околу 11 километри.

По патот, додека дискутираат за настаните од тој ден, им се придружува еден непознат. „За што расправате меѓу себе одејќи по патот?“, прашува тој.

Учениците застануваат, со потиштен израз на лицата, и Клеопа одговара: „Зарем живееш како странец сам во Ерусалим, па не знаеш што се случи во него овие денови?“ Тој ги прашува: „Што тоа?“

„Она во врска со Исус Назареќанецот“, одговараат тие. „Нашите главни свештеници и владетели го предадоа да биде осуден на смрт и го приковаа. Но ние се надевавме дека овој човек е одредениот да го избави Израел.“

Клеопа и неговиот придружник ги објаснуваат зачудувачките настани од тој ден — извештајот за натприродната појава на ангели и за празниот гроб — но потоа ја признаваат својата збунетост во врска со значењето на овие работи. Непознатиот ги укорува: „О, безумни и со бавно срце да верувате во сѐ што зборуваа пророците! Зарем не требаше Христос да ги претрпи овие работи и да влезе во својата слава?“ Потоа тој им ги толкува деловите од Светото писмо кои се однесуваат на Христос.

Конечно стигнуваат во близината на Емаус, а непознатиот се прави како да ќе продолжи понатаму. Сакајќи да чујат уште повеќе, учениците го наговараат: „Остани со нас, зашто близу е вечерта и денот веќе е при крај“. Така тој останува на вечера. Кога ја изговара молитвата, крши од лебот и им подава, тие препознаваат дека тоа е всушност Исус во материјализирано човечко тело. Но, тогаш тој исчезнува.

Сега разбираат зошто непознатиот знаел толку многу! „Зарем не ни гореа срцата“, се прашуваат, „додека ни зборуваше по патот, додека во потполност ни го откриваше Писмото?“ Без одложување, стануваат и брзајќи го изодуваат целиот пат назад до Ерусалим, каде што ги наоѓаат апостолите и оние кои се собрани со нив. Пред да можат Клеопа и неговиот придружник да кажат нешто, другите со возбудување изјавуваат: „Господ навистина е подигнат и му се појави на Симона!“ Потоа овие двајцата раскажуваат како Исус им се појавил и ним. Тоа е четврти пат во текот на денот како им се појавил на различни поединци од своите ученици.

Одеднаш Исус се појавува по петти пат. И покрај тоа што вратите се заклучени, бидејќи учениците се во страв од Евреите, тој влегува, застанува среде нив и им вели: „Имајте мир!“ Тие се преплашени, мислејќи дека гледаат дух. Но, објаснувајќи дека не е привидение, Исус вели: „Зошто сте вознемирени, и зошто се јавуваат сомнежи во вашите срца? Видете ги моите раце и моите нозе, дека тоа сум јас; допрете ме и видете, бидејќи духот нема месо и коски како што гледате дека имам јас“. Сепак, тие се колебаат да веруваат.

За да им помогне да сфатат дека тој навистина е Исус, ги прашува: „Имате ли овде нешто за јадење?“ Откако зема парче печена риба и го јаде, им вели: „Ова се моите зборови кои ви ги зборував додека уште бев со вас [пред да умрам], дека сѐ што е напишано за мене во Мојсеевиот закон и во Пророците и во Псалмите, мора да се исполни“.

Продолжувајќи со она што, всушност, е библиска студија со нив, Исус ги поучува: „Така е напишано дека Христос ќе пострада и на третиот ден ќе стане од мртвите, и дека на темел на неговото име во сите нации ќе биде проповедано покајание за простување на гревовите — почнувајќи од Ерусалим, а вие треба да бидете сведоци на тоа“.

Од некоја причина Тома не е присутен на овој важен состанок во недела навечер. Затоа, наредните денови другите радосно му кажуваат: „Го видовме Господ“.

„Додека не го видам белегот од клинците на неговите раце“, протестира Тома, „и не го ставам својот прст во белегот од клинците и не ја ставам својата рака во неговата страна, навистина нема да верувам.“

По осум дена учениците повторно се состануваат внатре. Овојпат и Тома е со нив. Иако вратите се заклучени, Исус уште еднаш застанува среде нив и им вели: „Имајте мир!“ Потоа, свртувајќи се кон Тома, го повикува: „Стави го својот прст овде и види ми ги рацете, и дај ја раката и стави ја во мојата страна, и не биди веќе неверен.“

„Господ мој и Бог мој!“, извикува Тома.

„Поверува затоа што ме виде?“ — прашува Исус. „Среќни се оние кои не гледаат, а сепак веруваат.“ Лука 24:11, 13—48; Јован 20:19—29.

▪ Што ги прашува непознатиот двајцата ученици на патот за Емаус?

▪ Што им вели непознатиот, кое предизвикува да им горат срцата на учениците?

▪ Како учениците препознаваат кој е непознатиот?

▪ Каков возбудлив извештај слушаат Клеопа и неговиот придружник кога се враќаат во Ерусалим?

▪ Како Исус по петти пат им се појавува на своите ученици, и што се случува тогаш?

▪ Што се случува осум дена по Исусовото петто појавување, и како Тома конечно се уверува дека Исус е жив?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели