ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/4 стр. 14-15
  • Исусовите натамошни јавувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исусовите натамошни јавувања
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Натамошни појавувања
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Воскреснатиот Исус им се појавил на многумина
    Исус — патот, вистината и животот
  • Во една заклучена соба
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус е жив!
    Библијата — која е нејзината порака?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/4 стр. 14-15

Животот и службата на Исус

Исусовите натамошни јавувања

УЧЕНИЦИТЕ се сѐ уште потиштени. Тие не го сфаќаат значењето на празниот гроб, ниту пак веруваат во изјавите од жените. Така подоцна, в недела, Клеопа и еден друг ученик одат од Ерусалим за Емаус, оддалечен околу 11 километри.

По патот, додека разговараат за настаните од тој ден, им се придружува еден непознат. ”Што се тие работи за кои разговарате меѓу себе додека одите?“, прашува тој (NW).

Учениците застануваат со наведнати глави, и Клеопа одговара (NW): ”Дали живееш сам како странец во Ерусалим па не знаеш какви работи се случија таму овие денови?“

”Кои работи?“, прашува тој.

”Оние во врска со Исус Назареќанинот“, одговараат тие. ”Нашите првосвештеници и владетели го предадоа да биде осуден на смрт и го распнаа. Но, ние се надевавме дека овој човек е тој што беше одреден да го ослободи Израел“ (NW).

Клеопа и неговиот придружник ги објаснуваат зачудувачките настани од денот — извештајот за натприродното видување на ангелите и за празниот гроб — но потоа ја признаваат својата збунетост во врска со значењето на овие работи. Непознатиот ги укорува (NW): ”О, неразумни и спори на срце да поверувате во сите работи кои пророкот ги кажал! Зарем не требаше Христос да ги претрпи овие работи и да влезе во својата слава?“ Тој тогаш им ги толкува деловите од Светото писмо кои се однесуваат на Христос.

Конечно стигнуваат во близината на Емаус, а непознатиот како да го продолжува својот пат понатаму. Сакајќи да чујат повеќе, учениците навалуваат (NW): ”Остани со нас, бидејќи веќе е вечер и денот се ближи кон крај“. Така тој останува на вечера. Кога ја изговара молитвата и го прекршува лебот подавајќи им, тие препознаваат дека тоа е всушност Исус во материјализирано човечко тело. Но, тогаш тој исчезнува.

Сега разбираат зошто непознатиот знаел толку многу! ”Зар не гореа срцата наши“, се прашуваат, ”кога ни зборуваше по патот и кога потполно ни ги откри Писмата?“ Без одложување, стануваат и брзаат по целиот пат назад сѐ до Ерусалим, каде ги наоѓаат апостолите и оние кои се собрани со нив. Пред да можат Клеопа и неговиот придружник да кажат било што, другите со возбудување изјавуваат: ”Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона!“ Потоа двајцата раскажуваат како Исус им се јави и на нив. Тоа е четврти пат во текот на денот како им се јави на различни ученици.

И покрај тоа што вратите се заклучени бидејќи учениците се во страв од Евреите, одеднаш Исус се појавува по петти пат. Тој застанува токму сред нив и вели: ”Мир со вас!“ (NW). Се преплашуваат, мислејќи дека гледаат дух. Но, Исус објаснува дека не е дух и вели: ”Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам“. Сепак, не се спремни да поверуваат бидејќи тоа што е жив им се чини премногу добро за да биде вистинито.

За да им помогне да сфатат дека е навистина Исус, ги прашува: ”Имате ли овде нешто за јадење?“ Откако зема парче печена риба и ја јаде, тој почнува да ги поучува и им вели: ”Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, оти треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“

Продолжувајќи со она што по делотворноста се рамни со библиска студија, Исус ги поучува: ”Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден, и да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; а вие сте сведоци за ова“.

Поради некоја причина Тома не е присутен на овој важен состанок в недела навечер. Така во деновите после тоа, другите радосно му кажуваат: ”Го видовме Господа“.

”Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам.“

Учениците повторно се состануваат внатре после осум дена. Овој пат и Тома е со нив. Иако вратите се заклучени, Исус уште еднаш застанува среде нив и им вели: ”Мир со вас!“ Потоа, свртувајќи се кон Тома, го повикува: ”Дај го својот прст и види ги моите раце, дај ја раката и стави ја на мојата страна, и верувај!“ (NW).

”Господ мој и Бог мој!“, извикува Тома.

”Бидејќи ме виде дали поверува?“, прашува Исус. ”Среќни се оние кои не гледаат и сепак поверуваат“ (NW). (Лука 24:11, 13-48; Јован 20:19-29).

◆ Што ги прашува непознатиот двајцата ученици на патот за Емаус?

◆ Што им вели непознатиот, кое предизвикува срцата на учениците да горат во нив?

◆ Како учениците препознаваат дека непознатиот е Исус?

◆ Каков возбудлив извештај слушаат Клеопа и неговиот придружник кога се враќаат во Ерусалим?

◆ Како Исус им се јавува по петти пат на своите ученици, и што се случува тогаш?

◆ Што се случува осум дена по Исусовото петто појавување, и како Тома конечно е уверен дека Исус е жив?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели