ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 132
  • Откај десницата на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Откај десницата на Бог
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Оддесно на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Христос од десната страна на Бог
    Исус — патот, вистината и животот
  • На патот за Дамаск
    Мојата книга со библиски приказни
  • Можат ли да се променат оние што прават лоши работи?
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 132

Поглавје 132

Откај десницата на Бог

ИЗЛЕВАЊЕТО на светиот дух на Пентекост е доказ дека Исус се вратил на небото. Визијата која му била дадена на ученикот Стефан набргу после тоа исто така докажува дека пристигнал таму. Токму пред да биде каменуван заради своето верно сведочење, Стефан извикува: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот човечки како стои откај десницата на Бог“.

Додека е откај десницата на Бог, Исус ја очекува заповедта од својот Татко: „Владеј среде Твоите непријатели“. Но, што прави Исус во меѓувреме, додека чека да стапи во акција против своите непријатели? Тој управува, или владее над своите помазани ученици така што ги води во нивната проповедничка активност и, преку воскресение, ги подготвува да станат придружни цареви со него во Царството на неговиот Татко.

На пример, Исус го избира Савле (подоцна подобро познат по своето римско име Павле) да го предводи делото на правење ученици во други земји. Савле е ревносен за Божјиот закон, но е заведен од еврејските верски водачи. Како резултат на тоа, Савле не само што го одобрува убиството на Стефан туку и оди во Дамаск со овластување од првосвештеникот Кајафа да ги уапси и да ги врати во Ерусалим сите мажи и жени кои ќе ги најде таму како следбеници на Исус. Меѓутоа, додека Савле е на пат, одеднаш го осветлува силна светлина и тој паѓа на земја.

„Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“, го прашува еден глас од невидлив извор. „Кој си ти, Господи?“, прашува Савле.

„Јас сум Исус, кого ти го прогонуваш“, гласи одговорот.

На Савле, кој е заслепен од чудесната светлина, Исус му вели да оди во Дамаск и да чека упатства. Потоа Исус во визија му се појавува на Ананија, еден од своите ученици. Во врска со Савле, Исус му вели на Ананија: „Овој човек ми е избран сад да им го носи моето име на нациите, а и на цареви и на Израиловите синови“.

Навистина, со Исусова поддршка, Савле (сега познат како Павле) и други евангелизатори имаат огромен успех во своето дело на проповедање и поучување. Всушност, околу 25 години откако Исус му се појавил на патот за Дамаск, Павле пишува дека „добрата вест“ е „проповедана на сето создание што е под небото“.

Откако изминале уште многу години, Исус му дава серија визии на својот сакан апостол Јован. Преку тие визии, кои ги опишува во библиската книга Откровение, Јован всушност доживува да го види Исусовото враќање во моќта на Царството. Јован вели дека „под инспирација“ бил пренесен во времето на „Господовиот ден“. Што е тој „ден“?

Внимателното проучување на библиските пророштва, вклучувајќи го и Исусовото пророштво во врска со последните денови, открива дека „Господовиот ден“ започнал во историската 1914 година! Така во 1914 година Исус се вратил невидливо, без јавна помпа, и само неговите верни слуги биле свесни за неговото враќање. Таа година Јехова му дал на Исус заповед да подложува среде своите непријатели!

Слушајќи ја наредбата на својот Татко, Исус го исчистил небото од Сатана и од неговите демони, исфрлајќи ги долу на Земјата. Откако го гледа тој настан во визија, Јован слуша небесен глас кој објавува: „Сега настана спасението и моќта и царството на нашиот Бог и власта на неговиот Христос!“ Да, во 1914 Исус почнал да владее како Цар!

Колку добра вест е ова за обожавателите на Јехова на небото! Тие се поттикнати: „Веселете се небеса и вие кои престојувате во нив!“ Но, каква е ситуацијата за оние на Земјата? „Тешко на земјата и на морето“, продолжува гласот од небото, „зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“

Сега се наоѓаме токму во тој краток временски период. Луѓето моментално покажуваат дали се квалификуваат да влезат во Божјиот нов свет или да претрпат уништување. Всушност, денес твојата судбина се одредува според начинот на кој реагираш на добрата вест за Божјето Царство која се проповеда ширум светот под водството на Христос.

После тоа, Исус Христос ќе служи како Божји Застапник кој ќе ја исчисти Земјата од целокупниот Сатанов систем и од оние кои го поддржуваат. Исус ќе го изврши тоа отстранување на сето зло во војната која во Библијата е наречена Хар-Магедон, или Армагедон. После тоа, Исус, најголемата Личност во универзумот до самиот Јехова Бог, ќе ги фати Сатана и неговите демони и ќе ги врзе за илјада години во ‚бездна‘, т.е. состојба на неактивност слична на смрт. Дела 7:55—60; 8:1—3; 9:1—19; 16:6—10; Псалм 110:1, 2; Евреите 10:12, 13; 1. Петрово 3:22; Лука 22:28—30; Колошаните 1:13, 23; Откровение 1:1, 10; 12:7—12; 16:14—16; 20:1—3; Матеј 24:14.

▪ Каде се наоѓа Исус после своето вознесување на небото, и што очекува?

▪ Над кого владее Исус откако се вознел на небото, и како се манифестира неговата власт?

▪ Кога почнува „Господовиот ден“, и што се случило во неговиот почеток?

▪ Како проповедничкото дело кое денес е во тек влијае врз секој од нас лично?

▪ Кои настани ќе следат кога ќе заврши делото на проповедање?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели