ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/5 стр. 8-9
  • Оддесно на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Оддесно на Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Откај десницата на Бог
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Христос од десната страна на Бог
    Исус — патот, вистината и животот
  • На патот за Дамаск
    Мојата книга со библиски приказни
  • Можат ли да се променат оние што прават лоши работи?
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/5 стр. 8-9

Животот и службата на Исус

Оддесно на Бог

ИЗЛИВАЊЕТО на светиот дух на Пентакост е доказ дека Исус се вратил назад на небото. Визијата која му е дадена недолго после тоа на ученикот Стефан, исто така докажува дека стигнал таму. Непосредно пред да биде каменуван заради своето верно сведочење, Стефан извикува: ”Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои оддесно на Бога“.

Додека е оддесно на Бог, Исус ја чека заповедта од својот Татко: ”Оди покорувај среде своите непријатели.“ Но што работи Исус во меѓувреме, додека да ја преземе акцијата против своите непријатели? Тој владее, или господари над своите помазани ученици, водејќи ги во нивната проповедничка активност и подготвувајќи ги преку воскресение да станат соцареви со него во Царството на неговиот Татко.

На пример, Исус го избира Савле (подоцна подобро познат по своето римско име Павле) да го предводи делото на создавање ученици во другите земји. Савле е ревносен за Божјиот Закон, но е заведен од еврејските религиозни водачи. Како резултат, Савле не само што го одобрува Стефановото убиство, туку оди во Дамаск со овластување од првосвештеникот Кајафа да ги доведе назад во Ерусалим сите фатени мажи и жени кои ќе ги најде таму како следбеници на Исус. Меѓутоа, додека Савле е на пат, одненадеж околу него засветлува сјајна светлина и тој паѓа наземи.

”Савле, Савле, зошто Ме гониш?“, го прашува еден глас од невидлив извор. ”Кој си Ти, Господине?“, прашува Савле.

”Јас сум Исус, Кого Го гониш ти“, доаѓа одговор.

На Савле, кој е заслепен од чудотворната светлина, Исус му вели да оди во Дамаск и да чека упатства. Потоа Исус во визија му се јавува на Ананиј, еден од своите ученици. Во врска со Савле, Исус му вели на Ананиј: ”Тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израилеви“.

Навистина, со Исусова помош, Савле (сега познат како Павле) и други евангелисти имаат огромен успех во своето дело на проповедање и поучување. Всушност, околу 25 години подоцна откако Исус му се јави на патот за Дамаск, Павле пишува дека ”добрата вест“ е ”проповедана на сета творба што е под небесата“.

Откако поминуваат многу години, Исус му пружа серија од визии на својот сакан апостол Јован. Со помош на тие визии кои Јован ги опишува во библиската книга Откровение, тој всушност живее за да го види Исусовото враќање во царска сила. Јован вели дека ”под инспирација“ бил пренесен напред во времето на ”Господовиот ден“. Што е тој ”ден“?

Внимателното проучување на библиските пророштва, вклучувајќи го Исусовото пророштво за последните денови, открива дека ”Господовиот ден“ започнал во историската 1914 година, да, за време на оваа генерација! Така, во 1914 Исус невидливо се вратил, без јавен поздрав. Само неговите верни слуги биле свесни за неговото враќање. Таа година Јехова му издал на Исус заповед да покорува среде своите непријатели!

Послушен на наредбата на својот Татко, Исус ги исчистил небесата од Сатана и неговите демони, фрлајќи ги долу на Земјата. Откако го видел тој настан во визијата, Јован слуша небески глас кој објавува: ”Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос“. Да, во 1914 Исус започнал да владее како Цар!

Колку е добра оваа вест за обожавателите на Јехова на небото! Тие се поттикнати: ”Веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив!“ Но каква е состојбата за оние на Земјата? ”Тешко вам, кои живеете на земјата и морето“, продолжува гласот од небесата, ”зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време!“

Ние сега сме токму во тој краток временски период. Луѓето денес се делат, било за влегување во Божјиот нов свет или да претрпат уништување. Вистина е дека твојата судбина сега се одредува според начинот на кој реагираш на добрата вест за Божјето Царство која се проповеда ширум светот под Христово водство.

Кога ќе заврши делењето на луѓето, Исус Христос ќе служи како Божји Застапник да ја ослободи Земјата од целокупниот Сатански систем и оние кои го поддржуваат. Исус ќе изврши отстранување на сето зло во војната која во Библијата е наречена Хар-Магедон, или Армагедон. После тоа Исус, најголемата Личност во вселената до самиот Јехова Бог, ќе го фати Сатана и неговите демони и ќе ги врзе на илјада години во ’бездна‘, то ест состојба на неактивност слична на смрт. Дела 7:55-60; 8:1-3; 9:1-19; 16:6-10; Псалми 110:1, 2, NW; Евреите 10:12, 13; 1. Петрово 3:22; Лука 22:28-30; Колосјаните 1:13, 23, NW; Откровение 1:1, 10, NW; 12:7-12; 16:14-16; 20:1-3; Матеј 24:14; 25:31-33.

◆ Каде се наоѓа Исус по своето вознесување на небото, и што очекува?

◆ Над кого владее Исус по вознесувањето на небото, и како се покажува неговата власт?

◆ Кога започнува ”Господовиот ден“, и што се случило на неговиот почеток?

◆ Кое дело на разделување кое се врши денес влијае на секого од нас лично, и на темел на што се врши делењето?

◆ Кои настани ќе уследат кога ќе заврши делото на разделување?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели