Свет без војни — Ти можеш да го доживееш
1-4. а) Зошто сега е итно време за одлука? б) Што се бара од секој поединец за да донесе исправна одлука?
ВДАХНОВЕНОТО пророштво од Исаија 2. поглавје, навистина наоѓа свое исполнување во наше време. На дофат е свет без војни. Милиони Јеховини сведоци по целата Земја веќе ги прековале „мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови“. Иако доаѓаат од секоја нација и од различно потекло, тие научиле да ја совладаат секоја поранешна предрасуда и омраза, и ги научиле патиштата на Јехова, Богот на вистинскиот мир (Исаија 2:4). Поради ваквиот мирољубив став, заедно со Евреите доживеале концентрациони логори (1933-1945).
2 Колку и да се светли изгледите за иднината, тие не се светли за сите. Јехова нема вечно да чека сите луѓе да ги прековаат своите мечеви во плугови. Постојат такви кои не сакаат да го сторат тоа. Псалмистот не оставил сомневање за исходот на таквите: „Зашто оние, што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ќе ја наследат земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш“ (Псалми 36:9, 10). Да, во најблиската иднина Јехова ќе дејствува и ќе ги ‚прекрати војните до крајот на земјата‘ (Псалми 45:8-10).
3 Истото Исусово пророштво кое ги означува последните денови исто така ја истакнува и близината на Божјата интервенција. Исус рекол: „Нема да премине овој род [генерацијата од 1914 која е сведок на крајот на ‚одредените времиња‘, NW], додека сето тоа не се исполни“ (Матеј 24:34; Лука 21:24). Оваа генерација бргу ќе помине. Да, сега е времето на одлука за сето човештво! Денес, во овие последни дни, односно „завршниот дел од деновите“, мораме да избереме дали ‚ќе одиме на Јеховината гора‘ за да бидеме ‚поучени за неговите патишта‘ или не. Но, како што видовме од изнесеното, вклучени се многу работи за да се запознае вистинскиот Бог, да се биде ‚поучен за неговите патишта и да се оди по неговите патеки‘ (Исаија 2:2, 3). За таа цел, не е доволно само да се прочита некоја брошура или да се оди на краток курс за проучување. Тоа вклучува многу потемелна поука која влијае на нашиот целокупен начин на живот. Би сакал ли да дознаеш повеќе за Богот на мирот?
4 Јеховините сведоци се спремни да ти помогнат да преземеш такво сериозно истражување. Те охрабруваме да го продолжиш испитувањето на оваа тема со сета сериозност за и ти да можеш да бидеш меѓу оние ‚кои одат на Јеховината гора, кои се поучени за неговите патишта‘. За да добиеш натамошна помош, контактирај со Јеховините сведоци во Царската сала која ти е најблизу, или пиши до издавачите на оваа брошура. (Види стр. 32.) Пророкот Михеј многу добро го прикажал наградувачкиот резултат со зборовите: ‚Секој ќе седи под својата винова лоза и под својата смоква, и никој нема да ги плаши‘. И ти си повикан да бидеш меѓу оние кои ‚одат во името на Јехова . . . до недогледно време‘ во свет без војни! (Михеј 4:4, 5, NW).