Ве покануваме
Ни беше драго да разговараме со Вас преку страниците на оваа брошура. Се надеваме дека и Вам Ви беше драго што можевте да дознаете нешто повеќе за Јеховините сведоци. Ве молиме, прифатете ја нашата покана да нѐ посетите во нашата локална Сала на Царството. Видете како се водат нашите состаноци. Видете како настојуваме да ја споделиме со другите добрата вест за рајската Земја под Христовото Царство.
Ова го ветил Бог. „Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја, и во нив ќе престојува праведност“ (2. Петрово 3:13). Поминале многу векови. Периодот на чекање е при крај. Светските услови го покажуваат тоа.
„Дотолку повеќе колку што гледате дека се приближува денот“, рекол апостол Павле, „да обрнуваме внимание едни на други за да се поттикнуваме кон љубов и кон извонредни дела, не оставајќи го нашето заедничко собирање“ (Евреите 10:24, 25). Ве покануваме да обрнете внимание на советот на Павле на тој начин што ќе се состанувате со нас.