ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 21 стр. 56-стр. 57 пас. 6
  • Во синагогата во Назарет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во синагогата во Назарет
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Во синагогата во Исусовиот град
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Правел чуда, но бил отфрлен дури и во Назарет
    Исус — патот, вистината и животот
  • Го напушта Јаировиот дом и повторно оди во Назарет
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Синагогите во кои проповедале Исус и неговите ученици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 21 стр. 56-стр. 57 пас. 6
Исус во синагогата чита од свитокот на Исаија

ПОГЛАВЈЕ 21

Во синагогата во Назарет

ЛУКА 4:16-31

  • ИСУС ЧИТАЛ ОД СВИТОКОТ НА ИСАИЈА

  • ЛУЃЕТО ОД НАЗАРЕТ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО УБИЈАТ ИСУС

Во Назарет, градот каде што Исус пораснал, луѓето биле во големо исчекување. До пред година и нешто, Исус работел како дрводелец во градот, а потоа си заминал оттаму за Јован да го крсти. Но, сега Исус бил познат како човекот што прави чуда. Затоа, сите во Назарет желно чекале со свои очи да видат некое од неговите чуда.

Кога Исус, како што имал обичај, дошол во синагогата во Назарет, присутните биле во уште поголемо исчекување. Како и ‚секоја сабота во синагогите‘, и таа сабота службата вклучувала молитва и читање од Мојсеевите книги (Дела 15:21). Освен тоа, се читале и делови од пророчките книги. Кога Исус станал за да чита, меѓу присутните сигурно видел многу познати лица што и порано доаѓале во синагогата. Тогаш му го дале свитокот на пророкот Исаија, и тој го нашол местото каде што се зборувало за оној кого Јехова го помазал, зборови кои денес можеме да ги најдеме во Исаија 61:1, 2.

Откако прочитал дека Помазаникот ќе објави ослободување на заробениците, враќање на видот на слепите и доаѓање на Јеховината година на милоста, Исус му го вратил свитокот на служителот и седнал. Очите на присутните биле вперени во него. Тогаш Исус веројатно подетално објаснил некои работи, меѓу кои го кажал и следново: „Денес се исполнија овие зборови од Писмото, кои штотуку ги чувте“ (Лука 4:21).

Луѓето биле восхитени од ‚привлечните зборови што излегувале од неговата уста‘ и си велеле еден на друг: „Не е ли овој синот на Јосиф?“ Но, бидејќи бил свесен дека чекаат да направи некое чудо и пред нив, Исус продолжил: „Сигурно ќе ја примените на мене оваа изрека: ‚Лекару, излекувај се самиот себе!‘ И ќе речете: ‚Направи го и овде, во својот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум‘“ (Лука 4:22, 23). Очигледно, тие очекувале Исус најпрво да им помогне ним, односно да ги излекува луѓето од местото каде што пораснал. Затоа, зборовите на Исус можеби ги доживеале како навреда.

Знаејќи како размислуваат, Исус им спомнал две случки од минатото. Тој рекол дека во времето на Илија во Израел имало многу вдовици, но Илија не бил испратен кај ниту една од нив. Напротив, отишол во Сарепта, град во близината на Сидон, кај една вдовица која не била Израелка. Тој со чудо ѝ го спасил животот нејзе и на нејзиното дете (1. Царевите 17:8-16). А во времето на Елисеј во Израел имало многу лепрозни, но Елисеј го излекувал само Сириецот Нааман (2. Царевите 5:1, 8-14).

Луѓето од синагогата го носат Исус за да го турнат во провалија

Бидејќи примерите кои ги навел Исус јасно покажале дека луѓето од Назарет биле себични и немале вера, оние што биле во синагогата се налутиле и го извеле надвор од градот. Го одвеле на една стрмнина од планината на која се наоѓал Назарет и сакале да го турнат долу во провалијата. Но, Исус успеал да им се оттргне и да побегне. Потоа се упатил кон Капернаум, кој се наоѓал на северозападниот брег на Галилејското Море.

  • Што исчекувале со нетрпение луѓето во Назарет, градот каде што Исус пораснал?

  • Како реагирале присутните во синагогата додека Исус ги поучувал, но зошто потоа се разгневиле?

  • Што се обиделе да му направат на Исус луѓето од Назарет?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели