ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 48 стр. 120-стр. 121 пас. 8
  • Правел чуда, но бил отфрлен дури и во Назарет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Правел чуда, но бил отфрлен дури и во Назарет
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Го напушта Јаировиот дом и повторно оди во Назарет
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Чудата на Исус — што можеш да научиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Со чија моќ Исус правел чуда
    Исус — патот, вистината и животот
  • Во синагогата во Назарет
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 48 стр. 120-стр. 121 пас. 8
Мноштво луѓе го следат Исус додека тој си заминува од куќата на Јаир

ПОГЛАВЈЕ 48

Правел чуда, но бил отфрлен дури и во Назарет

МАТЕЈ 9:27-34; 13:54-58; МАРКО 6:1-6

  • ИСУС ИЗЛЕКУВАЛ ДВАЈЦА СЛЕПИ И ЕДЕН НЕМ ЧОВЕК

  • ЛУЃЕТО ОД НАЗАРЕТ ГО ОТФРЛИЛЕ

Исус имал исполнет ден. Откако се вратил од Декаполис, излекувал една жена од крвавење и ја воскреснал ќерката на Јаир. Но, денот уште не бил завршен. Додека Исус си одел од куќата на Јаир, почнале да го следат двајца слепи луѓе и да извикуваат: „Смилувај ни се, Сине Давидов!“ (Матеј 9:27).

Со тоа што го нарекле Исус „Сине Давидов“, тие луѓе покажале дека веруваат дека тој е наследникот на Давидовиот престол, а според тоа и ветениот Месија. Изгледа дека Исус отпрвин не обрнал внимание на нивните повици, можеби за да види колку упорни ќе бидат. И навистина, овие луѓе не се откажале лесно. Кога влегол во една куќа, тие влегле по него. Исус ги прашал: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Тие уверено му одговориле: „Да, Господару“. Тогаш Исус им ги допрел очите и им рекол: „Нека ви биде според вашата вера“ (Матеј 9:28, 29).

Одеднаш прогледале! Како што правел и со другите кои ги лекувал пред тоа, Исус и на овие двајца мажи им рекол никому да не кажуваат што направил. Но, тие биле толку восхитени што подоцна раскажале за него низ целиот крај.

Откако двајцата мажи си заминале, луѓето кај Исус донеле еден човек кој бил нем бидејќи во него имало демон. Исус го истерал демонот, и човекот веднаш прозборел. Сите биле одушевени и рекле: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел“. Меѓу луѓето имало и фарисеи. Бидејќи не можеле да одречат дека Исус правел чуда, тие повторно го обвиниле дека му служи на Сатана: „Ги истерува демоните со помош на владетелот на демоните“ (Матеј 9:33, 34).

Набрзо потоа, Исус повторно отишол во својот град, Назарет, но овојпат заедно со своите ученици. Кога бил таму околу една година пред тоа, тој поучувал во синагогата. Во таа прилика, луѓето отпрвин биле воодушевени од неговите поуки, но подоцна се налутиле поради она што им го рекол и сакале да го убијат. Сепак, Исус повторно дошол за да им помогне на луѓето од својот град.

Во сабота, Исус отишол во синагогата и почнал да ги поучува присутните. Мнозина од нив биле вчудовидени и се прашувале: „Од каде има овој мудрост и моќ за да прави такви дела? Зарем не е ова синот на дрводелецот? Зарем мајка му не се вика Марија, а неговите браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И зарем не се сите негови сестри со нас? Од каде му е тогаш сето тоа?“ (Матеј 13:54-56).

За оние што го слушале, Исус бил само некој што порано живеел во нивниот град. Тие си велеле: ‚Го знаеме од дете. Како е можно тој да е Месијата?‘ Така, и покрај сите докази — како неговата голема мудрост и чудата што ги правел — не поверувале во него. Поради блискоста со него, дури ни неговите роднини не можеле да му поверуваат. Затоа Исус рекол: „Пророкот никаде не останува без чест, освен во својот роден крај и во својот дом“ (Матеј 13:57).

Исус се зачудил кога видел колку многу им недостигало вера. Затоа, таму не направил други чуда освен што ‚ги положил рацете на неколкумина болни и ги излекувал‘ (Марко 6:5, 6).

  • Во што верувале двајцата слепи луѓе со оглед на тоа што го нарекле Исус „Сине Давидов“?

  • Какво објаснување за чудата на Исус повторно изнеле фарисеите?

  • Како бил прифатен Исус во Назарет, и зошто?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели