ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • od погл. 7 стр. 59-70
  • Состаноци што поттикнуваат на љубов и добри дела

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци што поттикнуваат на љубов и добри дела
  • Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • СОБРАНИСКИ СОСТАНОЦИ
  • ЈАВНО ПРЕДАВАЊЕ И ПРОУЧУВАЊЕ НА СТРАЖАРСКА КУЛА
  • НАШИОТ ЖИВОТ И СЛУЖБА КАКО ХРИСТИЈАНИ
  • СОСТАНОЦИ ЗА ПРОПОВЕДАЊЕ
  • СОСТАНОЦИ ВО НОВИТЕ ИЛИ МАЛИТЕ СОБРАНИЈА
  • ПОКРАИНСКИ СОБИРИ
  • РЕГИОНАЛНИ КОНГРЕСИ
  • ГОСПОДАРОВАТА ВЕЧЕРА
  • Состаноци на кои го славиме Бог
    Божјето Царство владее!
  • Срдечно си поканет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Состаноци за проповедање кои ја исполнуваат својата цел
    Нашата служба за Царството 2015
  • Искористи ги во потполност состаноците за проповедање
    Нашата служба за Царството 2006
Повеќе
Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
od погл. 7 стр. 59-70

ПОГЛАВЈЕ 7

Состаноци што поттикнуваат на љубов и добри дела

УШТЕ во минатото, Божјите слуги одржувале организирани собири. Во древниот Израел, сите мажи патувале во Ерусалим за да ги прослават трите големи празници (5. Мој. 16:16). Во првиот век, христијаните редовно одржувале состаноци, честопати во нечиј дом (Филим. 1, 2). И денес Божјите слуги се собираат заедно. Ние одржуваме состаноци, собири и конгреси. Зошто го правиме ова? Главно, затоа што тоа е неизоставен дел од нашата света служба за Јехова (Пс. 95:6; Кол. 3:16).

2 Освен тоа, состаноците, собирите и конгресите многу ни користат. Во врска со секој седми Празник на сениците, на Израелците им било кажано да се соберат сите — мажите, жените, децата и дојденците — за да слушаат и да научат да се бојат од Јехова и совесно да ги држат сите зборови на Законот (5. Мој. 31:12). Според ова, една важна причина зошто се собираме е за да бидеме „поучени од Јехова“ (Иса. 54:13). Дружењето во ваквите прилики ни овозможува да се запознаеме еден со друг, да се охрабриме и да се зајакнеме.

СОБРАНИСКИ СОСТАНОЦИ

3 Учениците кои биле собрани во Ерусалим по Педесетница 33 год. од н.е. му се посветиле на апостолското учење и секој ден поминувале многу време во храмот со заедничка цел (Дела 2:42, 46). Подоцна, кога христијаните се собирале заедно за да го слават Јехова, ги читале светите списи, вклучувајќи ги и писмата на апостолите и на некои други ученици на Исус (1. Кор. 1:1, 2; Кол. 4:16; 1. Сол. 1:1; Јак. 1:1). Освен тоа, на тие состаноци се молеле заедно како собрание (Дела 4:24-29; 20:36). Понекогаш, биле раскажувани искуства од службата на проповедање од други места (Дела 11:5-18; 14:27, 28). Исто така, се разгледувале различни библиски учења и се разгледувало исполнувањето на некои пророштва. Христијаните добивале и упатства за тоа како треба да се однесуваат и како да му бидат оддадени на Бог. Сите биле поттикнувани ревносно да ја објавуваат добрата вест (Рим. 10:9, 10; 1. Кор. 11:23-26; 15:58; Еф. 5:1-33).

4 Денес, нашите состаноци се одржуваат на сличен начин како во времето на апостолите. Ние го следиме поттикот од Евреите 10:24, 25, каде што стои: „Да размислуваме еден за друг... и да не ги пропуштаме нашите состаноци, како што некои имаат обичај, туку да се храбриме еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот“. Во овие тешки последни денови, потребно ни е охрабрувањето што го добиваме кога редовно се состануваме. Тоа ни помага да бидеме јаки во духовен поглед и да му останеме верни на Јехова (Рим. 1:11, 12). Светот во кој живееме е расипан и изопачен. Сепак, како христијани сме ги отфрлиле световните желби и безбожноста (Фил. 2:15, 16; Тит 2:12-14). Зарем има нешто подобро за нас од тоа да бидеме во друштво на Јеховиниот народ? (Пс. 84:10). Зар има нешто што може да ни користи повеќе од проучувањето на Божјата Реч и заедничките дискусии за неа? Да ги разгледаме разните состаноци од кои добиваме важни поуки.

ЈАВНО ПРЕДАВАЊЕ И ПРОУЧУВАЊЕ НА СТРАЖАРСКА КУЛА

5 За време на викендот, се одржува состанок кој се состои од два дела. Во првиот дел има еден библиски говор кој е особено наменет за луѓето што не се Јеховини сведоци. Некои од нив можеби прв пат присуствуваат на наш состанок. Јавното предавање им помага и на заинтересираните лица и на објавителите во собранието да ги задоволат своите духовни потреби (Дела 18:4; 19:9, 10).

6 Исус Христос, неговите апостоли и другите ученици одржувале јавни предавања слични на предавањата што денес се одржуваат во собранијата на Јеховиниот народ. Без сомнение, Исус бил најдобриот говорник што некогаш живеел на Земјата. За него било речено: „Никој никогаш не зборувал така“ (Јован 7:46). Исус зборувал како некој зад чии зборови стои Бог и затоа оние што го слушале биле восхитени (Мат. 7:28, 29). Луѓето што ја зеле присрце неговата порака добиле многу благослови (Мат. 13:16, 17). Апостолите го следеле примерот на Исус. Во Дела 2:14-36 е запишан впечатливиот говор што Петар го изнел на Педесетница 33 год. од н.е. Овој говор поттикнал илјадници луѓе да ги послушаат неговите зборови. Подоцна, откако Павле изнел еден говор во Атина, некои што го слушале станале верници (Дела 17:22-34).

7 И денес, милиони лица извлекуваат корист од јавните предавања што се одржуваат секоја седмица во собранијата, како и од јавните предавања што се изнесуваат на собирите и конгресите. Таквите говори ни помагаат да ги имаме на ум библиските учења и да истраеме во службата за Царството. Ако се трудиме да поканиме што повеќе луѓе, особено заинтересираните лица, може да им помогнеме да ги дознаат основните библиски учења.

8 Во јавните предавања се обработуваат различни теми. Се разгледуваат библиски учења и пророштва, библиски начела и совети за семејниот живот и за бракот, предизвици со кои се соочуваат младите и морални мерила за кои треба да се држат христијаните. Во некои говори се зборува за чудесните созданија на Јехова. Од други говори учиме за верата, храброста и беспрекорноста на личностите од Библијата и за тоа како можеме да го следиме нивниот пример.

9 За да извлечеме целосна корист од јавните предавања, неопходно е внимателно да слушаме, да ги бараме во нашата Библија стиховите на кои се осврнува говорникот и да го следиме додека ги чита и објаснува (Лука 8:18). Така ќе се увериме дека тоа што се кажува е вистина и ќе бидеме решени да се држиме за она што го учиме и да го применуваме (1. Сол. 5:21).

10 Предвидено е во секое собрание да се одржува јавно предавање секоја седмица. За да се постигне ова, честопати се канат говорници од другите собранија што се во близина. Доколку нема доволно говорници, јавните предавања ќе се одржуваат секогаш кога ќе биде можно.

11 Во вториот дел од состанокот за време на викендот се одржува Проучувањето на Стражарска кула во вид на дискусија со прашања и одговори. Дискусијата се темели на статии од изданието за проучување на Стражарска кула. Преку овие статии Јехова ни дава духовна храна во право време.

12 Во статиите за проучување честопати се зборува за тоа како да ги применуваме библиските начела во секојдневниот живот. Тоа ни помага да му се спротивставиме на „духот на светот“ и да останеме чисти во секој поглед (1. Кор. 2:12). Статиите од Стражарска кула фрлаат сѐ посилна светлина на библиските учења и пророштва, и така ни овозможуваат да бидеме во чекор со вистината и да останеме на патеката на праведните (Пс. 97:11; Изр. 4:18). Кога присуствуваме и учествуваме на Проучувањето на Стражарска кула, стануваме порадосни бидејќи се зацврстува нашата надеж во Божјиот нов свет (Рим. 12:12; 2. Пет. 3:13). Исто така, ги развиваме плодовите на духот и ја разгоруваме нашата желба ревносно да му служиме на Јехова (Гал. 5:22, 23). Овој состанок ни дава сила да ги издржиме искушенијата и да изградиме „добар темел за иднината“. Така ќе можеме да го освоиме вистинскиот живот (1. Тим. 6:19; 1. Пет. 1:6, 7).

13 Како можеме да извлечеме потполна корист од духовната храна што ја добиваме на овој состанок? Треба однапред, како поединци или како семејство, да ја проучиме статијата за таа седмица, да ги прочитаме наведените стихови и потоа да коментираме со свои зборови за време на состанокот. Кога го правиме ова, вистината уште подлабоко ни се врежува во срцето, а другите извлекуваат корист од коментарите со кои ја изразуваме нашата вера. Доколку внимателно слушаме додека другите коментираат, ќе извлечеме потполна корист од статиите што се разгледуваат секоја седмица.

НАШИОТ ЖИВОТ И СЛУЖБА КАКО ХРИСТИЈАНИ

14 Секоја седмица, собранијата го одржуваат состанокот Нашиот живот и служба како христијани. Овој состанок се состои од три дела чија цел е да нѐ оспособат подобро да му служиме на Бог (2. Кор. 3:5, 6). Распоредот и материјалот ги добиваме во месечното издание на Нашиот живот и служба како христијани — работни листови. Работните листови содржат и предлози за разговор кои може да се користат во службата на проповедање.

15 Првиот дел од овој состанок, наречен Од ризницата на Божјата Реч, ни помага да се запознаеме со контекстот на библиските извештаи и да научиме како можеме да ги примениме поуките. Овој дел од состанокот вклучува говор, читање и дискусија кои се темелат на поглавјата од седмичното читање на Библијата. За да можеме полесно да ги разбереме библиските извештаи, работните листови содржат и слики, табели, графички прикази, цртежи и карти. Ваквото длабоко проучување на Библијата ни користи во секојдневниот живот и во службата, и ни помага да бидеме вистински способни и потполно опремени за секое добро дело (2. Тим. 3:16, 17).

16 Вториот дел од состанокот е наречен Дај сѐ од себе во службата. Тој им дава можност на сите да се подобрат во службата така што ќе вежбаат како да проповедаат и да ги поучуваат другите за Бог. Освен тоа, се разгледуваат видеоклипови со предлози за разговор. Овој дел од состанокот ни помага да стекнеме учен јазик за да знаеме што да му кажеме на уморниот (Иса. 50:4).

17 Третиот дел од состанокот е наречен Да живееме како христијани и ни помага да ги применуваме библиските начела во секојдневниот живот (Пс. 119:105). Во овој дел е вклучено Собраниското проучување на Библијата. Исто како Проучувањето на Стражарска кула, и Собраниското проучување на Библијата е во вид на дискусија со прашања и одговори.

18 Секој месец, кога ќе стигнат нови работни листови за состанокот Нашиот живот и служба, координаторот на старешинството, или некој старешина што му помага, внимателно ги разгледува и прави распоред. Секоја седмица, еден старешина кој вешто поучува и е одобрен од старешинството ќе служи како претседавач на состанокот. Тој се грижи програмата да започне и да заврши навреме, и им дава пофалби и совети на оној што го има читањето на Библијата и на оние што имаат задачи во делот Дај сѐ од себе во службата.

19 Кога редовно се подготвуваме, присуствуваме и учествуваме на состанокот Нашиот живот и служба, стекнуваме поголемо знаење од Библијата, подобро ги разбираме начелата од неа, проповедаме со поголема увереност и повешто ги поучуваме луѓето. И лицата кои сѐ уште не се крстени извлекуваат корист од дружењето и од изградувачките мисли на овој состанок. За да се подготвиш за овој и за другите состаноци, може да ги користиш компјутерската програма Watchtower Library, апликацијата JW Library®, ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА Watchtower™ (ако се достапни на твојот јазик) и библиотеката во салата. Во библиотеката во салата има најразлични публикации на Јеховините сведоци, меѓу кои се Индексот на публикации на Јеховините сведоци или Прирачникот за истражување, како и разни преводи на Библијата, речници и некои други корисни прирачници. Секој може да ја користи библиотеката пред и по состаноците.

СОСТАНОЦИ ЗА ПРОПОВЕДАЊЕ

20 Објавителите се собираат во групи за да одржат кратки состаноци за проповедање во различни термини во текот на седмицата. Овие состаноци обично се одржуваат во нечиј дом или на друго соодветно место, а може да се одржуваат и во салата. Можеби за објавителите ќе биде полесно да стигнат до состанокот за проповедање или до подрачјата доколку има повеќе помали групи кои се собираат на различни места на подрачјето. Надгледникот на групата може брзо да ги организира објавителите за тие веднаш да тргнат на подрачјето. Освен тоа, така може да им обрне поголемо внимание на објавителите во својата група. Иако е добро секоја група да има посебен состанок за проповедање, понекогаш околностите налагаат неколку групи да се состануваат заедно. На пример, ако во работните денови само мал број објавители одат во служба, можеби би било подобро повеќе групи да имаат заеднички состанок или сите групи да се состанат заедно во салата или на некое друго соодветно место. Така објавителите ќе имаат со кого да соработуваат во службата. Можеби собранието ќе увиди дека е добро да има заеднички состанок за проповедање во салата за време на празниците или по Проучувањето на Стражарска кула.

21 Ако групите се состануваат одвоено, надгледникот на секоја група ќе ги води состаноците за проповедање. Одвреме-навреме, надгледникот на групата може да го замоли својот помошник или некој друг способен брат да ги води тие состаноци. Братот што го води состанокот треба да биде подготвен да обработи нешто што е практично и корисно за службата на проповедање. Откако објавителите ќе се организираат за служба, еден од браќата ќе се помоли. Потоа објавителите веднаш ќе тргнат во служба. Состаноците за проповедање траат од пет до седум минути. Но, ако се одржуваат по собраниски состанок, треба да траат пократко. На овие состаноци добиваме охрабрување, практични предлози и упатства. За да добијат обука, новите или оние на кои им е потребна помош може да соработуваат со поискусните објавители.

СОСТАНОЦИ ВО НОВИТЕ ИЛИ МАЛИТЕ СОБРАНИЈА

22 Како што се зголемува бројот на објавители, се зголемува и бројот на собранија. Обично покраинскиот надгледник поднесува молба за да биде формирано ново собрание. Сепак, во некои случаи, за помалите групи можеби ќе биде покорисно ако припаѓаат на најблиското собрание.

23 Понекогаш во малите собранија може да има само сестри. Во таков случај, сестрата која се моли во собранието или ги води состаноците треба да носи покривало на главата во склад со Библијата (1. Кор. 11:3-16). Најчесто таа седи свртена кон другите. Сестрите не изнесуваат говори на состаноците. Наместо тоа, го читаат материјалот објавен од организацијата и коментираат во врска со него. За состанокот да не биде едноличен, може да го разгледуваат тој материјал или во вид на дискусија или во вид на приказ. Подружницата одредува која сестра ќе се грижи за кореспонденцијата и за состаноците. Со текот на времето, кога ќе има браќа кои ќе можат да ги вршат овие одговорности, тие ќе се грижат за нив.

ПОКРАИНСКИ СОБИРИ

24 Секоја година за собранијата што припаѓаат на иста покраина се организираат два еднодневни покраински собири. Овие радосни настани им овозможуваат на присутните широко да ги отворат своите срца така што ќе се дружат со сохристијаните (2. Кор. 6:11-13). Темата и програмата се одредуваат врз основа на некоја конкретна потреба. Информациите се изнесуваат преку говори, презентации, прикази, монолози и интервјуа. Таквите навремени упатства ги зајакнуваат сите присутни. На покраинските собири, оние со кои ја проучуваме Библијата имаат прилика да се крстат и со тоа да покажат дека му го заветувале својот живот на Јехова.

РЕГИОНАЛНИ КОНГРЕСИ

25 Еднаш годишно се организираат поголеми конгреси. Тоа се обично тридневни регионални конгреси на кои присуствуваат собранија од повеќе покраини. Но, за подружниците кои надгледуваат помал број собранија може да биде попрактично да организираат еден конгрес на кој ќе присуствуваат сите собранија од нивното подрачје. Како ќе бидат организирани овие конгреси зависи од околностите или од упатствата што ги дава организацијата. Одвреме-навреме, во некои земји се организираат меѓународни или специјални конгреси на кои можат да присуствуваат десетици илјади Сведоци од повеќе земји. Низ годините, многумина ја дознале добрата вест за Царството поради тоа што медиумите известувале за овие големи конгреси на Јеховините сведоци.

26 Конгресите се радосни прилики на кои Јеховините слуги обединето го слават Бог. Понекогаш, на конгресите добиваме појаснувања на библиската вистина. На некои од нив се објавува излегувањето на нови публикации наменети за лично и собраниско проучување или за службата на проповедање. На овие конгреси, оние со кои ја проучуваме Библијата имаат прилика да се крстат. Конгресите се многу важни затоа што ни помагаат да станеме позрели во духовен поглед. Тие се доказ дека Јеховиниот народ е меѓународно братство од верни христијани кои се препознаваат како ученици на Исус Христос по својата љубов (Јован 13:35).

27 Кога присуствуваме на состаноците, собирите и конгресите, уште повеќе сме зајакнати да ја вршиме Јеховината волја. Освен тоа, тие ни помагаат да се заштитиме од влијанието на светот кое може да ја поткопа нашата вера. Кога се собираме заедно, му носиме слава и фалба на Јехова (Пс. 35:18; Изр. 14:28). Многу сме благодарни што преку состаноците, собирите и конгресите Јехова духовно нѐ освежува во ова време на крајот.

ГОСПОДАРОВАТА ВЕЧЕРА

28 Секоја година, сите собранија на Јеховините сведоци низ светот ја одбележуваат годишнината од смртта на Исус Христос. Овој посебен настан се нарекува Спомен-свеченост, односно Господарова вечера (1. Кор. 11:20, 23, 24). Ова е најважниот состанок во годината за Јеховиниот народ. Во Библијата ни е дадена конкретна заповед да го одбележуваме овој настан (Лука 22:19).

29 Спомен-свеченоста се одржува на истиот датум на кој, според Библијата, се одбележувала Пасхата (2. Мој. 12:2, 6; Мат. 26:17, 20, 26). Израелците секоја година ја прославувале Пасхата во сеќавање на нивното ослободување од Египет. Јехова го одредил 14-тиот ден од нивниот прв лунарен месец во 1513 год. пр. н.е. како датум на кој требало да го јадат пасхалното јагне и да излезат од ропството во Египет (2. Мој. 12:1-51). Датумот на Спомен-свеченоста се одредува така што се бројат 13 дена од појавувањето на младата месечина над Ерусалим која е најблизу до пролетната рамноденица. Обично, Спомен-свеченоста се паѓа на првата полна месечина по пролетната рамноденица.

30 Зборовите на Исус запишани во Матеј 26:26-28 ни покажуваат како треба да се одбележува Спомен-свеченоста. Тоа не е ритуал што е обвиен во мистерија, туку симболичен оброк во кој учествуваат оние кои се повикани да владеат како сонаследници со Исус Христос во неговото небесно Царство (Лука 22:28-30). Другите христијани и заинтересирани лица се поттикнати да присуствуваат на Господаровата вечера како набљудувачи. Со своето присуство на овој настан тие покажуваат дека го ценат она што Јехова Бог го направил за целото човештво преку својот Син, Исус Христос. Пред Спомен-свеченоста, се одржува специјално предавање кое има за цел да побуди интерес за тој настан и да ги поттикне луѓето да ја проучуваат Библијата.

31 Јеховините сведоци се радосни што можат да се собираат на состаноците, каде што размислуваат еден за друг и се поттикнуваат кон љубов и кон добри дела (Евр. 10:24). Верниот и разборит роб ги организира ваквите состаноци за да ги задоволи нашите духовни потреби. Сите Јеховини сведоци, како и заинтересираните лица, се поттикнати редовно да доаѓаат на состаноците и собирите за да извлечат целосна корист од нив. Кога од сѐ срце покажуваме ценење за тоа што Јехова ни го дава преку својата организација, обединети сме како негов народ. А што е уште поважно, така го славиме и фалиме Јехова (Пс. 111:1).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели