Вовед во дел 5
Два месеци откако го преминале Црвеното Море, Израелците стигнале до планината Синај. Таму Јехова со нив склучил сојуз, односно договор, за да бидат негов посебен народ. Тој ги штител Израелците и им давал сѐ што им било потребно — мана за да јадат, облека која не се кинела и не стареела, како и безбедно место за живеење. Ако си родител, помогни му на детето да разбере зошто Јехова им дал на Израелците закон, свет шатор и свештенство. Истакни колку е важно да си стоиме на зборот, да бидеме понизни и секогаш да му бидеме верни на Јехова.