ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • th лекција 9 стр. 12
  • Користење слики и видеоклипови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користење слики и видеоклипови
  • Посвети се на читањето и поучувањето
  • Сличен материјал
  • Делотворно користење визуелни помагала
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Користи делотворни визуелни средства за да поучуваш
    Нашата служба за Царството 2006
  • Поучувај ги интересентите со видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Да им се помогне на заразените од СИДА
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Посвети се на читањето и поучувањето
th лекција 9 стр. 12

ЛЕКЦИЈА 9

Користење слики и видеоклипови

Наведен стих

1. Мојсеева 15:5

ЦЕЛ: Користи слики и видеоклипови за да поучуваш на поживописен начин и за да можат оние што те слушаат полесно да ги запамтат главните мисли.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Користи слики за подобро да поучуваш. Кога држиш говор, можеш да користиш фотографии, цртежи, карти, графикони или други визуелни средства за да ги истакнеш главните мисли, а не некои ситни детали. Помогни им на слушателите да го запамтат не само она што им го прикажуваш туку и поуката што сакаш да им ја пренесеш.

  • Оние на кои им се обраќаш треба да можат јасно да ги гледаат сликите или видеоклиповите. На пример, ако користиш слика додека си на бината, таа треба да биде доволно голема за да можат да ја видат сите присутни.

    Практичен совет

    Подготви го она што сакаш да го прикажеш уште пред да почнеш со своето излагање.

ВО СЛУЖБАТА

Покажи му на соговорникот некоја слика во публикацијата што ја користиш и прашај го што гледа на неа. Ако е потребно, постави му додатни прашања за да истакнеш некои важни мисли. Кога пушташ видеоклип, сврти го таблетот или телефонот кон соговорникот. Додека го гледа клипот, обично нема потреба да зборуваш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели