ЛЕКЦИЈА 18
Поучно за слушателите
1. Коринќаните 9:19-23
ЦЕЛ: Поттикни ги слушателите да размислуваат, и на крајот да имаат чувство дека научиле нешто корисно.
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
Размисли кои работи им се познати на слушателите. Наместо само да повторуваш мисли кои веќе ги знаат, помогни им да ги гледаат работите од друг агол.
Истражувај и размислувај. Кога е можно, поткрепи ги главните мисли со тековни настани или со факти кои не им се толку познати на слушателите. Длабоко размислувај за материјалот и за тоа како тој е поврзан со фактите што сакаш да ги наведеш.
Истакни ја практичната вредност на она што го кажуваш. Објасни како мислите од Библијата можат да им користат на твоите слушатели во нивниот живот. Обработи конкретни ситуации, ставови и постапки кои ги засегаат слушателите.