Задржи ја верата и добрата совест
Врвни точки од Првото писмо до Тимотеј
ОКОЛУ 56 н. е. апостол Павле ги предупредил старешините од Ефеското собрание дека меѓу нив ќе се подигнат ”свирепи волци“ кои ќе ”говорат искривени работи за да ги одвлечат учениците по себе“ (Дела на апостолите 20:29, 30). За неколку години, отпадничкото учење станало толку сериозно, што Павле го поттикнувал Тимотеј да води духовна војна внатре во собранието за да се сочува неговата чистота и да им помогне на браќата да останат во верата. Тоа била главната причина зошто Павле го напишал своето прво писмо до Тимотеј од Македонија околу 61-64. н. е.
Тимотеј бил подучуван за должностите на старешините и за местото на жената одредено од Бог. Воедно знаел кои особини мораат да ги имаат старешините и слугите помошници. Тие упатства се корисни и денес.
Поттикнување на вера
Павле започнал со советот да се задржи верата и добрата совест (1Ти 1:1-20). Тој го охрабрува Тимотеј да остане во Ефес и ”да да им заповеда на некои да не учат други науки“. Бил благодарен за службата која му е доделена и признава дека и самиот постапувал во незнаење и со недостаток на вера кога ги прогонувал Христовите следбеници. Павле го опоменува Тимотеј да преземе духовна војна за да се ”одржи верата и добрата совест“ за да не станат како оние кои ”доживеале бродолом на верата“.
Совет во врска со обожавањето
Понатаму Павле дал совет како ”учител на паганите во работите на верата и вистината“ (2:1-15). Молитвите мораат да бидат упатени и за оние кои се на високи положаи, властите, за да можат христијаните мирно да живеат. Божја волја е да бидат спасени луѓе од сите видови, а животоважната наука е дека Христос се ”дал себеси како соодветна откупнина за сите“. Павле укажува на тоа дека жените мораат скромно да се уредуваат и да не управуваат со своите мажи.
Собранието мора да биде добро организирано (3:1-16). Во склад со тоа, Павле укажува на особините кои мораат да ги имаат надгледниците и слугите помошници. Од она што му било напишано, Тимотеј би знаел како да се однесува во собранието, кое е ”столб и потпора на вистината“.
Павле лучно го советува Тимотеј да се варди од лажните учења (4:1-16). Иако подоцна некои ќе отпаднат од верата, со постојано внимавање на правата наука и себе, Тимотеј би се ”спасил себеси и оние кои го слушаат.“
Тимотеј исто така добил совет во врска со однесувањето кон поединци, млади и стари (5:1-25). На пример, биле направени прикладни подготовки за постарите вдовици со добар христијански углед. За младите вдовици би било подобро да се омажат и да раѓаат деца, отколку да озборуваат. Постарите мажи кои го водат собранието по добар пат, треба да се сметаат достојни за двократна чест.
Оддаденост на Бог со лично задоволство
Павле го завршува писмото со советот во врска со оддаденоста на Бог (6:1-21). ”Оддаденоста на Бог со самозадоволство“ значи голема добивка, додека тежнеењето по богатство води во уништување и пропаст. Тој го опоменува Тимотеј да води добра борба за верата и ”цврсто да се држи за вечниот живот“. За да го постигнат стварниот живот, богатите мораат ”да ја стават својата надеж не во несигурното богатство, туку во Бог“.
[Рамка/слика на страница 30]
Спасени преку раѓање деца: Павле не говорел за спасение во вечен живот, туку за божествената улога на жената, кога напишал: ”Но ќе се спаси раѓајќи деца, ако остане во верата и љубовта и светоста со здрав разум“ (1. Тимотеј 2:11-15). Со раѓањето и грижата за децата, како и со водењето на домаќинството, жената ќе се ”спаси“ да не стане безработна озборувчка и наметливка која се меша во туѓите работи (1. Тимотеј 5:11-15). Својата работа дома таа ќе ја надополни со службата за Јехова. Се разбира, сите христијани треба да внимаваат на своето однесување и мудро да го користат времето (Ефесјаните 5:15, 16).