Зошто религијата треба да се сфати сериозно?
”НЕ ЖИВЕЕ човек само од лебот“ (Матеј 4:4, ДК). Овие често цитирани зборови допираат една човечка потреба која многумина денес ја испуштиле од вид. Тие покажуваат дека имаме еден духовен дел од нашата личност кој треба да биде задоволен. Затоа оној кој ги изговорил овие зборови, Исус Христос, исто така рекол: ”Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“ (Матеј 5:3).
Само религијата може да ги задоволи нашите ”духовни потреби“. Само религијата може да ги одговори нашите основни прашања во врска со потеклото, целта и смислата на животот. И само религијата може да му даде вистинска смисла и суштина на нашиот живот. Но не секоја религија може да го постигне тоа. Исус ѝ рекол на самарјанката: ”Правите обожаватели ќе го обожаваат Таткото со дух и вистина“ (Јован 4:23). Да се обожава ’со вистина‘ значи повеќе отколку да се следат традиционални обичаи и ритуали. Овие обичаи често на следбениците им даваат привремено чувство на благосостојба, но ги оставаат духовно гладни.
На пример, Едвин О. Рајсхауер, поранешен американски амбасадор во Јапонија, забележал: ”За повеќето луѓе шинтоизмот и будизмот претставуваат само обичаи или вообичаени правила отколку смисловни верувања.“ Вистина, многу Јапонци се задоволни со ваквата состојба. Но една група на ”нови религии“ во Јапонија го одразуваат растечкото незадоволство од традиционалната религија.
Во средиштето на ”новите религии“ најчесто се шармантните водачи, а не Бог. Многу од овие религиозни водачи тврдат дека биле божествено инспирирани. Но општо земено, нивните доктрини се нешто/малку повеќе од една растопена мешавина на будизам, шинтоизам и други верувања — со голема доза на филозофијата на нивниот основач. Нивната привлечност се состои во ветувањето за подобар живот и во тврдењето дека поседуваат мистични сили и сили со кои можат да лекуваат. Но дали ваквите религии даваат доказ дека ги учат своите следбеници да обожаваат ’во дух и вистина‘? Тешко. Како прво, религиозните култови денес ги има, утре ги нема. Нивната променлива природа дава малку повод да се сфатат сериозно.
Религија која треба да се сфати сериозно
Но, постои една религија која е постара од било кој друг облик на обожавање. Тоа е религијата за која учи Светото писмо. Библијата започнала да се пишува пред 35 века, и некои од ”историите“ кои се зачувани во нејзините први поглавја, датираат повеќе од илјада години наназад.a Таа ги содржи најстарите записи што можат да се добијат за потеклото на религијата. Самиот тој факт е доволна причина да ѝ се придаде сериозно внимание на религијата од Библијата.
The Encyclopedia Americana во врска со Библијата вели: ”Нејзината светлина ’отишла по целиот свет‘. Сега се смета за етичко и религиозно богатство чие неисцрпно учење ветува да биде дури уште повредно како што расте надежта за светска цивилизација.“ Но ако една книга може да биде вистински водич кон вистинската религија, зарем не би очекувал да има најголем тираж и да им биде достапна на сите оние кои ја бараат вистината?
Така е случајот со Библијата. Преведена е на 1 928 јазици, целосно или во делови, и е најраспространета книга во историјата. Понатаму, докажано е дека е и историски и научно доследна. Археологијата и историјата сведочат за прецизното исполнување на библиските пророштва. Слободна е од секаков вид на мистицизам и спиритизам и од окултизмот. Сето тоа е во согласност со нејзиното сопствено тврдење дека е божествено инспирирана.b (2. Тимотеј 3:16).
”Плодовите“ на правата религија
Но зарем не е вистина дека многу религии тврдат дека ја следат Библијата? И зарем не е видлив раздорот, непријателството и лицемерието помеѓу оние кои тврдат дека се христијани? Да, но тоа не е причина да се омаловажува Библијата. Самиот Исус Христос рекол дека повеќето од оние кои се изјаснуваат како христијани нема да бидат признати од Бога. (Види Матеј 7:13, 14, 21-23.) Тогаш како можат да се препознаат оние кои ја спроведуваат правата религија за која учи Библијата? Исус дал одговор: ”По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; И така, по нивните плодови ќе ги познаете.“ (Свето евангелие според Матеј 7:16, 17, 20, Свето Писмо, мак.).
Да, правата религија треба да биде моќна сила за добро, која раѓа корисни плодови меѓу обожавателите. Да го земеме, на пример, Акинори, Јапонец, кој според неговите зборови ”станал олицетворение на натпреварувачки дух“. Успешно ги постигнал своите поставени цели да дипломира на водечки универзитет и да добие место во угледна фирма. Не чувствувал никаква потреба да се бави со религија во животот. ’Религијата е за слабите на кои им треба патерица во животот‘, си мислел во себе.
Сѐ одело добро додека, како резултат на напнатост и умор, се разболел од тешка заразна болест. Му се искривил вратот, а вилицата му се ”вкочанила“ на десното рамо. Многу ”пријатели“ во фирмата на Акинори се покажале како слаба утеха во неговата болка. (Спореди со Пословици 17:17.) И така тонел длабоко во алкохолизмот и дури размислувал да се убие.
Меѓутоа, со текот на времето, неговата сопруга почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Еден ден додека разговарале, му кажала што кажува Библијата во Галатјаните 6:7, каде стои: ”Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее“ (СПМ). Погоден од овие зборови, Акинори ѝ се придружил во студијата, и она што го научил го изменило неговото сфаќање за смислата на животот. И како што гледиштето на Акинори се разведрувало, неговата болест предизвикана од напнатост почнала да исчезнува! Како што вели една библиска пословица: ”Спокојното срце е живот за телесниот организам“ (Пословици 14:30). Да, вистинската религија дава добри плодови!
Тоширо е друг Јапонец кој увидел како вистинската религија може да биде добротворна сила. Иако верувал дека е вредно религијата да се спроведува во дело, самиот ништо не преземал. Неговиот главен интерес бил да се здобие со куќа. Но, и откако ја постигнал таа цел, го немал задоволството кое го предвидувал. Освен тоа, на работното место забележал дека нечесното постапување е вообичаено и дека од тоа произлегуваат лошите меѓучовечки односи. Тоширо се грозел од она што го гледал.
Еден ден неговата жена поканила еден старешина од локалното собрание на Јеховините сведоци да го посети. Тоширо веднаш увидел дека старешината е поинаков од колегите на работа. Која била причината? Старешината искрено ги применувал библиските начела во својот живот. Импресиониран, Тоширо ја прифатил понудата да ја студира Библијата и почнал религијата од Библијата да ја прави свој начин на живот.
Те покануваме и тебе да се запознаеш со Јеховините сведоци. Нивните ”плодови“ даваат доказ дека вршат обожавање ’со дух и вистина‘. Се напрегаат да го спроведат библиското учење во својот живот. И додека како поединци се далеку од совршеност, тие покажуваат колку вистинската религија може да биде моќна духовна сила за добро.
Илјадници од Сведоците некогаш биле несреќни со својот начин на живеење. Но применувајќи ги библиските начела, многу од нив направиле впечатливи промени. Со негување на она што Библијата го нарекува ”плодови на духот“, имено особините љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, доброта, вера, благост и самосовладување, тие го пронашле клучот за личната среќа (Галатјаните 5:22, 23).
Вечна корист од спроведувањето на правата религија
Сепак, вистинската религија треба да постигне повеќе отколку менување на личноста или олеснување на личните проблеми. Светските проблеми како што се загаденоста, опасноста од нуклеарна војна и експлоатирањето на средината се закануваат да ја уништат нашава прекрасна планета. Економските проблеми ја задушуваат среќата и благосостојбата на милиони луѓе. Ниедна религија не може да се сфати сериозно ако не нуди надеж за решавање на овие светски проблеми.
Религијата на Библијата нуди ваква надеж. Бог ветува дека ќе воведе праведен нов свет под небеска влада или ”царство“ (Матеј 6:9, 10; 2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4). Ова Царство е универзален лек за сите болести на човештвото. И во врска со трајноста на ваквите користи по целиот свет, Библијата ни дава гаранција: ”А светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека.“ Да, бескраен живот во среќа е надеж на секој вистински христијанин! (Прво соборно послание на св. апостол Јован 2:17, СПМ). Но само оние кои сериозно го сфаќаат спроведувањето на правата религија ќе имаат користи од Царството кое доаѓа. Затоа те поттикнуваме да почнеш сериозно да ја проучуваш Библијатаc (Јован 17:3). И како што полека допушташ светлото на Божјата Реч да засјае во твојот живот, ќе доживуваш огромна радост додека твоите ’духовни потреби‘ чекор по чекор се исполнат. Навистина, вечните благослови ќе станат твои затоа што религијата — вистинската религија — си ја сфатил сериозно.
[Фусноти]
a Види, на пример, 1. Мојсеева 2:4; 5:1; 6:9.
b Понатамошни информации можат да се побараат во книгата Библијата — Божја Реч или човечка?, која можете да ја добиете од издавачите на ова списание.
c Јеховините сведоци радо би ти помогнале во тој поглед. Може да се договори бесплатна домашна библиска студија ако се обратите до издавачите на ова списание или до месното собрание на Јеховините сведоци во твоето место.
[Слика на страница 5]
Достапноста на Библијата на преку 1900 јазици е во согласност со нејзиното тврдење дека е божествено инспирирана
[Слика на страница 7]
Религијата на Библијата ни дава надеж за мирољубиви услови по целиот свет под небеската влада