ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/3 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Што се ангелите?
    Одговор на библиски прашања
  • Ангели — како влијаат врз нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Ангелите — „духови чија должност е да служат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали луѓето стануваат ангели кога ќе умрат?
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/3 стр. 31

Прашања од читателите

◼ Ангелите се духови без материјално тело. Зошто вие на сликите ги претставувате со крилја? Дали е тоа само религиозна традиција?

Обично ангелите ги прикажуваме со крилја поради симболичниот опис во Библијата.

Во право сте кога велите дека духовните суштества немаат материјално тело со буквални крилја, ниту пак имаат раце, нозе или други делови на телото. Меѓутоа, во случаите кога ангелите се појавувале пред Божјите слуги, морале да изгледаат како обични луѓе, инаку би биле погрешно сфатени (1. Мојсеева 18:2, 22; 19:1; Судиите 6:11-22).

Сепак, понекогаш луѓето добивале визии на ангели и ги опишале. Пророкот Езекиел видел ”четири живи суштества“, и во една друга визија ги означил како ангели од редот на херувимите (Езекиел 1:5, NW; 9:3; 10:3). Секој од тие ангели имал по четири крилја кои укажувале на нивната способност да се движат брзо во било кој правец според Божјите заповеди. ”Одејќи не се вртеа; секој се движеше напред (. . .) А одеа онаму кадешто ги тераше духот. И одејќи не се вртеа“ (Езекиел 1:6, 9, 12, Ст).

Меѓутоа, ангелите кои се појавувале во визиите, не изгледале секогаш исто. Ангелските суштества наречени серафими, кои ги видел Исаија, имале по шест крилја (Исаија 6:1, 2). Постојат разлики дури и меѓу Езекиеловите визии. Во првата ангелите имале стапала, раце под секое од четирите крилја и четири лица (како лице на човек, лав, бик и орел). Во следната визија, едно од лицата повеќе личело на она од херувим отколку на бик, очигледно укажувајќи на поголемата моќ на херувимите. Во една друга визија на уредувањето на симболичниот храм, Езекиел видел херувими кои имале само две лица, едно човечко а другото на лав (Езекиел 1:5-11; 10:7-17; 41:18, 19). Во светињата на светињите од шаторот на состаноците, како и во храмот изграден од Соломон во Ерусалим, се наоѓале херувими со по две крилја. Биле поставени на златниот поклопец од Ковчегот на Сојузот. Двата златни херувима гледале со лицето еден во друг и обата имале по две крилја кои се ширеле над ковчегот (2. Мојсеева 25:10-22; 37:6-9). Над ковчегот (и неговиот поклопец) во Соломоновиот храм се наоѓале два поголеми позлатени херувима, од кои секои имал две испружени крилја (1. Царевите 8:6-8; 1. Дневници 28:18; 2. Дневници 5:7, 8).

Јосиф Флавиј напишал: ”Што се однесува до самите херувими, никој не може да каже или да си замисли како изгледале.“ Затоа некои научници и уметници својот опис на ангелите (посебно на херувимите) го темелат на произволни стари Блискоисточни прикази на богови во форма на крилести животни. Меѓутоа, посигурна помош во тој поглед е Езекиеловата напомена дека оние кои тој ги видел ”по изгледот биле слични на човечкиот“ (Езекиел 1:5, Ст). Така, кога ги прикажуваме небеските ангели во нашите публикации, воглавно ги цртаме во човечки облик. Ги прикажуваме со крилја поради бројните библиски описи во кои ангелите имаат крилја и каде за нив се вели дека ”летаат“ (Откровение 14:6; Псалми 18:10).

Конечно, на страница 288 од книгата Откровение — Близу е неговата величествена кулминација!, прикажано е небеско суштество со крилја со круна на главата и со клуч во раката. Тоа е сликовит опис на Откровение 20:1 (Нов свет превод со објаснувања): ”И видов еден ангел како слегува од небото со клуч од бездната и со голем синџир во раката.“ Разбравме дека ангелот со клучот е прославениот Исус Христос. Сликата го прикажува Исус со крилја согласно со фактот дека ангелите во визијата обично имале крилја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели