ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/5 стр. 28-31
  • Дали можеш да бидеш среќен ако многу работиш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали можеш да бидеш среќен ако многу работиш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Извршувањето донесува среќа
  • Биди урамнотежен
  • Практични начини за одржување на рамнотежа
  • Користи го доброто расудување
  • Дали си урамнотежен пионер?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали си презафатен?
    Нашата служба за Царството 1996
  • Мудри совети кои ни помагаат во секојдневниот живот
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • ”Да отфрлиме секакво бреме“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/5 стр. 28-31

Дали можеш да бидеш среќен ако многу работиш?

ПОВЕЌЕТО од нас водат многу активен, често трескавичен живот. Постојаните притисоци на денешниот живот бараат непрестајно да се напрегаме за да бидеме во чекор. Сопрузите и татковците морат да се соочат со притисокот на обврските спрема своите семејства, работодавачите и другите. Сопругите мораат да се грижат за куќните потреби на своите семејства и честопати мораат да работат светска работа. И младите се под притисок да држат чекор со извесни семејни обврски додека се школуваат како би биле подготвени за продуктивна улога во општеството.

Но, како е со нас кои сме го посветиле својот живот на Јехова Бог и кои сме негови крстени Сведоци? Покрај сите други барања кои ни се поставуваат, на нас се однесува и следниот совет од апостол Павле: ”Бараќа мои возљубени, бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господа нема да биде залуден“ (1. Коринтјаните 15:58, NW). Да, многу дополнителни одговорности се дел од барањата за вистинското обожавање. Како можеме да ги исполниме сите тие обврски, да имаме душевен мир и среќни изгледи?

Извршувањето донесува среќа

Среќата — чувство на благосостојба и задоволство — е тесно поврзана со успехот во постапувањето со животните одговорности. Ако сме во состојба да ги исполниме нашите дневни обврски на разумен и успешен начин, извршувајќи ги работите на време и на правилен начин, имаме чувство на исполнетост и задоволство. Така би требало да биде, а резултатот придонесува за нашата среќа.

Намерата на Јехова Бог никогаш не била нашето исполнување на одговорностите да биде тежок товар. Наместо тоа, негова желба секогаш била ’да се веселиме и да го гледаме доброто во секој свој труд‘ (Книга Проповедник 3:12, 13). Кога сме задоволни со нашата работа, обично сме успешни. Спремно ги прифаќаме советите и сме во мирољубив однос со другите. Од друга страна, ако не сме задоволни, нашата работа лесно може да стане мачење — нешто еднолично, тешко, дури и душевно оптоварување. Тоа води до слаби работни навики и негативно расположение. Животот станува секојдневна борба додека се обидуваме да ги задоволиме сите барања што се поставуваат пред нас. Меѓутоа, ако пронајдеме начин да останеме задоволни со она што го работиме, веројатно ќе водиме наградувачки и исполнет живот.

Биди урамнотежен

Ако сакаме да бидеме среќни иако имаме многу да сработиме, треба да бидеме урамнотежени. А што е рамнотежа? Тоа е ”душевна и емоционална постојаност“. Урамнотежениот човек настојува во сите свои активности да биде редовен. Тој планира однапред, избегнува одолговлечување и е умерен во навиките. Покажува самосовладување во храната и пиењето, рекреацијата, во своето хоби и забавата. Всушност, тој покажува ”самосовладување во сѐ“! (1. Коринтјаните 9:24-27; спореди Тит 2:2).

Молитвата игра важна улога во одржувањето на христијанската рамнотежа. Јеховиниот слуга може да моли за Божјиот свет дух и за помош од својот небесен Татко во развивањето на плодовите на духот, вклучувајќи и го самосовладувањето (Лука 11:13; Галатјаните 5:22, 23). Христијанинот би требало да го бара Бог во молитва посебно кога е притиснат во искушенија кои се закануваат да ја нарушат неговата рамнотежа. ”Навалувај го својот пат на Јехова и потпри се на него, и тој ќе дејствува“, рекол псалмистот Давид (Псалми 37:5, NW). Понекогаш можеби треба да молиме како што тоа го правел Давид, кога преколнувал: ”О Боже, поитај ми на помош! Ти си моја помош и спасител; Јахве, не доцни“ (Псалми 70:5, Ст). Никогаш не заборавај дека со молитва е можно да се постигне рамнотежа и да се радуваш на ’Божјиот мир кој ја надминува секоја мисла и кој ги чува нашите срца и нашите мисловни сили‘ (Филипјаните 4:6, 7, NW).

Затоа што се потпира на Јехова и се радува на Божјиот мир, урамнотежениот христијанин е со здрав дух (Тит 2:11, 12). Тоа произлегува од доброто разбирање на библиските начела и нивната примена во животот. Таквиот човек не е лицемерен и непромислен во просудувањето. Разумноста го чува од самоувереност или своеглавост. Тој задржува умерено гледиште за себе и своите способности, а тоа му овозможува да соработува со другите (Михеј 6:8). Интересно е дека тоа обележје да се помага на другите да бидат урамнотежени е и меѓу особините кои се бараат од оние што се поставени како надгледници во христијанското собрание (1. Тимотеево 3:2, 3).

За нашата среќа можеме многу да придонесеме ако настојуваме да бидеме урамнотежени во своите секојдневни активности. Со покажување на особините кои се поврзани со добрата рамнотежа, можеме да ги извршиме неопходните работи без некој тежок физички или емоционален стрес. Нашиот начин на живот ќе одразува поголема постојаност и ќе постигнеме многу повеќе. Другите ќе пронајдат повеќе задоволство во дружењето со нас, а ние ќе доживееме поголемо задоволство и радост. Но, кои се некои практични начини да се задржи рамнотежа?

Практични начини за одржување на рамнотежа

За да ја одржиме рамнотежата, мораме да настојуваме да бидеме точни и организирани во извршувањето на нашите лични работи. Треба да планираме однапред, грижејќи се за работите на среден, систематски начин. На оние на кои им недостасува добра организација и кои се склони да одложуваат, го комплицираат својот живот со пораст на напнатостите и тегобите. Успехот на тоа подрачје ќе ни помогне да бидеме свесни дека ние управуваме со работите, наместо да се чувствуваме дека сме беспомошни жртви на околностите.

Не би требало да се обидуваме сѐ да направиме сами. Оние кои безволно прифаќаат помош од други, често плаќаат висока цена преку исцрпеност и фрустрации. Постојат различни задачи кои можат да се извршат со помош на другите. Значи, мудро е да се извлече корист од способностите на оние кои се спремни да помогнат. Освен олеснувањето на нашиот товар, тоа може да биде охрабрувачки за оние кои сакаат да ни се приближат.

Не е мудро себеси да се споредуваме со оние кои се во состојба да сторат повеќе. Ако се обидуваме да бидеме како оние кои можат да постигнат повеќе од нас, може да биде обесхрабрувачки и кај нас создава чувство дека сме послаби и безвредни. Таквото размислување е разорувачко, бидејќи ја поткопува нашата сигурност и самодоверба. ”Секој нека си ги испита делата свои“, пишувал Павле, ”и тогаш ќе има пофалба само во себеси, а не пред друг“ (Галатјаните 6:4). Запомни дека највреден работник е оној кој ги следи упатствата, кој е постојан и доверлив и кој добро ја извршува работата. Ако сме такви, нашите услуги ќе бидат ценети и барани (Книга Соломонови изреки 22:29).

Треба да водиме грижа за своето здравје. Тоа е еден од нашите највредни поседи, бидејќи без него би биле во состојба да направиме многу малку. Според тоа, би требало да се исхрануваме на прописен начин и да јадеме здрава храна. Мораме да се одмараме кога тоа е потребно така што на спиење ќе одиме во разумно време. Кога сме многу уморни или чувствуваме дека ќе се разболиме, не би смееле да се напрегаме; можеме скапо да го платиме тоа.

Важно е да се чуваме од развивање на дух на приговарање. Ако му дадеме замав на негативното размислување, можеме да пронајдеме нешто погрешно во врска со што и да било или кој и да било. Тоа е сигурен начин себе и другите да се лишиме од радоста. Наместо да озборуваме или се жалиме на она што го сметаме за неисправно, би требало да ги известиме оние кои се одговорни за решавање на проблемот и да им препуштиме на нив да ги поправат работите. (Спореди 1. Коринтјаните 1:10-12.) Ќе бидеме мудри ако задржиме позитивен став, секогаш барајќи и очекувајќи да пронајдеме добро во другите и во настаните кои го обликуваат нашиот живот. (Спореди Јуда 3, 4, 16.)

Во планирањето на своите активности би требало да се сетиме дека налудничавиот чекор може да постави рекорди, но ретко може да се одржува подолго време. Непрестајното преголемо напрегање не само што води до исцрпеност, туку може да донесе и обесхрабрување кое може да ја поткопа нашата одлучност да продолжиме. Значи, да одредиме темпо кое ќе можеме постојано да го одржуваме. На пример, добро е да направиме практичен план за редовно учествување во делото на проповедање од куќа до куќа и во другите видови на христијанската служба. Треба да одредиме време за одмор и изградувачка рекреација. Исто така ќе пронајдеме дека е корисно да разговараме со постарите кои имаат децении искуство, бидејќи тие можеби научиле како да ги извршуваат потребните работи без физички или емоционален напор.

Користи го доброто расудување

Добро е да чувствуваме обврска и желба да ги исполниме одговорностите кои ни се доделени, вклучувајќи ги и оние во рамките на собранието на Јеховиниот народ. Бог е задоволен од вредните, доверливи работници. (Спореди Матеј 25:21; Тит 2:11-14.) Но, Писмото поттикнува: ”Сочувај ја применетата мудрост и мисловната способност“ (Изреките 3:21, NW). Примената на библиската мудрост ќе ни користи. Треба да користиме здрав разум и добро расудување, правејќи точни планови и секогаш останувајќи во границите на своите сили.

Советот да бидеме секогаш богато вработени во делото Господово мора да биде во рамнотежа со предупредувањето од Проповедник 9:4. Таму читаме: ”(...) и куче живо е подобро, отколку мртов лав.“ Да, живото куче, иако презрено од некои, е подобро од мртвиот лав, животно кое многумина го сметаат за цар на животните. Ако покажуваме рамнотежа и правилно водиме грижа за своето здравје, ќе живееме и ќе можеме и понатаму да работиме. Мртвите повеќе немаат никаков удел во каква и да е активност. Доброто расудување исто така може да ни помогне да најдеме разумна рамнотежа која ќе ни овозможи потребните работи да ги извршиме без да ја губиме радоста.

Значи, кога имаме многу работа, тоа не значи дека не можеме да бидеме среќни. Највработените луѓе можат да бидат меѓу најсреќните ако се разумни, ако одржуваат добар став и ако користат добро расудување, така што ќе останат урамнотежени. Можеме да доживееме најголема можна среќа ако покажуваме мудрост, ако правиме добри дела и ако ја полагаме својата надеж во Јехова Бог (1. Тимотеево 6:17-19).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели