ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/5 стр. 29-31
  • Дали си урамнотежен пионер?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си урамнотежен пионер?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Остани духовно јак!
  • Урамнотежување на семејните одговорности
  • Економска урамнотеженост
  • Урамнотежените пионери — вистински благослов
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Пионерската служба ни го зајакнува односот со Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Истрај во пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/5 стр. 29-31

Дали си урамнотежен пионер?

ОЧИТЕ на таткото бликаат од радост додека со раширени раце чека неговата ќеркичка да ги направи своите први, несигурни чекори. Кога таа наеднаш паѓа, тој ја охрабрува повторно да се обиде. Знае дека наскоро ќе стекне рамнотежа и сила.

Слично на тоа, на еден нов пионер можеби му е потребно време и охрабрување пред да постигне рамнотежа која е потребна за да успее како полновремен објавител на Царството. Многу пионери продолжуваат радосно да служат со децении. Некои се исфрлени од рамнотежа поради неочекувани промени во нивните околности. Други, пак, ја губат дури и својата радост. Во една земја, 20 проценти од оние кои започнуваат со пионерска служба престануваат во текот на првите две години од нивната полновремена служба. Што може да го отстрани пионерот од оваа многу радосна служба? Може ли да се стори нешто за да се избегнат такви застои?

Иако лошото здравје, финансиските потреби и семејните одговорности можат да бидат причина некои да ја напуштат полновремената служба, за други пречка било тоа што не успеале да одржат добра рамнотежа помеѓу различните христијански обврски. Рамнотежата укажува на „состојба во која ниту еден дел, елемент, фактор или влијание не претежнува врз друго или не е во соодветен однос со другите“.

Исус Христос им покажал на своите ученици како треба да се извршува делото на проповедање и правење ученици. Во својата служба тој исто така илустрирал на кој начин се одржува рамнотежа. Исус покажал дека на еврејските религиозни водачи им недостигала рамнотежа, велејќи им: „Давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова треба да го правите, а и она да не го оставате“ (Матеј 23:23).

Ова начело подеднакво важи и денес, особено за пионерската служба. Поттикнати од воодушевеност и со добри намери, некои започнале со пионерската служба без целосна подготовка за неа или без да размислат што сѐ вклучува таа (Лука 14:27, 28). Други, пак, толку се внеле во службата на подрачјето што запоставиле некои други важни аспекти на христијанството. На кој начин тие можат да постигнат и да одржат рамнотежа?

Остани духовно јак!

Исус никогаш не ја запоставил својата духовност. Иако масите луѓе што дошле да го слушаат и да бидат излечени барале премногу од неговото време, тој си издвоил време за медитативна молитва (Марко 1:35; Лука 6:12). И денес урамнотежената пионерска служба бара некој обилно да ги користи сите подготовки за да остане духовно јак. Павле расудувал: „Но, како тоа учиш други, а себе не учиш?“ (Римјаните 2:21). Секако дека би било погрешно некој да го исполни сето свое време со проповедање на другите, а истовремено да запостави да си одвои време за соодветна лична студија и за редовна молитва.

Кумико е пионерка веќе две децении. Иако таа има три деца и сопруг кој не е соверник, преку искуство открила дека најповолно време за да чита и да ја проучува Библијата е пред да си легне. Додека проучува, таа особено забележува некои работи што може да ги употреби во службата на подрачјето за да може својата секојдневна служба да ја одржи свежа и интересна. Други успешни пионери стануваат наутро пред сите други членови на семејството за да уживаат во обновување на духовноста во тивките утрински часови. Можеби имаш и други погодни периоди што си ги издвоил за да се подготвуваш за состаноците и да одржуваш чекор со најновите христијански публикации. Ако сакаш да ја одржиш радоста од службата, личната студија не е нешто што може да се прави набрзина или да се запостави.

Урамнотежување на семејните одговорности

Родителите кои се пионери треба да го имаат на ум и тоа дека еден голем дел од „волјата Божја“ за нив вклучува да се грижат за физичките, емоционалните и духовните потреби на нивното семејство (Ефесјаните 5:17; 6:1—4; 1. Тимотеј 5:8). Понекогаш дури и сопружникот кој е соверник и членовите на семејството стравуваат дека нема да добиваат утеха и поддршка од својата сопруга, односно мајка, штом таа започне со пионерската служба. Од таквите чувства произлегува невоодушевен одѕив на нејзината желба да стане пионер. Меѓутоа, со добро планирање и промислување, може да се одржи рамнотежа.

Многу пионери настојуваат да го извршат сето свое дело на проповедање додека домашните не се дома. Кумико, која беше спомената претходно, е заедно со своето семејство додека појадуваат, наутро го испраќа својот сопруг и децата и се враќа дома пред да си дојдат тие. Во понеделниците таа однапред подготвува неколку оброци за да може да биде опуштена и за да руча заедно со семејството наместо да биде зафатена во кујната. Исто така, од помош ѝ е кога истовремено извршува повеќе од една работа во домот, како на пример да работи низ дома додека ги подготвува оброците. На тој начин, Кумико наоѓа време дури и за да ги покани пријателите на своите деца и да им подготви посебни пријатни изненадувања.

Додека децата навлегуваат во своите тинејџерски години, ним честопати им е потребно поголемо внимание од страна на родителите додека се справуваат со новите емоции, желби, сомневања и стравови што ги преплавуваат. За тоа е потребна будност и измени во планот на родителот кој е пионер. Размисли за Хисако, една мајка на три деца, која е пионер. Како постапила таа кога нејзината најстара ќерка почнала да покажува недостиг на радост и воодушевеност за христијанските состаноци и за службата на подрачјето поради влијанието на световните другари од училиштето? Вистинската потреба била нејзината ќерка да ја направи вистината своја сопственост и потполно да се увери дека одвоеноста од светот е најдобриот начин на живот (Јаков 4:4).

Хисако вели: „Одлучив секој ден уште еднаш да ги проучувам со неа основните науки од книгата Живеј засекогаш. На почетокот можевме да проучуваме само неколку минути, а кога ќе дојдеше време за студијата, ќерка ми често се жалеше на големи болки во стомакот и на главоболки. Но, јас редовно ја одржував студијата. После неколку месеци, нејзиниот дух многу се подобри, а после кратко време таа се предаде и се крсти“. Сега Хисако се радува на полновремената служба заедно со својата ќерка.

И татковците кои се пионери треба да внимаваат да не се преокупираат толку многу со помагање на заинтересираните на подрачјето и со своите собраниски одговорности што ќе пропуштат да им ја дадат на своите деца кои растат силната емоционална поддршка и водството што ги заслужуваат. Ова не е нешто што мажот треба да ѝ го префрли на својата жена. Еден зафатен христијански старешина кој долго време е пионер и кој води и мал бизнис, одвојува време да проучува со секое од своите четири деца посебно (Ефесјаните 6:4). Освен тоа, заедно со целото семејство се подготвува за седмичните состаноци. Урамнотежените пионери не ги запоставуваат своите семејства во материјален ниту во духовен поглед.

Економска урамнотеженост

Исправното гледиште за секојдневните потреби е уште едно подрачје на кое пионерите треба да настојуваат да одржат добра рамнотежа. И овде можеме да научиме многу од Исусовиот добар пример и добар совет. Тој опоменал да не се биде премногу загрижен за материјалните грижи. Наместо тоа, тој ги охрабрил своите ученици да го стават на прво место Царството, ветувајќи дека Бог ќе се грижи за нив, како што се грижи и за останатото свое творештво (Матеј 6:25—34). Следејќи го овој добар совет, многу пионери можеле со години да останат во полновремената служба, а Јехова ги благословил нивните напори да го набават ‚лебот за секој ден‘ (Матеј 6:11).

Апостол Павле ги советувал сохристијаните ‚нивната разумност да им биде позната на сите луѓе‘ (Филипјаните 4:5, НС). Се разбира, разумноста би барала да водиме соодветна грижа за нашето здравје. Урамнотежените пионери вложуваат секакви напори за да покажуваат разумност во нивниот начин на живот и во нивниот став кон материјалните работи, знаејќи дека другите го набљудуваат нивното однесување. (Спореди 1. Коринтјаните 4:9.)

Младите кои започнуваат со пионерска служба не треба да ја искористуваат на недоличен начин великодушноста на своите родители. Ако живеат во домот на своите родители, тие би покажале добра рамнотежа и ценење ако учествуваат во домашните задачи и ако работат со скратено работно време што би им овозможило да приложат за трошоците во одржувањето на домот (2. Солунјаните 3:10).

Урамнотежените пионери — вистински благослов

Можеби ти си пионер кој напорно работи за да одржи исправна рамнотежа. Имај доверба. Исто онака како што на едно мало дете му е потребно време за да научи да одржува рамнотежа и да оди, многумина зрели пионери велат дека им било потребно време за да постигнат рамнотежа додека се грижеле за сите свои одговорности.

Ангажираноста во личната студија, грижата за членовите на семејството и обезбедувањето на личните материјални потреби спаѓаат во оние подрачја во кои пионерите тежнеат кон рамнотежа. Извештаите покажуваат дека многу пионери ги исполнуваат своите одговорности на еден извонреден начин. Тие навистина се благослов за другите луѓе и чест за Јехова и за неговата организација.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели