Објавителите на Царството известуваат
Однесување кое ја краси нашата христијанска служба
АПОСТОЛ Петар ги предупредува христијаните: ”Задржете го своето добро однесување меѓу народите“ (1. Петрово 2:12, NW). Апостол Павле покажува дека со нашето добро однесување ние ’ја украсуваме науката на нашиот Спасител, Бог, во сѐ‘ (Тит 2:10). Јеховините сведоци по целиот свет уживаат добар глас поради доброто однесување. Забележи неколку примери.
Учителот импресиониран од доброто однесување
◻ Подружницата на Друштвото Стражарска кула во Костарика известува дека голем број млади луѓе во таа земја даваат добри примери. Еден брат кажува што го привлекло кон вистината. Тој раскажува: ”Она што најмногу ме привлече беше доброто однесување и кај младите и кај возрасните, но особено кај младите. Додека работев како наставник, имав прилика одблизу да ги набљудувам Сведоците во моето училиште. А кога живеев во една куќа со семејство од Јеховини сведоци, го набљудував и однесувањето на децата.
”Не можев а да не ја забележам разликата помеѓу учениците кои беа Сведоци и другите ученици во моето училиште. Сведоците беа секогаш точни и добро се однесуваа, никогаш не лажеа и секогаш ги извршуваа своите задачи. Исто така забележав дека беа чесни кога беа испрашувани, дури и покрај тоа што останатите ученици воглавно препишуваа. Освен тоа, беа многу учтиви и полни со почитување кон мене како нивни наставник. Импресиониран од младите Сведоци во училиштето и во куќата каде што живеев, почнав да ја испитувам оваа религија и најпосле ја прифатив вистината.“
Добри резултати од христијанското однесување на конгресот
◻ Еден Јеховин сведок од едно собрание во западниот дел на Ел Салвадор посакал да ја сподели добрата вест за Царството со своите двајца телесни браќа. Едниот послушал и почнал да ја студира Библијата со Јеховините сведоци. Другиот брат припаѓал на Евангелистичката црква наречена Кнез на мирот, и тој му рекол на својот брат: ”Немој да ми зборуваш; ти им служиш на интересите на Ѓаволот.“
Кога дошло време за обласниот конгрес, оној кој што студирал го поканил својот брат за појде со него на конгресот. Братот рекол: ”Во ред, ќе појдам; Ќе одам само за да видам каде можам да ги уловам Сведоците.“ Двајцата браќа присуствувале заедно на конгресот. Големиот број присутни и добриот ред на конгресот оставиле впечаток кај Евангелистот, кој рекол дека никогаш порано не видел такво нешто. ”Кога дошол дома, му рекол на својот брат: ”Дај ми ја раката.“ ”Што треба ова да значи?“ ”Само дај ми ја раката“, повторил овој. Си стиснале рака, а братот кој припаѓал на Евангелистичката црква изјавил: ”Од сега натаму ќе одам да студирам со Јеховините сведоци. Навистина, не сум знаел што пропуштам.“ Сега и тој е активен и ревносен објавител на добрата вест за Божјето Царство.